Автор Тема: Патарини - ТАГ уред  (Прочитано 15708 пати)

Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #420 на: 15 Октомври 2024, 22:35:41 pm »
П.С. животен циклус на еден систем:
- креирање на системот и пуштање во употреба;
- анализа на проблемите при негово користење;
- поправка на системот за отстранување на проблемите;
- укажување на корисниците како правилно се користи системот;
- постојана анализа на системот како се зголемува бројот на корисници;
- поправка на нови проблеми;
- надградба на нови функционалности, усовршувања...
- анализа....
- итн. итн...

Ни едно нешто не е возможно да се направи перфектно од старт, а ни едно нешто не е возможно да се усоврши без фидбек/анализа од што поголем број на корисници...

До некаде се согласувам со тебе.
Овој систем со таг-ови не е нов, па да ја откриваме америка.
Потребно е да се анализира системот во некоја држава која го вовела поодамна и да се усвои нивната сегашна, унапредена состојба.
Пред креирање на системот и пуштање во употреба, јас би додал неколку чекори:
Анализа на потребите на корисниците
Анализа на решенијата што се имплементирани во други држави
Анализа на нивниот развоен живот на решението и евидентирање (анализа) на сите решени проблеми
Анализа на пазарот, што се нуди во моментов
Анализа на развојот кај произведувачите и што они планираат да усвојат во блиска и далечна иднина
Проектирање на системот према потребите на корисниците, состојбите на теренот...
Набавка и вградување
Едукација на корисниците
Едукација на корисниците
Пуштање во употреба
Едукација на корисниците
Едукација на корисниците
Понатаму би продолжил со твојата анализа од точка 2 и по секој следен чекор е едукација на корисниците

Овие чекори се дел на консултантска работа, доколку имало ангажирани консултанти за овој систем. Ако имало ангажирани, тогаш лошо си ја завршиле работата.

Некој ќе праша зошто толку едукација на корисниците. Некој ќе се навреди ако напишам дресирање на корисниците, ама баш така изгледа.
Во Србија секоја недела има емисија „Везе“ и таму има прилог, реклама за користење на таг уредите на националната тевелизија. На јутјуб да не зборам.
Колку такви прилози, реклами има во Македонија на годишно ниво?
80% од возачите мислам дека и не знаат дека постои таг во Македонија и 90% не знаат како се користи.
За таг уредите повеќе има реклама на мтел - српскиот телеком оператор во Македонија, отколку на ЈП.

ЈПДП има веб страна за дополнување на средства на мтаг, мкард на која е многу тешко да се снајдеш. Нема упатство за користење на страната. Нема можност сам да промениш било каков податок на уредите, мора да се јавуваш во јп за да ликот рачно ти замени информации.

А ЈПДП има жесток работник за директор, ама ова треба некој да му го каже за да ја подобри ситуацијата и да ги раскеца тие мрзите што се вработени таму, да почнат да заработуваат од вложеното во системот.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 167
  • Macedonia
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #421 на: 16 Октомври 2024, 00:05:11 am »
Дискусијата за м-таг и патарини не се одвива само на форумите, туку и на фејсбук, https://www.facebook.com/groups/maskidomakinskimuabeti/posts/2446856562321107/ овде;D




Што заклучивме со муабетот:

○ Луѓето прават погрешни потези при поминување на патарината
○ Се случуваат грешки понекогаш, но по проверка средствата се враќаат

@Zile те видов погоре коментираше доста си запознаен, имаш некаква функција во овој сектор? Ако е грдо што прашувам слободно игнорирај ме.



Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8512
  • Малерозен дрводарец
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #422 на: 16 Октомври 2024, 00:16:52 am »
Лежечи полицаец 30м пред  рампа.
Од оние што автоматски се отвараат на сензор, со железа... да подзастанат идиотите и следат правила и ќе биде сè во ред.
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7757
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #423 на: 16 Октомври 2024, 06:58:06 am »
@Makedons Не бе зашто грдо, работам во приватна фирма за одржување на системот на патарини.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
  • The best or nothing.
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #424 на: 16 Октомври 2024, 07:59:43 am »
@Makedons Не бе зашто грдо, работам во приватна фирма за одржување на системот на патарини.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk

