Почнува малце на нерви да ми иде колава, ме удараат флешбекови зошто купив француско ауто од искуството со меганот реков никогаш повеќе но тоа е што е.
Пред некој месец се појави порака на шалтабла електрик проблем бла бла, нешто како чек енџин по нашки и влага у сејф мод и возам отрпилика со 30% од снагата, некогаш повеќе некогаш помалку.
Неколку пати се повторуваше и забележав дека нивото на антифриз е под минимум, допунив пола литро со оригинално ПСА и нема проблем, пораката се изгуби возилото беше повторно нормално за возење. После неколку дена пак нивото под минимум упм.
Ја однесов на сервис и се испостави дека тече антифриз баш каде што цевките за антифриз идат кон делот за ладење на батериите и тука капка по капка си течело. Кога нивото паѓа под минимум иде возилото возилото под сејф мод зошто батериите немаат доволно ладење. Ок го решија проблемот експресно сменија неколку црева за ладење и веќе нема губење на антифриз.
Сега почна некаде на предницата како нешто да гребе при возење без разлика дали забрзувам, кочам или возам константно. Звукот иритира и се слуша од 30кмч па нагоре. Што побрзо возам се повеќе звукот од гребење станува се погласен и на 100кмч звучи како да е лагер отиден. Јас типувам на лагер или полуосовина. Денес ја носам на сервис ќе видиме какво изненадување ќе биде овој пат.
Да напоменам возилото не е ни 3 години старо со поминати 37000км . Очекував да не се замарам со вакви глупости кои што ми трошат пред се време, пари и нерви. Нема ништо полошо од ебавање со проблеми на ново возило. Требаше да си земам ваг ид3 или нешто од корејциве хјундаи кона. Подобро да има некој софтверски глич или тачот да не работи отколку да се ебавам зошто некој француз у фабрика незнае да монтира полуосовина или деловите што ги користат не ги бива за к*р.
Ете така малце да се издувам, ќе пишам после сервис што е проблемот а до тогаш златен голф ќе си возам кој што подвозјето после 10 години и 180000км е како ново и ништо не е чепнато.