Автор Тема: Opel Astra G 1.4 16V TNG  (Прочитано 60409 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #360 на: 22 Април 2023, 22:56:14 pm »
Механичаров некако „гранапски“ муабети тера...
Зошто мислиш така?
Според мене е подобар отколку Маршер, сѐ по пропис менува, по Haynes manual (го имам дома и сигурно и тој има доста читано) и не наплаќа скапо како Маршер(кој не ја врши работата до крај и ме убедува дека со промена на деловите добивам повисока компресија, односно 7.3 бари).
А и истиот ја сервисираше Антарата 7 години и никогаш дефект немаше освен црево за турбина кое 3 пати го менувавме со ОЕМ ново и половно и сите ги кинеше поради overboost од ремапот, валјда имаше над 190 коњи. Секогаш поминувавме со масло и филтри и ретко предница и ден денес е во перфектна состојба и се наоѓа во Прилеп.
Абе може била добра кога ја проверил ама после почнала да пушта. Плус 100.000 км за водна пумпа се премногу. Афтермаркет водниве пумпи се мењаваат на 5 год или 50.000км
Сетот е сменет 2020 година. Има само обично ливче в кола за тоа што не е ни веродостојно. Газдата вели дека поминал 100.000км во 2 години така да само масло дотурал и многу антифриз бидејќи се губел антифризот поради скинато црево и поради тоа моторот е оштетен на третиот клип (поради недоволно ладење), но тој тврди дека додека била кај него не била прегреана, а имаше нов дихтунг. Интересно. А можеби наредните тројца после него кои ја смениле астрата во неполн месец ја прегреале.
« Последно менување: 22 Април 2023, 23:04:45 pm nestor04 »

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #361 на: 22 Април 2023, 23:02:34 pm »
Пак е премногу 100.000км со иста водна пумпа да поминеш. Друго не разбирам сега, моторот е тој оштетениот што го имаше или има друг?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #362 на: 22 Април 2023, 23:09:37 pm »
Има нов мотор, стариот го продавам.
Има едно типче околу 20тина год и 2 пати неделно прашува за моторот, неговиот чукал, мајсторот дебело му наплатил за штелување подизачи, вентили, што ти не и пак чука, сега му е страв да го земе мојов мотор, а не му се даваат 400€ за исправен мотор.
Прво му реков 8000, прифати и по 10 минути ми се јави и ми вели скапа ми е промената од 9000 ден.
Потоа неколку пати се јавуваше да му го дадам блокот, за него барам 100€, но ако му го дадам блокот ќе треба да прави комплетен ремонт над 800€.
А за моторот му гарантирам дека ќе нема мака, ни трошење масло, ни загревање, ни тресење (тоа беше до ламелата) и дека може да вози кај сака. Колку пари толку музика. Претходниот газда ако не видел мака и направил 100.000км за 2 год со нормално одржување нема ни новиот газда да види мака.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #363 на: 23 Април 2023, 02:54:57 am »
Ги испробував опциите на апликацијата Fuelio и се заиграв, 3 часот дошол 😬
Ги внесов сите податоци кои ги памтам, односно сите сервиси досега на астрата и излезе оваа пресметка, утре ќе комплетирам со точна километража и по некоја слика, па доколку сте заинтересирани ќе ја пуштам листата како фајл тука.
Мислам дека после ова некои прашања околу одржувањето на астрата ќе бидат појасни.
Не ми се напишани сигурно некои работи, а намерно ми се заоставени парите фрлени за дијагностика, тука има уште некоја илјадарка, но тоа е деуга тема, односно тоа ме натера да почнам да се занимавам со дијагностика, но правилна дијагностика со цел откривање и решавање на проблемот со малку пари и задоволен муштерија, не само лапни 500ки (Лало) и утре пак да се гледаме за истото.
« Последно менување: 23 Април 2023, 03:27:17 am nestor04 »

