Од искуство ти кажувам....не можев со време да се престројам во лентата за лево, едноставно не ме пропушти никој (уште додека беше испрекината линија, не непосредно пред или на раскрсница), веќе бев во движење, проценката ми беше подобро да поминам на раскрсницата со свртување лево....ме видоа полицајци со Јети и тргнаа по мене, ме застанаа, ми кажаа ова ти е поминување на црвено светло, почнав да им објаснувам за престројувањето па за среќа поминав со усна опомена.
Реално, мислам дека беа во право, ти ја поминуваш белата линија (стоп) пред црвениот семафор, веќе си го поминал семафорот, без разлика што после вртиш лево.