Јас па некако ептен сум загреан да ја спуштам границата на 3000 рпм за да прска бензинче.
Правев некој пресметки, и не е воопшто страшно, дури мислам дека ќе биде неприметлливо по џеб.
Пример.
Низ град и на релации кој најчесто ги возам, до работа, до Сити мол, Градски парк, сите не подолги од 5 км преку сила, цело време тргни застани, дали 5-6 пати ке отидам над 3000 рпм, што би се рекло ќе потроши ич бензинче.
На отворено, на дадена релација од 350 до 400 км, негде до плажите низ Грција, пак исто, третина од патот, да речеме, клисурата пред Велес, Демиркаписка клисура, после дрнкање по граници и по гужвите на обиколница во Солун плус по краците во грција, цело време колата би возела на плин,зошто по овие места практично возам 80-100 км/ч, остатокот од километрите сум над 100 км/ч или над 3000 рпм, (кај мене на 3000 рпм е рамно 100 км/ч). Е сега во тие 200 км во кој сум над 3000 рпм, колку бензин може да потроши, ако е 10%, тогаш ќе биде 600 -700 грама на 100 км или 1,2 до 1,4 литри во еден правец и уште толку на враќање.
Муабетот ми е дека не е некоја цифра за потресување, ако тоа е доволно за да се заштити моторот.
Малку затупев со пресметки ама мислам дека ова е корисно за луѓе кој се мислат да стават плин, на возила кој се осетливи на истиот.