Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 87558 пати)

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 210
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #600 на: 24 Декември 2025, 20:33:20 pm »
Кревајте ги лимитерите до 56 км/ч за низ град

Sent from my SM-S918B using Tapatalk


Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7654
  • French diamond
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #601 на: 24 Декември 2025, 21:03:04 pm »
Штета, сега ќе треба и овие форумските деви да потрошат малку појќе гориво и да возат 50, наместо 40.  Со тие 200€ можев да ви донирам некое литро гориво  да не се влечите ко полжави по улици, ама ете, не ми текна на време  ;D

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #602 на: 24 Декември 2025, 22:51:06 pm »
Тоа е тоа што го зборевме, дека мора да има барем одредена отстапка. Конечно прифатија откако почна поголемиот дел од народот да се буни. Да си ќутеа сите ќе го оставеа да не ремпа со 51.

Жал ми е за садомазохистите што го мразат народов и се влажнеа на уште построги мерки. Сигурно се длабоко потресени сега и ќе бидат вознемирени кога ќе ги помине некој со 55 км/ч.

Цитат
12 километри на час за брзини над 200 км/ч.
Баш ме интересира во кои случаи важи ова и колкава е толеранцијата за брзини над 300 км/ч.

Отсутен andov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 123
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #603 на: 24 Декември 2025, 23:22:43 pm »
Тоа е тоа што го зборевме, дека мора да има барем одредена отстапка. Конечно прифатија откако почна поголемиот дел од народот да се буни. Да си ќутеа сите ќе го оставеа да не ремпа со 51.

Жал ми е за садомазохистите што го мразат народов и се влажнеа на уште построги мерки. Сигурно се длабоко потресени сега и ќе бидат вознемирени кога ќе ги помине некој со 55 км/ч.

Цитат
12 километри на час за брзини над 200 км/ч.
Баш ме интересира во кои случаи важи ова и колкава е толеранцијата за брзини над 300 км/ч.
Ради тие 51 почна да се вози 20 испод низ град..

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #604 на: 24 Декември 2025, 23:35:07 pm »
Конечно прифатија откако почна поголемиот дел од народот да се буни. Да си ќутеа сите ќе го оставеа да не ремпа со 51.

Знаеш дека не е така нели?
Бунел народот или не бунел ќе си беше исто како постоечкиот пропис што кажува, до 100км/ч толеранција од 6 километри на час, од 100 па нагоре толеранција од 8км/ч.
Само пошто е модерно во државава наместо да се работи нешто да се кука за све и свашта од зад тастатура па се крена фама сосем непотребно. Нормално, им годеше тоа на троловите уз винце и чварки

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18022
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #605 на: 25 Декември 2025, 02:26:49 am »
Тоа е тоа што го зборевме, дека мора да има барем одредена отстапка. Конечно прифатија откако почна поголемиот дел од народот да се буни. Да си ќутеа сите ќе го оставеа да не ремпа со 51.

Жал ми е за садомазохистите што го мразат народов и се влажнеа на уште построги мерки. Сигурно се длабоко потресени сега и ќе бидат вознемирени кога ќе ги помине некој со 55 км/ч.

Цитат
12 километри на час за брзини над 200 км/ч.
Баш ме интересира во кои случаи важи ова и колкава е толеранцијата за брзини над 300 км/ч.

Некаде прочитав дека радарите што ги користи полицијата во Македонија мерат до 295 км/ч, па затоа и не е предвидена отстапка за поголема брзина од 300. Фактички, отстапка за над 295 км/ч е се од 296 па до 490.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7208
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #606 на: 25 Декември 2025, 07:35:16 am »
Цитат
12 километри на час за брзини над 200 км/ч.
Баш ме интересира во кои случаи важи ова и колкава е толеранцијата за брзини над 300 км/ч.

Само во ретардирани случаеви важи, кога на 130км/ч ограничено и ти возиш 200км/ч и ти толерираат до 212км/ч за да не фатиш блок4 од 70+ и 6-12 месеци забрана, туку само 3-12 месеци.
Овде не треба никаква толеранција, ама то е.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1923
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #607 на: 25 Декември 2025, 08:29:59 am »
Според ова што изјавил министерот, ако те слика камерата со 62 км\ч казната ќе биде 10 евра, нема да биде 45 евра. Што е прифатливо, бидејќи за да биде 45 евра треба да возиш 67 км/ч (или 70+ според километраж).

Километражите на таа брзина покажуваат 3-4 км/ч повеќе, значи може да се движеме во рангот од 50-55 без казни, што е ок брзина. Но ретко кога ќе биде возможно тоа од уплашени луѓе кои ќе прават гужви на булеварите.

