Автор Тема: BMW X5 45E G05 / 2020  (Прочитано 5268 пати)

Отсутен Redneck

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 141
Одг: BMW X5 45E G05 / 2020
« Одговори #105 на: 19 Јануари 2025, 23:26:04 pm »
Добро делува ама 545е ЛЦИ со мпакет е далеку поубаво

Дупло помала батерија има 545 и багажот е со смешна големина, инаку тоа беше прв избор кога веќе решив да се откажам од S5

Мал апдејт со сервиси

На 10.01.2025 на 111.000км направена промена на глицерин и апдејт на софтвер во М-Кар. Со апдејтот на софтверот се активираше и опцијата за читање на знаци, која предтоа беше софтверски заклучена за Македонија и Србија. Искрено оваа опција сакав да ја искодирам афтермаркет, така да ова супер ми дојде, баш корисно ми е кога го гледам спид лимитот на хед-апот.
Исто така гледам со апдејтот е променет и интерфејсот за контрола преку глас кој иако подобар, пак е речиси бескорисен.

На 17.01.2025 на 111.450 км променето е масло во моторот, филтер за масло, филтер за воздух и филтер за кабина во Сервис Бимер - Скопје.

Во меѓувреме направив и апдејт на мапите со 2024-4 и ставив FSC код за неограничен апдејт на мапите во иднина.

Ми стасаа и хром црни завршетоци за ауспухот па се мислам дали да ги ставам тие и да земам предна маска црн хром или да остане се вака и да не чепкам ништо, ама конечна одлука за тоа ќе има на пролет.

И некоја слика за да не биде штур постов.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Колку ти зедоа во М кар за промена на глицерин и ажурирање на софтвер ?

5000 денари. Софтверот мислам е без пари. Софтверот треба да се ажурира ОТА, али со овој дел што требаше да го ажурирам имаше некој проблем како што читав по форуми, па мораше да се отиде директно во сервис.

Он M барал, ама X по грешка кликнал :D

Радо би возел било кој М, ама критериумите на опрема што ги имам со овие царини во државава, тоа не беше изводливо.
Коментарот околу багажот ме заинтригира да ги споредам BMW 5 G30 540i седан споредено со хибрид BMW х5 45e.

X5: 2435кг.
X5: 500л багаж.
X5: 4922мм должина.
Х5: 2002мм ширина.

5 G30: 1595кг.
5 G30: 530л багаж.
5 G30: 4936мм должина.
5 G30: 2126мм ширина.


Секако ова е споредба mild-hybrid и hybrid.
BMW не нуди 3.0 турбо бензински хибрид во G30 5 серија.




BMW 545XE G30 LCI
1945kg
12kwh Батерија
410l багаж со мн неправилна форма
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Да вистина чудно што не се нуди во караван G30, него само седан.