Автор Тема: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback  (Прочитано 14804 пати)

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #165 на: 23 Март 2024, 16:17:16 pm »
Го видов батерискиот пиштол за тркала, баш по таков ќе одев сега да си земам, го има во Лидл на акција за 80€...брка работа ?

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #166 на: 23 Март 2024, 16:19:26 pm »
  Да земиш, не се думај брка работа.На двете коли за 15 мин завршив работа.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #167 на: 09 Јули 2024, 18:19:26 pm »
Да пишам тука за периодов што измина. Откажа никен ледот. Година и пол издржаа. 2 пати под гаранција се менуваше една сијалица. Вратени назад халогенките. Не ми се експериментираше со други  лед.

Вчера регистрирана по втор пат во мој посед. 20,600 денари со зелен картон и попуст на полиса. Лани 700 денари помалку сум платил. Попусто од осигурање го јади техничкиот преглед. Тој е поскапен ради х причини....

Сабајле рикна акомулаторот, па купен нов Хаген 55ах тој беше единствен со лев плус во дуќано. Прв пат слушам за ова фирма.Ама ај Има 24 месеци гаранција.
Цена со стар вратен 3,000 денари.

Останва уште Орух асистенција да се купи. Поднесов барање преку Телеком па еве 3ти ден никој не ме побарал.
Извадена и нова меѓународна јер менав национална со северна.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #168 на: 09 Јули 2024, 19:02:39 pm »
Вратени назад халогенките. Не ми се експериментираше со други  лед.

Обично вака завршуваат сите експерименти со афтермаркет ксенони и ледови. Добра одлука си направил.

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #169 на: 09 Јули 2024, 19:48:41 pm »
Што знам, јас ставив лед, ги извадив за да поминам технички и сега одвај чекам да ставам пак.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #170 на: 09 Јули 2024, 22:52:57 pm »
Ако се решам да прежалам 100тина евра за некој бренд како Осрам или Филипс за лед сијалици ќе мора прво да се исклучи таа глупава опција што ги пали светлата пред да запали колата.
Без разлика дали се на офф или на ауто позиција светнуваат за секунда, па вергла и пали колата и пак се пуштаат светлата.
Сметам дека ова му го крати векот значително. Не знам зошто е вака подесено...

Грдо изгледа сп фабрички лед позади, лед на позиција во фар и жолта халогенка. Фарот е со лупа, која не е оштетена, убаво осветлува и со халогени и со лед. Нема разлика освен што свети жолто. Изгледа како постара кола... :)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5896
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #171 на: 09 Јули 2024, 22:55:53 pm »
Осрам оригинал жолти и терај со години.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #172 на: 09 Јули 2024, 22:58:44 pm »
Нејќам жолти да се. Инаку на кола едната е Magneti Marelli со дот 2008ма

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: 2008 Mazda 6 GH 1.8 mzr hatchback
« Одговори #173 на: 29 Октомври 2024, 11:55:18 am »
Викендов сменат летниот сет со зимски, поради градежни активности пред зграда, зад преку паркинг....
Многу веројатно асфалт до пролет 2025 да не видам наоколу па си велам шо да ги мавам 18ките,
вака на 16ка со 60 профил помеко е во секој случај.
Со летнниот сет сум поминал нешто ситно над 8.500 км. 

Останува нареден викенд фаровите да ги исполираам, не издржаа ни година од полирање влокална перална.
Купен Sonax headlight polir, имам шмиргли 3 различни градации па ќе ги средам сам овај пат.

И мал сервис доаѓа на ред.