Автор Тема: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...  (Прочитано 730423 пати)

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 345
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6195 на: 24 Август 2024, 21:25:45 pm »
Сега ти треба нова облека.  :)
Како намали 20кг? Стрикна диета/план на исхрана?
Калориски дефицит. Мора да си во дефицит од енергија за да го натераш телото да искористува резерви т.е сало.
2000калории - одржување кг и тоа е базален метаболизам за живот
Над 2000 си суфицит - се шо е вишок оди во резервна енергија т.е сало за "кога ќе затреба" ако си некогаш во гладување (калориски дефицит).
Под 2000 - трошиш складирана енергија т.е сало, го ставаш телото во режим на топење масти

1гр јаглехидрати - 4 калории
1гр протеини - 4 калории
1гр масти - 9 калории

Јаглехидратите особео брзите шеќери  а и спорите предизвикуваат дебелеење најмногу. Во моментот те заситува со енергија после ти ја црпи дупло, затоа и дремка не фаќа поске јадење благо или леб, компир, ориз, инсулинот работи да го спушти шеќерот во крвта, кога ќе го нормализира чувстуваме сува плунка и глад, ама тоа нее глад туку паднат шеќер кој бил претходно вивнат. И така нон стоп трупаме празни калории и шеќери а не ни требаат, складиштата во муслкулите и црниот дроб се заситени, вишокот енергија нема кај да оди, мора да избие некаде, а тоа се липидите т.е во сало. А мастите и протеините не прават инсулин спајк и заситуваат на подолгорочен период.

Исфрли кондиторски производи, преработени производи, бели пецива, сокови и алкохол  Брои калории и биди во дефицит барем -500 за побрзо слабеење, внесувај 1500 калории..Прво телото ќе ја исфрли задржаната вода и на вага ќе гледаш минус, е тука треба да си истраен и да продолжиш со дефицитот за телото да почни да топи и сало. Е лошо е шо истовррмено со салото ќе почниш да топиш и мускул зошто секое слабеење е такво. Ама затоа ќе јадиш повеќе протеини како месо било какво и ќе вежбаш со тежини за да не губиш многу на мускул. Протеините се градежни блокови. Помалце ќе јадиш јаглехидрати.

Јас со дефицит ослабев 37 кила за 1 ипол година. На почетокот и не броев толку ама последните 5 месеци броев и симнав рекордна кг. Ама стопив и мускул а не вежбав. Сега вежбам, качив на килажа и маса, ама во оваа кг тежи и мускулот а пред 2 год на истата кг тежеше само салото.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6196 на: 24 Август 2024, 21:33:40 pm »
Сега ти треба нова облека.  :)
Како намали 20кг? Стрикна диета/план на исхрана?

По мојот есап, близу 27.

Многу физичка активност, леб и благо комплет исфрлени од конзумирање, алкохол комплет исто, а газирано само Зеро.

А за облека, да не правиме муабет. Околу 1500 евра имам фрлено за гардероба последните 3-4 месеци.

Едит: килажата е симната за неполни 6 месеци, for the record.
Одлично е тоа, продолжи со физичка активност каква и да е, ако не идеш во теретана, размисли и за тоа. Благото е тоа што јебе секогаш, како и другите нездрави извори на јаглехидрати. Чим 6 месеци си истерал, мислам дека нема да се вратиш на благо пак. Кришка интегрален леб на ден не е на одмет. Скини ја и кокаколата скроз, освен некад за мерак, не ти треба ни зеро ни лајт.

Кока Кола пијам многу, ама безобразно многу. Речиси 2 литри дневно.

Ама па мислам дека тоа ми е единствено нешто што помогна / ме натера да ослабам, т.е. бар некој од "пороците" што се штетни продолжив да го консумирам, да не се ускратам од сѐ.

А инаку знам дека претерувам...

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4200
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6197 на: 24 Август 2024, 21:39:26 pm »
Полека, ќе се откажеш и од тоа, само ти треба време :)

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
  • The best or nothing.
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6198 на: 24 Август 2024, 21:45:20 pm »
Дизел, консултирај се со доктор на тема "зиро шугр сокови".
Во кус муабет со доктор, ми објаснуваше дека "зеро" пијалоците се по-штетни од нормалните сокови. Те аспартан, те едно, те друго. Ама не ме интересираше муабетот, и онака од култура слушав.

А за алиштата, знам која мака е. Вметни и вежби од физичко. Стомачни/склекови/чучњеви.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6199 на: 24 Август 2024, 21:51:23 pm »
Дизел, консултирај се со доктор на тема "зиро шугр сокови".
Во кус муабет со доктор, ми објаснуваше дека "зеро" пијалоците се по-штетни од нормалните сокови. Те аспартан, те едно, те друго. Ама не ме интересираше муабетот, и онака од култура слушав.

