Обичните, белите, прозирните се околу 100 и нешто денари...Другите бои се поскапи.
Има и специјални крстови, пластични кои се редат помеѓу нив, се продаваат исто така во Мега, или Меркур, кај сакаш оди гледај. Имаше и во Хубо, дали ги има сеуште незнам.
Мајстор не знам, јас сам си ги зидав.
Имаш и еден куп туторијали на интернет како се зидаат. На секој втор ред, во зависност од ширина и висина, треба да ставиш арматура. Кај мене дупките беа околу 1,6м а широки околу 40 цм, па јас ставав на секој втор ред по 6-ка арматура. Инаку можеш да ги зидаш со бел цемент, или пак со бел лепак за плочки. После тоа фугираш.
Ако ги правиш сам, рачунај дека една коцка е со димензии 19х19цм, а притоа меѓу нив фугата е околу 1цм.
Ако нешто не ти е јасно, знаеш кај сум, имаш број, помини па ке ти објаснам
