Таму е една работа со гуми стари 2 години кои не виделе ниту 500км врел асфалт низ Македонија, Грција, Турција, сеедно.
Сосема друга работа е по 5-6000км на истиот тој врел асфалт после 2-3 години, кога некој што смета дека ќе ги вози уште 4-5 години и истовремено дека е опремен за на снег(макар еден ден во годината).
Тоа на тестови и ривјуа не го кажуваат, но од сопствено искуство и исчукани коли сум го дознал.
Што е најбитно, зимската не се вози летно време на врел асфалт, па така и се овозможува подолг животен век.
Летна гума дури со 5.000 км годишно не може да протурка преку 6-7 години, што да правиме муабет за олсизн која има добар дел во себе гени од зимски гуми.