Сејф Сити, еден месец подоцна:
- Криво ми е што не даваат континуирани статистики. Какви се трендовите? Бројот на прекрошоци паѓа? Се зголемува? Останува конзистентен? Во кои периоди од денот се случуваат највеќе? Кои камери забележуваат највеќе? Би било интересно.
- Сообраќајот во Скопје не е само успорен, туку е затапен. Успореноста не ми смета до толку, ама ми смета тупењето. На Партизанска, на делници каде што нема камери, се вози меѓу 35 и 38 километри на час. Јас разбирам дека никој не сака да добива опомени (па здравје, ниту казни), ама не треба ни да се влечеме ко црева.
- Во истиов контекст, многу споро се трга од семафори. Ко да одат на забар, заб да им вадат. Ко да се деца што се враќаат дома после родителска. Ко да одат дома кога сопругата им рекла дека треба да зборат. Чекаат по 3-4-5 секунди пред воопшто да тргнат, а и тогаш е влееееееечееееењеееее додека да подзабрзаат. Строго до 38. Ко да одат на колоноскопија.
- И прерано се застанува на семафори. Зеленото трепка, не е ни жолто, кочат ко ненормални.
- Од друга страна, забележувам дека многу повеќе се користат телефони во коли. На луѓе им е досадно, па скролаат додека возат. Мислам дека ова е директно поврзано со успорувањето и влечењето.
- Се приметува дека повеќе внимание се обрнува на пешаци. Ова е добра работа.