Автор Тема: Патарини - ТАГ уред  (Прочитано 14663 пати)

Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 97
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #420 на: 15 Октомври 2024, 22:35:41 pm »
П.С. животен циклус на еден систем:
- креирање на системот и пуштање во употреба;
- анализа на проблемите при негово користење;
- поправка на системот за отстранување на проблемите;
- укажување на корисниците како правилно се користи системот;
- постојана анализа на системот како се зголемува бројот на корисници;
- поправка на нови проблеми;
- надградба на нови функционалности, усовршувања...
- анализа....
- итн. итн...

Ни едно нешто не е возможно да се направи перфектно од старт, а ни едно нешто не е возможно да се усоврши без фидбек/анализа од што поголем број на корисници...

До некаде се согласувам со тебе.
Овој систем со таг-ови не е нов, па да ја откриваме америка.
Потребно е да се анализира системот во некоја држава која го вовела поодамна и да се усвои нивната сегашна, унапредена состојба.
Пред креирање на системот и пуштање во употреба, јас би додал неколку чекори:
Анализа на потребите на корисниците
Анализа на решенијата што се имплементирани во други држави
Анализа на нивниот развоен живот на решението и евидентирање (анализа) на сите решени проблеми
Анализа на пазарот, што се нуди во моментов
Анализа на развојот кај произведувачите и што они планираат да усвојат во блиска и далечна иднина
Проектирање на системот према потребите на корисниците, состојбите на теренот...
Набавка и вградување
Едукација на корисниците
Едукација на корисниците
Пуштање во употреба
Едукација на корисниците
Едукација на корисниците
Понатаму би продолжил со твојата анализа од точка 2 и по секој следен чекор е едукација на корисниците

Овие чекори се дел на консултантска работа, доколку имало ангажирани консултанти за овој систем. Ако имало ангажирани, тогаш лошо си ја завршиле работата.

Некој ќе праша зошто толку едукација на корисниците. Некој ќе се навреди ако напишам дресирање на корисниците, ама баш така изгледа.
Во Србија секоја недела има емисија „Везе“ и таму има прилог, реклама за користење на таг уредите на националната тевелизија. На јутјуб да не зборам.
Колку такви прилози, реклами има во Македонија на годишно ниво?
80% од возачите мислам дека и не знаат дека постои таг во Македонија и 90% не знаат како се користи.
За таг уредите повеќе има реклама на мтел - српскиот телеком оператор во Македонија, отколку на ЈП.

ЈПДП има веб страна за дополнување на средства на мтаг, мкард на која е многу тешко да се снајдеш. Нема упатство за користење на страната. Нема можност сам да промениш било каков податок на уредите, мора да се јавуваш во јп за да ликот рачно ти замени информации.

А ЈПДП има жесток работник за директор, ама ова треба некој да му го каже за да ја подобри ситуацијата и да ги раскеца тие мрзите што се вработени таму, да почнат да заработуваат од вложеното во системот.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 166
  • Macedonia
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #421 на: денес во 00:05:11 »
Дискусијата за м-таг и патарини не се одвива само на форумите, туку и на фејсбук, https://www.facebook.com/groups/maskidomakinskimuabeti/posts/2446856562321107/ овде;D




Што заклучивме со муабетот:

○ Луѓето прават погрешни потези при поминување на патарината
○ Се случуваат грешки понекогаш, но по проверка средствата се враќаат

@Zile те видов погоре коментираше доста си запознаен, имаш некаква функција во овој сектор? Ако е грдо што прашувам слободно игнорирај ме.



Присутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8507
  • Малерозен дрводарец
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #422 на: денес во 00:16:52 »
Лежечи полицаец 30м пред  рампа.
Од оние што автоматски се отвараат на сензор, со железа... да подзастанат идиотите и следат правила и ќе биде сè во ред.
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.