Автор Тема: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback  (Прочитано 11095 пати)

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #105 на: 25 Мај 2023, 21:40:09 pm »
Дај локација на добра скара.
Лани јадев (не ми текнувс на името) во градот под марковите кули, и ме нанервира тегаво месо. Како гума да џвакам.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4112
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #106 на: 25 Мај 2023, 22:20:59 pm »
Локации има многу. Кај јадеше конкретно памтиш?
Инаку за плин во Прилеп
Плинови Монт
077 722 063
https://maps.app.goo.gl/4k8vNDmjDCuhCU768
Преку река го имате и ТЕ-ЕН.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1978
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #107 на: 11 Јули 2023, 14:30:00 pm »
Да пишам збор два за периодов што измина. 

Веќе поминати скоро 10,000 км од кога е кај мене.

Од првата промена на масло после ремонот ми потроши 1л масло, shell helix ultra 5w-40 беше ставено. Поминати со тоа масло нешто ситно над 8,000 км.
Дали му требаше период да налегнат деловите, или пак не му е погодено тоа масло не знам...

Променето масло и филтер за масло, овај пат TOTAL QUARTZ INEO LONG LIFE 5W-30. Совет од мајсторо беше за лонг лајф масло, па останва сега да видиме како ќе се понаша.
Разлика одма има ептен посмирено и потивко работи моторот.

Регстрирана за прв пат од кога е во мој посед. Технички помина без забелешки. Цена вкупно 19,500 денари со попуст на полиса и зелен картон.

Имав глуп проблем шо ми одеше на страшно ми одеше на нерви. Во лер на семафор на плин кога се вози ми варираа обартаите цело време. Во воезење не се осеќаше воопшто.
Ај доприлеп на матичен плинар па испадна една дизна била најверојатно замената со половна таа беше 2013 а другите 3 беа 2017. Заменета таа со нова и исчистени другите и  подесена мапата. Проблемот се реши.  Цена со попуст 2.000 денари.





Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4112
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #108 на: 11 Јули 2023, 23:18:21 pm »
Како е со термин кај плинарите горе?
Денес поминав, во гаражата имаше 3 возила, надвор пред гаража уште 6, и на тротоар преку улица уште 5-6 возила, не сакав ни да им досадувам да ги прашувам.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14031
  • Пудингот на шоферството
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #109 на: 12 Јули 2023, 00:27:33 am »
@tomaso 
Значи сега за сега и после ремонт,пак си троши масло?
Дали имаше или дали вгради делови кои ќе го отстранат тој проблем познавајќи дека Мазда е и тој мотор е познат по потрошувачка на масло.
Јас се надевам дека е до неадекватно масло...

п.с не сакам ноту да те правам будала,глуп и сл... но за мене лично е проблем ако колата ми троши масло...
Пошо јас сакам да влезам,да запалам и да заминам...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4112
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #110 на: 12 Јули 2023, 11:46:36 am »
Инаку за маслото, најкористено масло за овој мотор според некоја статистика е Ravenol DXG 5W-30 со минимална потрошувачка, а некаде и незабележлива.
Ама пак 5W-40 ако го троши не знам...
Подобро лош квалитет на масло да е отколку нешто друго.
Не се разбирам во ремонти, само кажувам мислење.
А Тоталот не би го ставил во овој мотор, извини, не сакам да ти го расипувам ќефот, ама Тотал не би ставил...

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1978
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #111 на: 12 Јули 2023, 11:54:51 am »
@tomaso 
Значи сега за сега и после ремонт,пак си троши масло?

Па да еве 1 литар.

Дали имаше или дали вгради делови кои ќе го отстранат тој проблем познавајќи дека Мазда е и тој мотор е познат по потрошувачка на масло.
Јас се надевам дека е до неадекватно масло...

Сите делови шо беа потребни ги набавив, се реши проблемот со чадењето и со огромната потрошувачка на масло 5л за 1,500км имав дотурено пред ремонтот.
Останва сега да си пратам како ќе се понаша со новото масло.
 Ова е од мазда од упатството
 
Oва за нов кога би бил, многу производители прават вака за да се заштитат од тужби ако има пробелем некој. Ма да ова за првите газди е битно само. После тоа како ќе ни се посреќи.


п.с не сакам ноту да те правам будала,глуп и сл... но за мене лично е проблем ако колата ми троши масло...
Пошо јас сакам да влезам,да запалам и да заминам...
1л не е многу од промена до промена.
И јас би сакал да влезам и заминам ама ете тоа е тоа.... Ќе си провервам на шипка почесто.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6514
  • French diamond
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #112 на: 12 Јули 2023, 12:56:19 pm »
Многу коли подтрошнуваат масло, дури и светите Бемвина на @changetheoil savethecar, Е90 320д и сегашната е60 530д си бараат дополнување од време на време кај другарчето што ги има/ше. Исто и 116и му трошеше.

Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 336
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #113 на: 12 Јули 2023, 13:22:35 pm »
И пежото 107 1.0 ми троши масло, исто ко кај тебе, до сеа на 4000км направени 400г масло, така да тоа е што е.На следна промена ќе ставам поефтино масло па нека си го троши колку сака.
П.с колата не чади, ауспухот е сув ама па троши и то е то.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1712
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #114 на: 12 Јули 2023, 13:46:53 pm »
Полото што го имам дома 1.2 тди си троши по литро и нешто ситно на 10к км. Читав на нет дека тие мотори исто фабрички си трошеле, плус 300к км извозени.

Вчера нов Тигуан ме помина и остави црн облак позади него , 2018та нагоре моделот,  најновиот. Ваљда и тој си троши 🤣

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4112
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #115 на: 12 Јули 2023, 13:50:54 pm »
Или ДПФ и катализатор нема.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1611
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #116 на: 12 Јули 2023, 14:16:10 pm »
Или ДПФ и катализатор нема.
Неќе да е до тоа, познавам луге со извадено све и егт дпф и чип и не димат али правено кај професионалци :D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4112
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #117 на: 12 Јули 2023, 14:23:43 pm »
Не кај секое возило чади после вадење на ДПФ, исто така зависи кој физички го отстранувал ДПФ-от, софтверски сите го исклучуваат со готова програма (кај 90% од возилата)  ;)
И под полна гас скоро секое дизел возило без ДПФ пушта чад.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17279
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #118 на: 12 Јули 2023, 14:54:48 pm »
Црн чад нема поврзаност со присуство или отсуство на DPF.

Кола со исправен систем за вбризгување гориво и фабричка мапа нема да чади, колку сакаш стискај ја.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4112
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #119 на: 12 Јули 2023, 15:03:25 pm »
Не би рекол така. Знам дека се сомневаш во дизни од црн чад и тоа е најчесто проблемот, НО после вадењето на ДПФ-от тоа возило ќе чади МНОГУ повеќе.
Ако со минимално оштетени дизни чадело при полна гас, сега ќе чади многу почесто.