На семафор каде има посебна лента за лево, а други 2-3 ленти за право на кои зеленото светло не им е истовремено (пример мајчин дом), ако од лента за право свртиш лево (како што често има случаи за да не чекаат во ред), камерата слика како да си поминал на црвено светло. Што е во ред за овие што се курнази, но оваа казна сигурно паѓа на суд бидејќи за погрешно престројување (менување лента) казната е 50тина евра, а за црвено многу поголема и има одземање на возачката.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55238
  • Махер
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #608 на: 25 Декември 2025, 08:47:11 am »
Конечно прифатија откако почна поголемиот дел од народот да се буни. Да си ќутеа сите ќе го оставеа да не ремпа со 51.

Знаеш дека не е така нели?
Бунел народот или не бунел ќе си беше исто како постоечкиот пропис што кажува, до 100км/ч толеранција од 6 километри на час, од 100 па нагоре толеранција од 8км/ч.
Само пошто е модерно во државава наместо да се работи нешто да се кука за све и свашта од зад тастатура па се крена фама сосем непотребно. Нормално, им годеше тоа на троловите уз винце и чварки
Апсолутно точно. Уште вториот ден се напомена дека ќе има толеранција, само требаше да утврдат колку ќе биде. Се разбира дека немаше да стигаат казни за 51кмч. Затоа и постоеше тест период, за да се испопроверат сите овие работи и да се види како ќе работи. А и не знаев дека имале „обичните радари“ толеранција од 6кмч, па овие ќе имаат „исто“.

Јас само забележувам дека 6-10 раскрсници се секое сабајле блокирани од полиција и 90% од гужвата доаѓа од тоа. Никаква врска со камери. Денес за чудо немаше полицајци на тие раскрсници, и сообраќајот беше ред величини порастеретен во однос на претходните денови кога имаше полицаец.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6971
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #609 на: 25 Декември 2025, 08:50:02 am »
Се знае каде е проблемот, констатирано е.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2815
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #610 на: 25 Декември 2025, 11:33:26 am »
На семафор каде има посебна лента за лево, а други 2-3 ленти за право на кои зеленото светло не им е истовремено (пример мајчин дом), ако од лента за право свртиш лево (како што често има случаи за да не чекаат во ред), камерата слика како да си поминал на црвено светло. Што е во ред за овие што се курнази, но оваа казна сигурно паѓа на суд бидејќи за погрешно престројување (менување лента) казната е 50тина евра, а за црвено многу поголема и има одземање на возачката.
Не знам зошто го тврдиш ова и со што го поткрепуваш. Лентата за право е со црвено светло, ти го поминуваш твојот семафор на црвено (без разлика што вртиш лево за да се убациш на таа лента што е со зелено светло).
Своерачен потпис ;)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1923
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #611 на: 25 Декември 2025, 11:45:40 am »
Оти не поминуваш на црвено туку на зелено. Не возиш право да ги попречиш и загрозиш тие од спротива кои вртат лево. Нема логика казната да биде иста како да си поминал на црвено и директно да си ги загрозил тие од спротива.

Според тебе ако има полиција во моментот и те застани, ќе ти пиши казна за поминување на црвено светло и ќе ти ја одземат возачката?

Впрочем да не се разбериме погрешно, воопшто не го оправдувам ова однесување. Но ете и ова го гледам како фалинка на системот.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2815
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #612 на: 25 Декември 2025, 12:21:05 pm »
Од искуство ти кажувам....не можев со време да се престројам во лентата за лево, едноставно не ме пропушти никој (уште додека беше испрекината линија, не непосредно пред или на раскрсница), веќе бев во движење, проценката ми беше подобро да поминам на раскрсницата со свртување лево....ме видоа полицајци со Јети и тргнаа по мене, ме застанаа, ми кажаа ова ти е поминување на црвено светло, почнав да им објаснувам за престројувањето па за среќа поминав со усна опомена.

Реално, мислам дека беа во право, ти ја поминуваш белата линија (стоп) пред црвениот семафор, веќе си го поминал семафорот, без разлика што после вртиш лево.
Своерачен потпис ;)

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2760
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #613 на: 25 Декември 2025, 12:27:07 pm »
Ако си се престроил за право (и свети зелено), а ти одиш лево (каде што е црвен семафорот) - ова е класично поминување на црвен семафор.
Семафорот е зелен за право, не за лево и нема врска во која лента (од тие за право) си.

Во Грција има и семафори за десно.
Пробајте со нивната полиција, престројте се за право или лево (кога ќе е зелено), па фатете десно (на црвено за десно).

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20379
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #614 на: 25 Декември 2025, 12:31:15 pm »
На семафор каде има посебна лента за лево, а други 2-3 ленти за право на кои зеленото светло не им е истовремено (пример мајчин дом), ако од лента за право свртиш лево (како што често има случаи за да не чекаат во ред), камерата слика како да си поминал на црвено светло. Што е во ред за овие што се курнази, но оваа казна сигурно паѓа на суд бидејќи за погрешно престројување (менување лента) казната е 50тина евра, а за црвено многу поголема и има одземање на возачката.

Ова сигурно е вака? Уште гледам луѓе како го прават.