А за алиштата, знам која мака е. Вметни и вежби од физичко. Стомачни/склекови/чучњеви.

Знам, слушани ми се муабетите. Јеби га, тоа е.

Немам дисциплина јас за вежби, теретани и слично.

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1904
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6200 на: 24 Август 2024, 22:21:00 pm »
-Бензин појачај сексот да топи још јаче по брзи ефекти по можност овие по искусни +48 шо се значи манекен ке те напари вметни во програмата јебеш тоа трчање по ова спарина по кејот мани тоа само секс више калории троши.Ние слабите па мака имаме мислат на хероин сме отопени цепај тафталиџанка проверено ефикасно навремено

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6201 на: 24 Август 2024, 22:50:39 pm »
Ја мисла и тулумби да јадиш ако си дефицит ќе ослабиш. Внес- излез, то е. А мојш да изејш многу поќе него што рошиш. 

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6202 на: 12 Септември 2024, 20:01:58 pm »
Без коментар.

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1070
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6203 на: 15 Септември 2024, 21:00:57 pm »


Од шесто одделение не сум бил испод 100 кила, или ти по нашки "лек маШ".
Колку си висок исто така е битно, не само колку си тежок  :D

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 345
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6204 на: 17 Септември 2024, 08:30:39 am »
9 месеци сум во теретана со секојдневно лифтање до сега освен во неработни денови и секој ден вежбање на различна мускулна група. Моментално на вага сум 76кг. Пред 3 години имав 92кг чисто сало, се исчистив и спуштив на 60 за пред 9 месеци почнам со вежбање активно и повторно качување на килажа ама сега на друг начин. Висок сум 173-174см. Првично планов ми беше да одам до 78-80кг, но пак како шо се гледам малце ми се, раце, рамо, гради оформени ми се, грб, ама пак се гледам слаб иако 76кг е озбилна кг за висината. Од една страна си викам шо ќе биде ако одам пак до 85-90 или 100кг  ;D Ама од друга страна психички ми се враќа сликата од пред 3 години, иако сега оваа кг и таа кг нее иста. Маса е мама, али лошо е ако премини во дебелина. Еден братучед шо ми беше ко инструктор ми вика таква е оваа работа, уште 5 уште 5 и пак ќе се гледаш слаб. Тој е 195см висок и 110кг.

Од храна не јадам прости и брзи јаглехидрати, џанк фуд итн. Јадам многу риба, месо, кашкавал, овошје умерено, зеленчук, јаглехидрати скроб, путер од кикирики, ете еднаш во 2 месеци ако каснам и скара. Еден другар в теретана вика твојот булк е мојот cut. Од суплементи само Whey Protein, земав и Л Глутамин и БЦАА али сега не, го има во протеинов. За креатин не сум се одлучил, ме предомислија. Друга храна не јадам ништо, ама баш ништо, ниту пијам, пијам само вода и млеко. Мислења?
« Последно менување: 17 Септември 2024, 08:37:48 am was »

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6205 на: 17 Септември 2024, 08:32:09 am »


Од шесто одделение не сум бил испод 100 кила, или ти по нашки "лек маШ".
Колку си висок исто така е битно, не само колку си тежок  :D

Последен пат кога се мерев, 194 цм.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
  • The best or nothing.
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6206 на: 29 Септември 2024, 20:20:31 pm »
Има ли прирачник/веб страна/план, за calisthenics ? Со што да се почне, зголемување на репетиции, итн.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 942
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6207 на: 29 Септември 2024, 22:11:57 pm »
Дизел, консултирај се со доктор на тема "зиро шугр сокови".
Во кус муабет со доктор, ми објаснуваше дека "зеро" пијалоците се по-штетни од нормалните сокови. Те аспартан, те едно, те друго. Ама не ме интересираше муабетот, и онака од култура слушав.

А за алиштата, знам која мака е. Вметни и вежби од физичко. Стомачни/склекови/чучњеви.

Аспартамот е во иста класа на канцерогени со мобилен телефон. Не е толку страшно колку што го прават.

Количеството на аспартам што треба дневно да го внесеш за да ти предизвика било какви штетни реакции е еквивалентно на 300 лименки Кока Кола Зеро. Две на ден нема ништо да ти биде. :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6375
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6208 на: 01 Октомври 2024, 11:53:38 am »
Има ли прирачник/веб страна/план, за calisthenics ? Со што да се почне, зголемување на репетиции, итн.

Има, ама реално правиш колку што можиш. Плановите се чиста глупост, фатил некој во ексел бројки од памет внесол.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6209 на: 01 Октомври 2024, 12:01:20 pm »
da vezbash kako shto kje ti dojt kalistenik ?
ja ne se snajdov. Imalo nekoj "funkcionalen fitnes" ama mn mi se vide 1800... da go eb*am.