Заборавив да пишам тука, на 90957км прошла недела направен редовен сервис. Овој пат кај Џеповски зошто немав време сам да го направам. ОЕМ филтер за масло и овој пат Motul 300V Competition 5W-40. Motul ја имаат сменето формулата во 2025та, имаат додадено повеќе детергенти во 300V маслата, а јас секако менувам на 6к км/6 месеци најкасно.
Плус е прилично потенко од Red Line-от, а исто има висок HTHS (4.0), и дефинитивно се чувствува моторот дека работи помазно, и послободно крева вртежи.