Не беше столар ти? Баш сакав да те контактирам за кревет, само чекам душек и позиција да измерам.  :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7757
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #425 на: 16 Октомври 2024, 08:02:00 am »
@Makedons Не бе зашто грдо, работам во приватна фирма за одржување на системот на патарини.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk

Не беше столар ти? Баш сакав да те контактирам за кревет, само чекам душек и позиција да измерам.  :)
Столар работев од мака не од што сакав . По струка не сум столар, сообраќаен техничар сум.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 486
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #426 на: 16 Октомври 2024, 10:21:15 am »
@flashgordon007 во кратки црти беше циклусот, да не навлегувам во детали и стручни поими, посебно за веб апликациите за надополнување на мтаг-от, кој може да се користат за учење ама како не треба да изгледа една апликација... :)

За жал, ние се радуваме на колку толку промени што има на подобро... за жал кај нас речиси за ништо не се употребува best practice... или се се тргнува од тоа, ама најчесто заради корупција и слично, завршува сосем нешто друго, обично одвај функцилнално... многу често се скокаат и чекори... пример колку време ти треба да најдеш официјални информации за правилно користење на нашите тагови?

Скопје - Охрид, моментално има 4 патарини и тоа на ~50км пат (бидејќи неможам целиот да го наречам автопат, ако е тесен и се вози на него 80км/ч по знаци...). Утре (за ~10 години) кога ќе ја направат цела автопатска делницата, може ќе има преку 10 патарини...

А низ светот има голем број на други примери за наплаќање на патарина без да се кочи/застанува цел сообраќај:
- винетки - ај да ги баталиме, не биле по ЕУ регулативи (демек ние скоро ќе влезиме таму);
- патарина на излез од автопат - како нашите соседи;
- сензори/читачи/камери над патот/излези... без застанување или успорување - нешто што сега го имплементираат хрватите (го заменуваат стариот таг систем), а го имаат и други држави низ светот...

Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3044
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #427 на: 16 Октомври 2024, 10:21:58 am »
Лежечи полицаец 30м пред  рампа.
Од оние што автоматски се отвараат на сензор, со железа... да подзастанат идиотите и следат правила и ќе биде сè во ред.

Лежечи не даваат да се стави на попрометни улици а камоли на автопат.

Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #428 на: 16 Октомври 2024, 13:16:39 pm »
@flashgordon007 во кратки црти беше циклусот, да не навлегувам во детали и стручни поими, посебно за веб апликациите за надополнување на мтаг-от, кој може да се користат за учење ама како не треба да изгледа една апликација... :)

За жал, ние се радуваме на колку толку промени што има на подобро... за жал кај нас речиси за ништо не се употребува best practice... или се се тргнува од тоа, ама најчесто заради корупција и слично, завршува сосем нешто друго, обично одвај функцилнално... многу често се скокаат и чекори... пример колку време ти треба да најдеш официјални информации за правилно користење на нашите тагови?

Скопје - Охрид, моментално има 4 патарини и тоа на ~50км пат (бидејќи неможам целиот да го наречам автопат, ако е тесен и се вози на него 80км/ч по знаци...). Утре (за ~10 години) кога ќе ја направат цела автопатска делницата, може ќе има преку 10 патарини...

А низ светот има голем број на други примери за наплаќање на патарина без да се кочи/застанува цел сообраќај:
- винетки - ај да ги баталиме, не биле по ЕУ регулативи (демек ние скоро ќе влезиме таму);
- патарина на излез од автопат - како нашите соседи;
- сензори/читачи/камери над патот/излези... без застанување или успорување - нешто што сега го имплементираат хрватите (го заменуваат стариот таг систем), а го имаат и други држави низ светот...



@R2D2 Дополнувањето на постапката беше за пучанство да покажам дека до изградбата на системот има повеќе активности. Сакав и да напомнам дека маркетинг и едукација фали.

Ем башка, многу позитивно ме изненади што ја следиш темава во пошироки рамки и одлично си информиран. Мислам дека во оваа тема е втора или трета сериозна и едукативна порака.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #429 на: 16 Октомври 2024, 16:25:59 pm »
Колку сум малтретирал луѓе досеа со М-Кард што сум поминувал (и ги кочел) тие со М-Таг.
И јас како и тие сеа сум одел на првата празен слот, а обично тоа бил М-ТАГ.
Кога веќе се повеќе корисници има на М-Кард а ете и М-ТАГ, многу е логично СЕКОЈА патарина да има М-КАРД слот. Тие со таг да немора да чекаат титкање на М-кард возило/а пред себе.

