Автор Тема: Opel Mokka-E  (Прочитано 5351 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #30 на: 10 Мај 2024, 14:29:51 pm »
1 месец и 2000км поминато од кога е во моја сопственост. Ја земав со 5700 сега е некаде 7700км. Просек 16.3кв/ч а просечна брзина некаде околу 34км/ч ако не се лажам. Потрошено од свој џеб околу 15тина евра за полнење.

Од наредна недела се очекува времето да се стопли, баш ме интересира како ќе биде. Интересно што завчера ми текна да проверам присток на гуми, треба да се 2.5 а сите 4 беа 1.7-1.9  :D

Иако има скромни 136кс, инстантно забрзување од 40-50км/ч до 80тина е мераци за низ град.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #31 на: 03 Јуни 2024, 19:26:25 pm »
Ги свртевме првите 10000км вчера, ќе му дојде 4300км за неполни два месеци.
Презадоволен, немам друго што да додадам. Пуни и вози


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #32 на: 16 Октомври 2024, 09:40:05 am »
6 месеци поминаа сега сум на 20.000км, односно 14к од кога ја земав. Ниту јас очекував дека толку ќе се вози ама кога е гага и солта е блага  ::)

Треба да правам некаков сервис сеа да променат филтер за полен и течност за кочници. Инаку, температурите тука се доста паднати насабајле е околу 0 степена и рејнџот доста е паднат. Ако порано на 50% ми покажуваше 150км рејнџ сега ми покажува 120км. Просекот сега ми е околу 17.5квч на 100км

Интересна фотка додека чекав ред за на технички преглед. Појава беше Ферариво, звукот перверзии.

FERRARI GTC4 LUSSO 680кс


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #33 на: 11 Ноември 2024, 15:28:59 pm »
Мокава денес на 20700км си доби сервис дури и видео снимка ми пратија за подвозјето све објаснето што е и како е. Променија салон за филтер, течност за кочници, регулација на магленки (малце високо биле позиционирани), генерална инспекција и то е то. Ми рекоа дека плочките се 10% потрошени така да не верувам дека ќе ги менувам наредни 5-6 години :D

Возам со goodyear 4season gen3 околу 6мм се, и баш ме интересира како ќе се покажат на снег, сега за сега на минусни температури фатија кај мене топ се гумите немам никаква забелешка.

Сега на ладново си лапа комотно 19-20 кв/ч на 100км така што повеќе од 200км рејнџ тешко   :D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #34 на: 11 Ноември 2024, 15:42:24 pm »
Предобро се гумите и на снег, имам пишувано низ темите како се понашаат на џип од 2.2 тона.
« Последно менување: 11 Ноември 2024, 15:48:24 pm nestor04 »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #35 на: 11 Ноември 2024, 16:24:31 pm »
Мокава денес на 20700км си доби сервис дури и видео снимка ми пратија за подвозјето све објаснето што е и како е. Променија салон за филтер, течност за кочници, регулација на магленки (малце високо биле позиционирани), генерална инспекција и то е то. Ми рекоа дека плочките се 10% потрошени така да не верувам дека ќе ги менувам наредни 5-6 години :D

Возам со goodyear 4season gen3 околу 6мм се, и баш ме интересира како ќе се покажат на снег, сега за сега на минусни температури фатија кај мене топ се гумите немам никаква забелешка.

