Автор Тема: Opel Mokka-E  (Прочитано 2428 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6421
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #30 на: 10 Мај 2024, 14:29:51 pm »
1 месец и 2000км поминато од кога е во моја сопственост. Ја земав со 5700 сега е некаде 7700км. Просек 16.3кв/ч а просечна брзина некаде околу 34км/ч ако не се лажам. Потрошено од свој џеб околу 15тина евра за полнење.

Од наредна недела се очекува времето да се стопли, баш ме интересира како ќе биде. Интересно што завчера ми текна да проверам присток на гуми, треба да се 2.5 а сите 4 беа 1.7-1.9  :D

Иако има скромни 136кс, инстантно забрзување од 40-50км/ч до 80тина е мераци за низ град.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6421
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #31 на: 03 Јуни 2024, 19:26:25 pm »
Ги свртевме првите 10000км вчера, ќе му дојде 4300км за неполни два месеци.
Презадоволен, немам друго што да додадам. Пуни и вози


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6421
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #32 на: денес во 09:40:05 »
6 месеци поминаа сега сум на 20.000км, односно 14к од кога ја земав. Ниту јас очекував дека толку ќе се вози ама кога е гага и солта е блага  ::)

Треба да правам некаков сервис сеа да променат филтер за полен и течност за кочници. Инаку, температурите тука се доста паднати насабајле е околу 0 степена и рејнџот доста е паднат. Ако порано на 50% ми покажуваше 150км рејнџ сега ми покажува 120км. Просекот сега ми е околу 17.5квч на 100км

Интересна фотка додека чекав ред за на технички преглед. Појава беше Ферариво, звукот перверзии.

FERRARI GTC4 LUSSO 680кс