Уште еднаш да потсетам М-Кард корисниците МОЖАТ да пројдат и во слотовите кои затворени, (со црвен округол знак и минус унутра)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7757
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #430 на: 16 Октомври 2024, 16:52:17 pm »
@yarre
Никако да не се поминува во лента означена со црвено. Незнаш во моментот што се работи на лентата чим е затворена. Некогаш пеиментите функционираат ама некогаш и тие се изгасени поради зафатот. Така да чим е црвено, нека биде црвено за сите.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #431 на: 16 Октомври 2024, 17:41:38 pm »
Секогаш се обидувам да почитувам правила. Благодарам на информацијата.
Но кога системот не функционира ( а очигледно е дека е така ) овакви девијации се практични и функционални. Ова конкретно за патарините ќе го кажам од искуство. На релација Гевгелија-Скопје во последните 3 години најлевата колона е секогаш затворена. Веројатно е тоа некој дифолтен сеттинг на операторите на наплатните рами. Па рекле 2 за кеш, 2 за Таг (и понекогаш а скоро никогаш 1 Кард). Наместо да треснат глава и да стават кард и на тие што секогаш истите се затворени. Не постои ризик дека некого ќе утепаш бидејки секако мораш да застанеш и да ја кликнеш картичката. Ако навистина има некаква интервенција тогаш рампата нема да се дигне. Досега ги користев редовно и немаше никаква интервенција. Верувам дека едноставно така му бил ќефот на операторот кој одредува која каква ќе биде.
Ти ја разбирам поентата, во целост. Ама ЈПДП е раштимуван оркестар со години. На најфрекфентната патарина за Скопје, (Миладиновци) е најголемата идиотштина и колони. И мува бре не ги лази, партиски пацови венчани за работните места во таму, впрочем како и мнозинството во државниот апарат.
Се додека не се свестат дека МОРА да имаат ПОСЕБНИ ленти за М-ТАГ и М-КАРД на СЕКОЈА наплатна рампа, ќе сметам дека користењето на затворената лента за кард е практично и не е животозагрозувачко. Далеку поголем проблем е користењето на М-Кард во лентите на М-таг, каде возач со М-таг многу лесно може да го бапне од позади возачот кој во тој момент клика м-кард. Со се поголем број на корисници на таг уреди, она што обавезно треба да се направи е да се оневозможи користењето на м-кард во лента со м-таг.
М-кард е одлична измислица за стимулирање на користење на безготовинско плаќање, но ја јаде забот на времето и неможе истите подесувања на рампите да биде денес и пред 5 години. Супер е и треба да остане, ама не заглавена во нефункционалниот систем. А дотогаш минус знакот не е никаква пречка за поминување. Од ниту еден аспект.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7757
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #432 на: 16 Октомври 2024, 18:35:07 pm »
Многу предлози имаа на маса јпдп ама едноставно не сакаа ни да слушнат а камо ли да ги погледнат. Убаво си ги опиша погоре и нема потреба да ги коментирам.

За лентите која е затворена а која отворена одговорен е шефот на смена.

Тек сеа кога Миладиновци ќе почне да се прави ке има колони до пола Македонија.

Чим си решил да поминуваш на црвено води си сметка дека во целост си преземеш одговорност и ризик. Во секој момент таа лента може да стане активна па да се случи рампата да се спушти врз кола па да треба после и рампа и кола да поправаш. Не секогаш треба да има мајстори во таа лента за да видите дека се порава нешто, најчесто поправките се вршат од супервизорска соба.


Јас знам цел систем како функционира ама знам и кој го контролира и не би се осудил да поминам на црвено.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk
« Последно менување: 16 Октомври 2024, 19:03:28 pm Zile »

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3386
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #433 на: 17 Октомври 2024, 07:05:28 am »
Барем Миладиновци лесно се заобиколува, Илинден кај млинови се исклучуваш-Ајватовци-Бујковци и бираш кај ОКТА дали Куманово или Штип.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 486
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #434 на: 17 Октомври 2024, 07:21:58 am »
Или заобиколуваш од кај Петровец.
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html