Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 87338 пати)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1923
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #615 на: 25 Декември 2025, 13:05:19 pm »
@Filip MK да биле сигурни дека треба да ти пишат казна за поминување на црвено, ќе ти пишеле. Сигурно би знаеле по кој член требало да ти пишат казна за поминување на црвено. Но не биле сигурни точно кој прекршок си го направил и те пуштиле оти си поминал на зелено :) Не верувам дека би пропуштиле да казнат обичен граѓанин за поминување на црвено (освен ако немаш ѕвонето некаде).

@DarthJe5us Случката е од вчера. А дека го прават луѓе секојдневно тоа, нема збор. Се надевам ќе го средат и тоа однесување со камериве.

@balanar случката е следната: семафорот за лево е зелен, за право е црвен. Ти се наоѓаш во лентата за право, но вртиш лево за каде семафорот е зелен. Реално не поминуваш на црвено, но треба да има прекршок со погрешно престројување или сл. Оти работава иди дека будали се тие што се во точната лента каде на последните во колоната ќе им се запали повторно црвено светло на семафорот.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30615
    • CARclub.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #616 на: 25 Декември 2025, 13:15:17 pm »
Оти не поминуваш на црвено туку на зелено. Не возиш право да ги попречиш и загрозиш тие од спротива кои вртат лево. Нема логика казната да биде иста како да си поминал на црвено и директно да си ги загрозил тие од спротива.

Според тебе ако има полиција во моментот и те застани, ќе ти пиши казна за поминување на црвено светло и ќе ти ја одземат возачката?

Впрочем да не се разбериме погрешно, воопшто не го оправдувам ова однесување. Но ете и ова го гледам како фалинка на системот.

И самиот кажуваш дека зеленото за лево и зеленото за право не се истовремени.

Поминуваш на црвено затоа што на твојата лента е црвено. И тука завршува муабетот. Ти си прошол од твојата лента на црвено, тоа што понатаму си решил погрешно да се престроиш, може само да ти дојде како додаток на скупоќа, па да ти залепат казна и за проаѓање на црвено и за неправилно престројување.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2760
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #617 на: 25 Декември 2025, 13:27:09 pm »
Класен, по твојава логика - сите што имаат зелено за право, можат да одат и лево (иако за лево има посебна лента на која има вклучено црвено).
Бидејќи нели - си ја прошле нивната лента на зелено. Е тие што чекаат лево - будали се?  :)

Ај сега замисли го обратното - за лево имаш зелено, а за право имаш три ленти што чекаат на црвено. Ти од лево фаќаш право јер ти се може.
Ќе го јадеш за минување на црвено, иако твојата лента била зелено.

И да не ги мешаме работите - менување на сообраќајна лента се однесува за насока во ист правец, не за менување правци во лева или десна насока.
Не постои погрешно менување на лента на крстосница, ако се оди лево или десно. Постои погрешно престројување.
« Последно менување: 25 Декември 2025, 13:35:44 pm balanar »

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15120
  • Пудингот на шоферството
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #618 на: 25 Декември 2025, 13:33:16 pm »
I postoi zakon koga e zabraneto prestrojuvanje.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30615
    • CARclub.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #619 на: 25 Декември 2025, 13:40:45 pm »
Не, тој што има зелено за право, смее да вози само право. Лента право за право, лента лево за лево. Не е комплицирано. Тоа што ние си измислуваме ад хок правила бидејќи така ни одговара или некои семафори се несоодветно димензионирани (на пример, семафорот кај од кај Педагошка за лево на Партизанска кон Лептокарија), тоа е друго.. Можно е да не се сеќавам точно, ама колку што ми текнува, начелно правилото е дека треба раскрсницата да ја напуштиш во истата лента во која си влегол. Како да се сеќавам на таква инструкција од инструкторот на времето.

случката е следната: семафорот за лево е зелен, за право е црвен. Ти се наоѓаш во лентата за право, но вртиш лево за каде семафорот е зелен. Реално не поминуваш на црвено, но треба да има прекршок со погрешно престројување или сл. Оти работава иди дека будали се тие што се во точната лента каде на последните во колоната ќе им се запали повторно црвено светло на семафорот.

