Автор Тема: Патарини - ТАГ уред  (Прочитано 14799 пати)

Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 97
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #420 на: 15 Октомври 2024, 22:35:41 pm »
П.С. животен циклус на еден систем:
- креирање на системот и пуштање во употреба;
- анализа на проблемите при негово користење;
- поправка на системот за отстранување на проблемите;
- укажување на корисниците како правилно се користи системот;
- постојана анализа на системот како се зголемува бројот на корисници;
- поправка на нови проблеми;
- надградба на нови функционалности, усовршувања...
- анализа....
- итн. итн...

Ни едно нешто не е возможно да се направи перфектно од старт, а ни едно нешто не е возможно да се усоврши без фидбек/анализа од што поголем број на корисници...

До некаде се согласувам со тебе.
Овој систем со таг-ови не е нов, па да ја откриваме америка.
Потребно е да се анализира системот во некоја држава која го вовела поодамна и да се усвои нивната сегашна, унапредена состојба.
Пред креирање на системот и пуштање во употреба, јас би додал неколку чекори:
Анализа на потребите на корисниците
Анализа на решенијата што се имплементирани во други држави
Анализа на нивниот развоен живот на решението и евидентирање (анализа) на сите решени проблеми
Анализа на пазарот, што се нуди во моментов
Анализа на развојот кај произведувачите и што они планираат да усвојат во блиска и далечна иднина
Проектирање на системот према потребите на корисниците, состојбите на теренот...
Набавка и вградување
Едукација на корисниците
Едукација на корисниците
Пуштање во употреба
Едукација на корисниците
Едукација на корисниците
Понатаму би продолжил со твојата анализа од точка 2 и по секој следен чекор е едукација на корисниците

Овие чекори се дел на консултантска работа, доколку имало ангажирани консултанти за овој систем. Ако имало ангажирани, тогаш лошо си ја завршиле работата.

Некој ќе праша зошто толку едукација на корисниците. Некој ќе се навреди ако напишам дресирање на корисниците, ама баш така изгледа.
Во Србија секоја недела има емисија „Везе“ и таму има прилог, реклама за користење на таг уредите на националната тевелизија. На јутјуб да не зборам.
Колку такви прилози, реклами има во Македонија на годишно ниво?
80% од возачите мислам дека и не знаат дека постои таг во Македонија и 90% не знаат како се користи.
За таг уредите повеќе има реклама на мтел - српскиот телеком оператор во Македонија, отколку на ЈП.

ЈПДП има веб страна за дополнување на средства на мтаг, мкард на која е многу тешко да се снајдеш. Нема упатство за користење на страната. Нема можност сам да промениш било каков податок на уредите, мора да се јавуваш во јп за да ликот рачно ти замени информации.

А ЈПДП има жесток работник за директор, ама ова треба некој да му го каже за да ја подобри ситуацијата и да ги раскеца тие мрзите што се вработени таму, да почнат да заработуваат од вложеното во системот.

Присутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 166
  • Macedonia
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #421 на: денес во 00:05:11 »
Дискусијата за м-таг и патарини не се одвива само на форумите, туку и на фејсбук, https://www.facebook.com/groups/maskidomakinskimuabeti/posts/2446856562321107/ овде;D




Што заклучивме со муабетот:

○ Луѓето прават погрешни потези при поминување на патарината
○ Се случуваат грешки понекогаш, но по проверка средствата се враќаат

@Zile те видов погоре коментираше доста си запознаен, имаш некаква функција во овој сектор? Ако е грдо што прашувам слободно игнорирај ме.



Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8508
  • Малерозен дрводарец
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #422 на: денес во 00:16:52 »
Лежечи полицаец 30м пред  рампа.
Од оние што автоматски се отвараат на сензор, со железа... да подзастанат идиотите и следат правила и ќе биде сè во ред.
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7750
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #423 на: денес во 06:58:06 »
@Makedons Не бе зашто грдо, работам во приватна фирма за одржување на системот на патарини.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 302
  • The best or nothing.
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #424 на: денес во 07:59:43 »
@Makedons Не бе зашто грдо, работам во приватна фирма за одржување на системот на патарини.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk

Не беше столар ти? Баш сакав да те контактирам за кревет, само чекам душек и позиција да измерам.  :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7750
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #425 на: денес во 08:02:00 »
@Makedons Не бе зашто грдо, работам во приватна фирма за одржување на системот на патарини.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk

Не беше столар ти? Баш сакав да те контактирам за кревет, само чекам душек и позиција да измерам.  :)
Столар работев од мака не од што сакав . По струка не сум столар, сообраќаен техничар сум.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Присутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 483
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #426 на: денес во 10:21:15 »
@flashgordon007 во кратки црти беше циклусот, да не навлегувам во детали и стручни поими, посебно за веб апликациите за надополнување на мтаг-от, кој може да се користат за учење ама како не треба да изгледа една апликација... :)

За жал, ние се радуваме на колку толку промени што има на подобро... за жал кај нас речиси за ништо не се употребува best practice... или се се тргнува од тоа, ама најчесто заради корупција и слично, завршува сосем нешто друго, обично одвај функцилнално... многу често се скокаат и чекори... пример колку време ти треба да најдеш официјални информации за правилно користење на нашите тагови?

Скопје - Охрид, моментално има 4 патарини и тоа на ~50км пат (бидејќи неможам целиот да го наречам автопат, ако е тесен и се вози на него 80км/ч по знаци...). Утре (за ~10 години) кога ќе ја направат цела автопатска делницата, може ќе има преку 10 патарини...

А низ светот има голем број на други примери за наплаќање на патарина без да се кочи/застанува цел сообраќај:
- винетки - ај да ги баталиме, не биле по ЕУ регулативи (демек ние скоро ќе влезиме таму);
- патарина на излез од автопат - како нашите соседи;
- сензори/читачи/камери над патот/излези... без застанување или успорување - нешто што сега го имплементираат хрватите (го заменуваат стариот таг систем), а го имаат и други држави низ светот...

Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3041
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #427 на: денес во 10:21:58 »
Лежечи полицаец 30м пред  рампа.
Од оние што автоматски се отвараат на сензор, со железа... да подзастанат идиотите и следат правила и ќе биде сè во ред.

Лежечи не даваат да се стави на попрометни улици а камоли на автопат.