Убаво ви вика Александар. Подобро полесна врата од колку тешка.
Потешките врати најчесто не можат да се намонтираат како што треба. Заради тежината нашите мајстори монтираат повеќе шарки и тие не можат да ги нивелираат како што треба.
Во прво време ќе биди супер, ама после некоја година, пак на штеловање.
Мака мачат со огноотпорните врати производителите.
nc
Потешките врати незнаат да ги монтираат. НЕЗНААТ, односно несакаат. За да монтираш врата треба време и треба материјал. Јас за 6 врати потрошив 8 пурпени. Мислиш дека некој ке потроши толку за да намонтира 6 врати? Најчесто 6 врати монтираат со преку сила 2 пурпени. И тоа оние најефтините. Значи 60 евра за монтажа на 6 врати + 2 путпени излегувба 65 евра. Е мене ме чинеше монтирањето 8 пур пени монтажни, што не експандираат односно К2, околу 40 евра. Работна рака јок.
На секоја врата има по 2 шарки и тие шарки се сосема доволни за да ја држат вратата без никаков проблем.
Ти си имал искуство со огнеотпорни врати, а јас имам со оловни.
Дали си сретнал врата тешка 150 кг? Врата која ја креваат 4-рица? На 4 шарки, германско производство? Идеално затвара се штелува без никаков проблем а толеранција помеѓу касата и вратата е по 2мм од секоја страна. Сакаш слика?
Врата од чисто железо обложена со олово од 2 мм. Широка 120цм, висока 2.05.
4 шарки, треба сила за да ја отвориш и затвориш. Одлично функционира со секојдневно отварање и затварање во сала за ангеографија. Монтирана на метална каса која се држи на зид од гипс картон. Сакаш слика?

@aleksandarbt
Некој луѓе што ти кажаа дека одговори дека си се нашол у муабет имаат прочитано литература за врати, начин на изработка, лепење на фолија, лакирање, изработување и монтажа, имаат остварено контакти директно со производители и тоа од реномирани фирми и контактирани директно со производство.
Медијапан (кај нас најчесто лесонит табла од 800 денари) исполнет со хартија и залепен на чамови летвички кои се продаваат по цена од 3000 до 12 000 денари не ги сметам за врати, туку за сра*е, извини на израз.
Незнам какви врати ти си произведувал, па за да можам да коментирам за нив, но од она што го видов како производ, се што беше мејд ин маседониа, беше тотално ѓубре. Единствено имаше врати во проспера од Бугарско производство и нормална цела од 7000 денари кои се двоеа во понудата и палетата.
Следни беа Леснина, Гашпер па вратите на Роллпласт. Моите критериуми ги задоволија тие врати кои ги постирав во погорниот линк. Критериумите за избор при купување многу од членовите кои ме знаат, меѓу кои и 8-ца, верувам дека ги знаат.
Сепак попрво би одбрал производ од германско производство кој се пласира во цел свет со милион сертификати, со милионски тираж, со загарантиран квалитет одколку некоја врата изработена во гаража за минимална разлика во цена за која можам да се каам цел живот.
Некој праша што може да добие како квалитет во поглед на цена.
Доби линк, доби име на човек за контакт, доби ориентациони цени, изборот е негов.
