Одличен совет кој не го знаев и најверојатно ќе ги оставев така - ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ.
Дали истиот совет важи и за внатре? Да ги излупам само однадвор или ќе има проблем и внатре ако стојат? За сончевата топлина ли се работи?
Вадииии....И внатре поише од месец дена ако стојат, останаа. Полесно е да залепиш најлони и креп трака при малтерисање, отколку да се каеш цел живот зошто не ги одлепи фолиите...Ни со ацетон не се вадат..Пластиката ке ја растопиш, они ке останат...
Вади, ич да не се мислиш и да не слушаш комшии: Оти бе море ги извај фолиине, сеа ке ти се испрљаат прозорцине....
Прљавото се чисти, фолијата-мало сутра....
Момци што препорачувате за под вие,паркет или патос,мене патосот ме влече повеќе,каде има квалитетен патос во Скопје а и мајстор за да го намести.
Зависно од понатамошна употреба.

Патос е релативно тежок за оддржавање. Многу е мек и лесно се оштетува. Јас сум голем љубител на дрвото, и посебно на бојата на патосот, па и покрај сите тие такви негативни работи се решив за него...Имам 3 слоја на лак со што малку од малку го направив да биде поцврст. На сите столици, кревети и маси имам залепено онакви како теписончиња што се, заштити...Инаку во зависност од квалитетот на лакот, така и ке ти се однесува на гребење, бла бла бла...
Паркетот е многу поцврст, самото дрво е тврдо...Треба да имаш кошулица, минимум месец дена созреана и одстоена,па после да се реди паркетот. Истото важи и за лаковите и лакирањето...
Јас мојот патос сам го монтирав, и не би знаел да ти препорачам добар мајстор.
Паркет имам човек кој монтира (не сум видел но ми рекоа дека е добар), истиот тој кој ми го стружеше и лакираше патосот и сум задоволен од него.
Патосот по мене беше најквалитетен во Мега Куманово..
По цената и квалитетот, јас се одлучив за него...Можеби некаде да има и поквалитетен, но тоа е тоа...Австриски квалитет и солидна цена, 10е за по квадрат, тоа е тоа...
Овде имаш комплетно објаснето како течеше цела процедура:
http://www.elitemadzone.org/t473478-0#3453352Поздрав...