Мал апдејт со сервиси
На 10.01.2025 на 111.000км направена промена на глицерин и апдејт на софтвер во М-Кар. Со апдејтот на софтверот се активираше и опцијата за читање на знаци, која предтоа беше софтверски заклучена за Македонија и Србија. Искрено оваа опција сакав да ја искодирам афтермаркет, така да ова супер ми дојде, баш корисно ми е кога го гледам спид лимитот на хед-апот.
Исто така гледам со апдејтот е променет и интерфејсот за контрола преку глас кој иако подобар, пак е речиси бескорисен.
На 17.01.2025 на 111.450 км променето е масло во моторот, филтер за масло, филтер за воздух и филтер за кабина во Сервис Бимер - Скопје.
Во меѓувреме направив и апдејт на мапите со 2024-4 и ставив FSC код за неограничен апдејт на мапите во иднина.
Ми стасаа и хром црни завршетоци за ауспухот па се мислам дали да ги ставам тие и да земам предна маска црн хром или да остане се вака и да не чепкам ништо, ама конечна одлука за тоа ќе има на пролет.
И некоја слика за да не биде штур постов.