Не, не се будали. Им се запалило црвено светло. Ќе си чекаат. И тоа е океј.

Ај сега замисли го обратното - за лево имаш зелено, а за право имаш три ленти што чекаат на црвено. Ти од лево фаќаш право јер ти се може.
Ќе го јадеш за минување на црвено, иако твојата лента била зелено.

Си почнал во твојата лента за зелено, си влегол во друга лента во која е црвено. Си поминал на црвено. Во едниот случај, проаѓањето на црвено го правиш прво, во другиот случај „второ“. Ама пак имаш проаѓање на црвено.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2760
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #620 на: 25 Декември 2025, 13:48:04 pm »
Да да, така пишав и јас првично (зелено за право, црвено за лево, а ти одиш лево - пак си прошол на "нечие" црвено).

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 667
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #621 на: 25 Декември 2025, 13:48:40 pm »
Можно е да не се сеќавам точно, ама колку што ми текнува, начелно правилото е дека треба раскрсницата да ја напуштиш во истата лента во која си влегол. Како да се сеќавам на таква инструкција од инструкторот на времето.

Да да, забрането е престројување сред раскрсница, што многу го прават... и тоа без жмигавец (скапа е течноста за жмигавци изгледа)...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #622 на: 25 Декември 2025, 14:30:41 pm »


До црвената линија смееш да се престројуваш. После црвената (полна линија) не смееш.

Можно е да не се сеќавам точно, ама колку што ми текнува, начелно правилото е дека треба раскрсницата да ја напуштиш во истата лента во која си влегол. Како да се сеќавам на таква инструкција од инструкторот на времето.

Апсолутно. Се влегува во раскрница на зададената лента, излегуваш од раскрсница на соодветната лента по свртувањето. После можеш кога е дозволено да смениш ЕДНА лента, а не камиказа во крајна лента. Кај нас треба да стават на сите раскрсници онакви испрекинати траки за луѓето го сфатат тој момент. Скоро секаде е тоа така решено.
« Последно менување: 25 Декември 2025, 14:39:31 pm Carpathian Lord »

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7208
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #623 на: 25 Декември 2025, 14:51:39 pm »
Значи решението е вртиш лево од лента за право ко ќе ти е зелено за право а црвено за лево. Нема казна така.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2517
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #624 на: 25 Декември 2025, 16:32:25 pm »
Мене ме имаат казнето за престројување непосредно пред семафор. 35 евра е казната или 17.5 евра први 8 дена. Полицаец може да те казни и за поминување на црвено светло и за горенаведеното. Камерите мислам дека ќе казнуваат за црвено по логика. И тука сатарот да се удри!

П.С Јас си заслужив казна за на црвено и чиста среќа што ме казнија за престројување. И таа ќе си ја платев ко попче и ќе си однесев возачка да ми упишат забрана.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2120
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #625 на: 26 Декември 2025, 11:14:02 am »
Изгледа уште не им се наштелувани толеранциите што ги збореше министерот а може и се ако ме лаже мојата километража, возев 56 ми стигна за 51 прекршок

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2815
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #626 на: 26 Декември 2025, 12:55:15 pm »
Можеби нешто сум пропуштил.....ќе се „копира“ толеранцијата од радарите, тоа во ред, тоа беше и едн од поглавните барања на возачите....мене друго ме интересира, толеранциајта кај радарите.

Возиш на булевар 55 км/ч а дозволено е 50км/ч, радарот ако те регистрира со 55км/ч, дали во тој момент сигнализира дека правиш прекршок или не алармира затоа што си во прагот на толеранција? Ако те стопираат во ваква ситуација, дали ти пишуваат казна или не те стопираат затоа што си во толеранција?
Своерачен потпис ;)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20379
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #627 на: 26 Декември 2025, 16:07:42 pm »
Камерите сеуште не им се подесени толеранцијата да ја земаат во предвид.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • The Spartan General
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #628 на: 26 Декември 2025, 16:08:55 pm »
А зошто камерите би биле подесени? Камера како камера снима, целиот систем е друга работа.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20379
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #629 на: 26 Декември 2025, 16:10:31 pm »
Мислев дека беше јасно на што мислам. Семантика.