Автор Тема: Opel Mokka-E  (Прочитано 2956 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #30 на: 10 Мај 2024, 14:29:51 pm »
1 месец и 2000км поминато од кога е во моја сопственост. Ја земав со 5700 сега е некаде 7700км. Просек 16.3кв/ч а просечна брзина некаде околу 34км/ч ако не се лажам. Потрошено од свој џеб околу 15тина евра за полнење.

Од наредна недела се очекува времето да се стопли, баш ме интересира како ќе биде. Интересно што завчера ми текна да проверам присток на гуми, треба да се 2.5 а сите 4 беа 1.7-1.9  :D

Иако има скромни 136кс, инстантно забрзување од 40-50км/ч до 80тина е мераци за низ град.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #31 на: 03 Јуни 2024, 19:26:25 pm »
Ги свртевме првите 10000км вчера, ќе му дојде 4300км за неполни два месеци.
Презадоволен, немам друго што да додадам. Пуни и вози


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #32 на: 16 Октомври 2024, 09:40:05 am »
6 месеци поминаа сега сум на 20.000км, односно 14к од кога ја земав. Ниту јас очекував дека толку ќе се вози ама кога е гага и солта е блага  ::)

Треба да правам некаков сервис сеа да променат филтер за полен и течност за кочници. Инаку, температурите тука се доста паднати насабајле е околу 0 степена и рејнџот доста е паднат. Ако порано на 50% ми покажуваше 150км рејнџ сега ми покажува 120км. Просекот сега ми е околу 17.5квч на 100км

Интересна фотка додека чекав ред за на технички преглед. Појава беше Ферариво, звукот перверзии.

FERRARI GTC4 LUSSO 680кс


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #33 на: 11 Ноември 2024, 15:28:59 pm »
Мокава денес на 20700км си доби сервис дури и видео снимка ми пратија за подвозјето све објаснето што е и како е. Променија салон за филтер, течност за кочници, регулација на магленки (малце високо биле позиционирани), генерална инспекција и то е то. Ми рекоа дека плочките се 10% потрошени така да не верувам дека ќе ги менувам наредни 5-6 години :D

Возам со goodyear 4season gen3 околу 6мм се, и баш ме интересира како ќе се покажат на снег, сега за сега на минусни температури фатија кај мене топ се гумите немам никаква забелешка.

Сега на ладново си лапа комотно 19-20 кв/ч на 100км така што повеќе од 200км рејнџ тешко   :D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #34 на: 11 Ноември 2024, 15:42:24 pm »
Предобро се гумите и на снег, имам пишувано низ темите како се понашаат на џип од 2.2 тона.
« Последно менување: 11 Ноември 2024, 15:48:24 pm nestor04 »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #35 на: 11 Ноември 2024, 16:24:31 pm »
Мокава денес на 20700км си доби сервис дури и видео снимка ми пратија за подвозјето све објаснето што е и како е. Променија салон за филтер, течност за кочници, регулација на магленки (малце високо биле позиционирани), генерална инспекција и то е то. Ми рекоа дека плочките се 10% потрошени така да не верувам дека ќе ги менувам наредни 5-6 години :D

Возам со goodyear 4season gen3 околу 6мм се, и баш ме интересира како ќе се покажат на снег, сега за сега на минусни температури фатија кај мене топ се гумите немам никаква забелешка.

Сега на ладново си лапа комотно 19-20 кв/ч на 100км така што повеќе од 200км рејнџ тешко   :D

200км рејнџ градска? претпоставувам мислиш отворена со 120?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #36 на: 11 Ноември 2024, 17:03:12 pm »
Не не, градска се разбира. Ако троши на ладно време сега околу 19-20квч а капацитетот е 46.7 нето на батеријата тогаш ќе биде нешто ситно над 200км рејнџ. Сепак нема да ја возам цело време од 100 на 0% затоа викам 200км

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #37 на: 12 Ноември 2024, 00:57:22 am »
200 само градска? Дууд. Менувај под хитно за Кинез. 😁

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #38 на: 12 Ноември 2024, 07:53:20 am »
200 само градска? Дууд. Менувај под хитно за Кинез. 😁
Јас реално кажувам како е. Што сака нека биде и тесла, во зимски период капацитетот на самата батерија е намален плус греење на кабина придонесува за таква потрошувачка. Нема автомобил на струја што во зимски услови е економичен и лапа минимум 20квч на 100км.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2160
Одг: Opel Mokka-E
« Одговори #39 на: 12 Ноември 2024, 08:30:40 am »
Ретко кој реално искуство да не се плаши да сподели. Тука уште има убедени дека тди 5 му троши гратска :)