Краток апдејт, бев пак во сервисот, по Илија нема осетни вибрации на воланот како јас што имам впечаток, нормално нема време да се заебава и да ја бара причината (иако јас мислам дека поради новиот држач вибрациите се шират по „послабите“ амортизациони делови, а јас не сум расположен да одам по принципот да менувам се по ред).
Заедно ја тестиравме колата, по него горниот држач е добар и нема потреба од промена на било што друго.
Искрено не ме воодушеви настапот во смисла не можеме да ја направиме како од фабрика или ако сакаш да ти нарачам цела предница (полуосовини, зглобови, стабилизатори и др) оригинал од Италија за 1200 евра па да смениме се.
Единствено ценам што не почна приказна дека треба уште нешто да се менува.
Одиме понатаму