Сега на ладново си лапа комотно 19-20 кв/ч на 100км така што повеќе од 200км рејнџ тешко   :D

200км рејнџ градска? претпоставувам мислиш отворена со 120?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #36 на: 11 Ноември 2024, 17:03:12 pm »
Не не, градска се разбира. Ако троши на ладно време сега околу 19-20квч а капацитетот е 46.7 нето на батеријата тогаш ќе биде нешто ситно над 200км рејнџ. Сепак нема да ја возам цело време од 100 на 0% затоа викам 200км

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #37 на: 12 Ноември 2024, 00:57:22 am »
200 само градска? Дууд. Менувај под хитно за Кинез. 😁

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #38 на: 12 Ноември 2024, 07:53:20 am »
200 само градска? Дууд. Менувај под хитно за Кинез. 😁
Јас реално кажувам како е. Што сака нека биде и тесла, во зимски период капацитетот на самата батерија е намален плус греење на кабина придонесува за таква потрошувачка. Нема автомобил на струја што во зимски услови е економичен и лапа минимум 20квч на 100км.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2276
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #39 на: 12 Ноември 2024, 08:30:40 am »
Ретко кој реално искуство да не се плаши да сподели. Тука уште има убедени дека тди 5 му троши гратска :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #40 на: 22 Април 2025, 18:03:30 pm »
Славиме 1 година дружење  :) ја земав со 5700 ми се чини сега е точно на 30.000км.  Незнам шо да пишам, колата си ги исполнува потребите за која што е купена, до работа, продавница по деца у школо, тренинзи итн. немам забелешки стварно.


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #41 на: 22 Април 2025, 21:49:52 pm »
Мајсторе си ја исцепал од возење богами. Како прво ауто го користите, така?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #42 на: 26 Април 2025, 07:31:36 am »
@ficomk да ти кажам искрено се купи како второ ауто нели покрај голфот, повеќе жена ми го вози дека јас претежно работам од дома.  Арно ама сфаќаш со текот на времето дека ако имаш две возила, второ ауто станува тоа што го возиш на летни/зимски одмори.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3034
  • Слобода или смрт
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #43 на: 26 Април 2025, 10:57:19 am »
Ако второто ауто е подобро од првото. Во обратен случај никако. Од личен пример

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #44 на: 18 Септември 2025, 08:00:25 am »
Почнува малце на нерви да ми иде колава, ме удараат флешбекови зошто купив француско ауто од искуството со меганот реков никогаш повеќе но тоа е што е.

Пред некој месец се појави порака на шалтабла електрик проблем бла бла, нешто како чек енџин по нашки и влага у сејф мод и возам отрпилика со 30% од снагата, некогаш повеќе некогаш помалку.

Неколку пати се повторуваше и забележав дека нивото на антифриз е под минимум, допунив пола литро со оригинално ПСА и нема проблем, пораката се изгуби возилото беше повторно нормално за возење. После неколку дена пак нивото под минимум упм.

 Ја однесов на сервис и се испостави дека тече антифриз баш каде што цевките за антифриз идат кон делот за ладење на батериите и тука капка по капка си течело. Кога нивото паѓа под минимум иде возилото возилото под сејф мод зошто батериите немаат доволно ладење. Ок го решија проблемот експресно сменија неколку црева за ладење и веќе нема губење на антифриз.

Сега почна некаде на предницата како нешто да гребе при возење без разлика дали забрзувам, кочам или возам константно. Звукот иритира и се слуша од 30кмч па нагоре. Што побрзо возам се повеќе звукот од гребење станува се погласен и на 100кмч звучи како да е лагер отиден. Јас типувам на лагер или полуосовина. Денес ја носам на сервис ќе видиме какво изненадување ќе биде овој пат.

Да напоменам возилото не е ни 3 години старо со поминати 37000км . Очекував да не се замарам со вакви глупости кои што ми трошат пред се време, пари и нерви. Нема ништо полошо од ебавање со проблеми на ново возило. Требаше да си земам ваг ид3 или нешто од корејциве хјундаи кона. Подобро да има некој софтверски глич или тачот да не работи отколку да се ебавам зошто некој француз у фабрика незнае да монтира полуосовина или деловите што ги користат не ги бива за к*р.

Ете така малце да се издувам, ќе пишам после сервис што е проблемот а до тогаш златен голф ќе си возам кој што подвозјето после 10 години и 180000км е како ново и ништо не е чепнато.