Камерите ќе си останат, државата нема да се откаже од нив. Нема да се откаже од приходите од камерите. Нема ни да се зголемат ограничувањата, за тоа можеме само филмови да си правиме.
И треба да го прифатиме тоа. Треба да научиме да возиме поефикасно и нијанса подинамично со оглед на камерите. За да се случи тоа, мора да се воведе толеранција, за да можат луѓето да возат опуштено и побезбедно. Во моментот се вози секако, освен опуштено. Факт е дека луѓе гледаат во брзиномер наместо пред нив, и факт е дека и тоа е небезбедно. Успорување и смирување на сообраќајот е потребно, и сите сме свесни за тоа - ама реално, треба подобра калибрација на системот. За да се вози Околу Пеесе, не од 38 до 43 километри на час.
И треба конзистентност. Не може да има такви луди дискрепанци со дозволено-70-мерам-50-казнувам-на-51 и слични нелогичности. И секако, мора веќе еднаш да добиеме добар, безбеден и редовен јавен превоз. Сега е јаден превоз.