Денес на 204.748км купени и монтирани летни гуми. Се одлучив за Petlas Velox sport pt741 дот 0523 димензија 225 45 18
Цена 22.000 денари со вклучена монтажа и балансирање. Купени од редауто Битола.
Турски бред е овај, наводно биле добри, спрема платено добиено. Подобри биле од кинеските. Поскапа димензија е ова, за нешто од типот на Нехен или Сава ќе требаше 500 евра да платам. За кола од 120кс и нормален начин на возење сметам дека би биле во ред.
Со 18ките дојдоа 3 Alvanti dot17 гуми i една Boto dot16. Први имресии одма послесен воланот и потвивка и помека е гумата. Ќе видиме шо сум купил да ги развозам и да пробаат сонце и топол асфалт.
Меѓувреме продаени едниот сет 16ки бадажи. Останваат црните за зимски сет.
Прашње летни гуми решено.
Наредно на листа ми е хемиско.