Симо? Капалка помага или е маркетинг?
Нема зијан од капалка.
Во суштина, бензинот има доста нуспородукти кои оставаат талог во комората за согорување и врз издувните вентили, па просторот помеѓу вентилот и издувниот канал останува заштитен. Покрај тоа, плинот пошто се внесува во гасовита форма во цилиндерот, нема моќ дополнително да ја олади комората, за разлика од бензинот кој тоа го прави кога ќе се внесе во течна форма во цилиндерот.
Колку таа капалка може да помогне во изедначување на својствата на ЛПГ со бензин, не знам. но знам дека кога би имал мотор кој е проблематичен за плин заради рецесија на вентилите, би ставил и капалка, па дури и би ја збогатил смесата со малку повеќе плин (rich burn има пониска температура од lean burn).