Поооодалеку од AUDI. Oсобено овие по 2018-та.
Зошто? 2.0 тди 204кс зарем не е совршен?
Sent from my SM-S938B using Tapatalk
Не знам дали прашањево е реторичко или не, ама стандардно си гори алтернаторот од хибридот, од 100-150к поминати. 180000 денари замена, ако имаш среќа да ти се случи надвор од гарантен рок. Генерални проблеми со водна пумпа на бензински мотори, у Америка има колективна тужба против Ауди. Поновите 3.0 дизели, проблем со ланецот, каде што делот сам по себе не е скап, околу 500-700 евра, но се вади цел мотор, па поправката чини бајаги.
Купување на Ауди надвор од фабричка гаранција без едно 7-10000 евра тргнати на страна е тешка коцка станато.
Генерално за секој европски производител важи ова.После 2019г јас не би купил возило,толку на се и сешто е штедено дури е мизерно да се разговара.
Товарам шепи за кочници за БМВ во Велс ги носам до Бремен,па од таму се носат за Америка.Кога ќе ја фатам в раце шепата ти се чини ќе се стопи.Брегови од брегаста осовина на цевка,не лиена брегаста осовина.
Се ми се чини дека европските брендови се свесни дека ги уживаат последните моменти на "рает" на пазарот и гледаат што можат да соберат од колачот на било кој начин.
Никој поќе не води сметка ни за бренд,ни за историја ни за ништо.Тоа остана само приказна.