Автор Тема: BMW X5 45E G05 / 2020  (Прочитано 3281 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
BMW X5 45E G05 / 2020
« на: 13 Ноември 2024, 14:43:49 pm »
После 10 месеци барање на возило и едно предомислување околу изборот на типот и марката на возилото се решив да земам BMW X5 G05 45E Од 2020 година. Возилото го купив преку програмата BMW Premium Selection заради тоа што во тој случај одат со 2 год гаранција, која што не важи во Мк, но сепак ми влеваше некоја сигурност. Возилото го земав со 99000км а сега има 106107км.

Се работи за ПХЕВ возило, односно плаг ин хибрид со вкупна системска моќност од 394кс и 600нм. Силата иде од 3.0l реден шест цилиндарски мотор(B58B30C) кој е детјуниран на 286кс и електро мотор во менувачот од 113кс.

Батеријата е со вкупен капацитет од 24kWh од кој искристливи се 21,6kWh. Декларирана домет на струја е 86-97км. Но до сега јас максимално што имам видено е 76км. Колата ја земав на 10 Октомври, така да незнам колку би бил дометот во летно време, но мислам неможе повеќе од ова заради тоа што климата и греењето се напојуваат од батеријата, така да секое користење на истите само го крати дометот.

Бојата на возилото е: Arktikgrau Brillanteffekt Metallic
Бојата на внатрешноста е: Leder Vernasca Coffee

Колата поседува задоволителна опрема, од која што како по интересно би издвоил следново:
- Driving Assistant Pro (Апсолутно најбитна ставка од опрема за мене)
- Адаптивни предни ЛЕД Светлa со матрица и Ласер за долго светло
- Панорамски сончев кров
- Воздушна суспензија на двете оски
- М Спорт надворешен пакет
- М Спорт внатрешен пакет
- Комфорт седишта напред со греење, ладење и масажа
- Акустични стакла(сите стакла)
- Предна шал табла обвиена во вештачка кожа
- М-Спорт кочници
- Bowers & Wilkins Diamond Surround S озвучување
- Кап холдери со греење и ладење
- Затемнети задни прозори
- Кука
- Комфорт Аксес
- Спортска автоматска трансмисија
- 20' 740 Style бандажи
- Active Guard Plus
- Head Up Дисплеј
- Останати глупости кој што се стандард

Кај да е ќе и ставам и зимски гуми и бандажи кој што ги купив со неа, тие се Style 735 и се 19“. Истите се со сензори во нив и се калибрирани за оваа кола.
Следно е да се направи сервис, ама со ажурноста на М-Кар Македонија во поглед на враќање на меилови, можеби ќе стасам до Март некаде да го средам тоа )

Еве и некој слики:

























« Последно менување: 13 Ноември 2024, 16:15:29 pm Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Одг: BMW X5 45E G05 / 2020
« Одговори #1 на: 13 Ноември 2024, 14:55:07 pm »
Папапап... топ избор... со здравје да се вози и многу безгрижни километри...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: BMW X5 45E G05 / 2020
« Одговори #2 на: 13 Ноември 2024, 15:05:56 pm »
одличен уште еднашка, внатрешноста како легнала бојата и цел енериер лудило, колку мечтаам за вакво осветлување навечер ден пред тебе прави

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6745
  • Бенве сие бенве
Одг: BMW X5 45E G05 / 2020
« Одговори #3 на: 13 Ноември 2024, 15:13:02 pm »
Убава кола, и фали стикерче Conti. Од спортист право у пензија отиде, очекувам да слушнам и дека си се оженил.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: BMW X5 45E G05 / 2020
« Одговори #4 на: 13 Ноември 2024, 15:26:11 pm »
Машала јако ауто, да те служи долго време и да ти прави мерак. Многу добро изгледа внатре, и јаки светла има нема што.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: BMW X5 45E G05 / 2020
« Одговори #5 на: 13 Ноември 2024, 15:50:19 pm »
Ау ау ауау. :)) Свака част!

Создравје да го возиш друже. Изгледа прекрасно!

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: BMW X5 45E G05 / 2020
« Одговори #6 на: 13 Ноември 2024, 15:55:02 pm »
Честитки, со здравје да се вози, уба да му е среќата.
Колку време ти требаше да се навикниш на новата позиција на седење?
Или ти легна одма на високо да си.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: BMW X5 45E G05 / 2020
« Одговори #7 на: 13 Ноември 2024, 16:03:12 pm »
Ви благодарам на сите, да му се врати на секој по желба што сака!

