Сè уште не сум го праел деталниот есап.
Ама (грубо) и во кратки црти:
1 kWh во евтина тарифа е ~2 мкд (сосе ДДВ).
Само на струја колата троши околу ~22-23 kWh на 100 км. Тоа би дошло ~45-46 денари на 100 километри. Секако, тоа е ако возам само на струја, плус не ги сметам тука дополнителните трошоци.
Еве во тоа нека има и 1.7 литри бензин на 100 км, кои по моменталната цена (80.50 мкд за литар 95-ка) би чинеле 136 денари. Меѓутоа тоа е ако возам на бензин. Се погоди 2-3 дена да не возам ич на бензин. Еве и денес, си ги истерав обврските низ град, пројдов околу 35 километри вкупно, бензинецот не стартуваше воопшто. Имам уште 5-6 км рејнџ во батериите.