Честитки, со здравје да се вози, уба да му е среќата.
Колку време ти требаше да се навикниш на новата позиција на седење?
Или ти легна одма на високо да си.

Искрено, одма се навикнав. Сам го возев од Дортмунд до Велес и кога си дојдов бев веќе скроз навикнат. Има воздушна суспензија и мн мн мн комфортни седишта па не е нешто многу тешко привикнувањето. Доста лесна е за возење и немав никакви проблеми при привикнувањето, малце е потешка за маневрирање низ град зошто е доста габаритна и широка, али не и е ни таму местото па ок е, а и се навикнува човек и свесен е кај може а кај не може да помине.

Заради тежината и суспензијата и самото седење возилото не те тера да возиш толку брзо заради тоа што колку и да е се спортски подесено, сепак се осеќа тежината. Брза е многу и сосема комфортно и без проблеми се вози константно 180-200 на автопат, но штом дојдат кривини се осеќа дека се што набројав погоре и едноставно не е тоа тоа. Без проблем ќе ги поминеш кривините, ама нема мерак.

А5 на пример беше далеку поголемо задоволство да се вози брзо или да се вози на Скопје - Велес, сепак толку мн пати го имам возено тој пат и со кола и со мотор и толку мн пати сум пишан казни што и тоа допринесе за да променам малце возилото и да видам како е со џип. Сакав малце да сменам некој работи и да почнам поспоро да возам заради тоа што со А5 веќе се опуштав премногу, а кога ќе се опушти човек настанува беља.

Секако не е дека сум заљубен во колава и доколку испадне некоја добра понуда за продавање, одма би го дал без размислување :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: BMW X5 45E G05 / 2020
« Одговори #8 на: 13 Ноември 2024, 16:07:14 pm »
Сакаш

Секако не е дека сум заљубен во колава и доколку испадне некоја добра понуда за продавање, одма би го дал без размислување :)

Сакаш Октавија? :D

Него, знам точно на што мислиш.

Кога возиш SUV како буквално да „лебдиш“ во кривина. Немаш никаков фидбек што прави подвозјето, едноставно возиш само.

Со седан/купе точно знаеш што прави возилото, некако „укотвен“ се осеќаш во возење.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: BMW X5 45E G05 / 2020
« Одговори #9 на: 13 Ноември 2024, 16:11:57 pm »
Овој СУВ е ок за во кривина колку што може да е такво возило со тие габарити. Не е дека лебди во кривина или дека е страшно, напротив. Едноставно знаеш дека таа кола не е за да ја силиш таму и тоа е тоа. Еве во 7000км ниеден проблем немам да се преценам некаде.

А за седан и купе, зависи од кој и со какви гуми се. Доста коли сум возел и кај некој е многу подобро, кај некој е полошо....

За во блиска иднина го истерав јас моето со тој тип на возење, како што кажа Марјан време е малце да се заозбилам :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: BMW X5 45E G05 / 2020
« Одговори #10 на: 13 Ноември 2024, 16:17:30 pm »
Супер избор особено внатре ептен прави мерак! Честитки!

Кажи повеќе околу рафиринароста, изолација како се однесува на лош пат во споредба со аудито :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: BMW X5 45E G05 / 2020
« Одговори #11 на: 13 Ноември 2024, 16:20:42 pm »
Сега може да паркираш кај сакаш.  ;D

Со среќа да се вози, пре-прекрасен избор.

Отсутен Fizzbuzz

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: BMW X5 45E G05 / 2020
« Одговори #12 на: 13 Ноември 2024, 16:25:50 pm »
Изгледа одлично, со здравје да ја возиш  :D

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: BMW X5 45E G05 / 2020
« Одговори #13 на: 13 Ноември 2024, 16:27:17 pm »
Ќе велев поубава беше а5 -ката, ама ко ја видов сликата со двете коли заедно, одма се премислив. И јас не сакам СУВ ама реално Х5 ретко кој ќе одбие.

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: BMW X5 45E G05 / 2020
« Одговори #14 на: 13 Ноември 2024, 16:33:25 pm »
Ептен ќеф ми е што ме испоштова и го претставе возилово, знам дека јас ако не приметев немаше шанси, ќе се кријаше, бемвекријачко... ;D
Ме бендисва шо е автоматик!

Со здравје, со среќа и со уживање да се вози.