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43716
  • Il Moderatore
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #364 на: 23 Април 2023, 06:06:13 am »
Механичаров некако „гранапски“ муабети тера...
Зошто мислиш така?
Може е добар мајстор, не викам дека е лош, ама муабетот дека нов сет ремени „ја затега“ пумпата и тоа ја расипува, некако не држи вода. Затегачот е тој кој што регулира колку ќе биде затегнат каишот, и тој ако изгуби својства (не затега доволно), ќе ти го расипе моторот, ќе рипне некој забец. Новиот нема да створи поголема тензија на деловите од стариот. Исто и муабетот со ременот, ако имал забец повеќе дека немало да запали колата. Затоа мислам така. Дека му се муабетите лабави. Секако дека е во право кога вели дека треба да си биде ременот точен и дека не е лошо пумпа да се смени кога се менува комплет сет ремени, само причините му се чаршиски :) Ако новиот сет стварал поголема тензија, ќе ствара и на нова пумпа, не само на стара.
Ти секако кажи му „мајсторе, како мислиш така праи, само нека биде се` во ред“, ама не му се фаќај многу за муабетите :)
« Последно менување: 23 Април 2023, 06:27:47 am Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #365 на: 23 Април 2023, 09:21:44 am »
Јас немам многу разбирање во механичкиве работи, тој нема во електроника и некако се погодуваме 😂
Многу пати сум му средил коли со ел. проблем кој на дијагностика не дава грешка. И тој многу работи ми ги средил за кои не ми наплатил а јас не сум знаел дека се дефект и затоа оставам на него.
А муабетите се друго.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #366 на: 23 Април 2023, 19:56:07 pm »
Се развози астрата како никогаш досега и е конечно спремна и исправна за подолги патувања (можеби и над 1-2 илјади км во еден правец).
Еве уште една просечна потрошувачка на 100км. отворено и некој километар ± градска.
Релација Прилеп-Асамати-Претор-Асамати-Прилеп(Лукоил)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #367 на: 23 Април 2023, 23:32:01 pm »
Кога веќе отвораше за водна пумпа, да сменеше и сет каиш, барем за Астрава е под 50€ сетот…

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #368 на: 23 Април 2023, 23:34:30 pm »
Мал е, ќе научи...

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #369 на: 24 Април 2023, 09:27:31 am »
Кога веќе отвораше за водна пумпа, да сменеше и сет каиш, барем за Астрава е под 50€ сетот…
Маршер го смени комплет со затегачи и мајсторот рече дека се добри и квалитетни.
Вие секоја година каиш менувате?🤔🤔
Според мене 6000км и 1 година се малку за да сменам нов каиш.
Еве поискусниве нека пишат јас толку знам.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #370 на: 24 Април 2023, 23:19:48 pm »
Мала дружба со стариот газда од астрата и наследникот на таа астра.
После подолг кафе муабет и вожња заклучив дека астрата сум ја спасил од преса.
Овој пат ми призна дека ја прегреал.
Story time:
Возел до Струмица и застанал да полни гориво на некоја бензинска Окта и девојка му забележала дека температурата е на максимум.
Чекал да излади 1ч и тргнал да вози до Струмица.
Ја возел така 40 илјади км.
Потоа си тргнал до Прилеп и во Прилеп замрзнала расплињачата(ако добро разбрав).
Мајсторот каде ја сервисирал му рекол да ја отвори капачката за антифриз и кога отворил внатре било кафено и густо(како маст) најверојатно измешала вода и масло.
Мајсторот ја испуштил течноста(маста), пуштил вода да врти и му рекол наредниот ден да тури пак нова вода и му покажал како да ја испушти.
Газдава го послушал и наредниот ден наполнил вода, проверил парното дали работи и наеднаш избило црево од кај ладњакот. Ја повозил низ град кратко и пак избило цревото. Се јавил кај другар да му донесе стеги и антифриз. Ставил стега и ја престегал да не може да избие. Турил антифриз и тргнал за Струмица. По пат пак прегреала и изгубила антифриз. Тој на жежок мотор турил ладна вода и иако бил исклучен моторот тој затресол. Пак извозил 30-40 илјади километри и изгубил парно на -10°C. Отишол кај друг мајстор и му рекол дека термостатот бил оставен отворен и не качувал повеќе од 80 степени. Газдава пак заминал кај легендава во Прилеп и тој му рекол дека моторот сака рамнење на глава и нов диктон и најверојатно поради тоа Маршер рече дека моторот бил пресно отворан.
Инаку тој ја купил во уште поочајна состојба и го молел Битолчанецот Иван (доста познат во Битола за препродажба на коли) да му ја спушти цената на 1750€ иако колата немала серво, резервен клуч(барал 1000 денари за обичен резервен клуч) и тресела на 60 км/ч. имала гуми колку да не вози на бандажи и не можеле никаде да откријат што е проблемот со тресењето и по промена на бандажи, гуми, амортизери итн.
Проблемот сам од себе се решил (така кажува тој).
Доста се толку детали, иако човекот 3ч ми кажуваше што сменил како сменил и дека ден без дефект немал додека ја одржувал. Кога престанал да ја одржува поминал 100.000км во 2 години без некој поголем дефект, односно не менувал дискови (иако плочките фаќале на 2мм и се исплашив кога видов иако колата перфектно кочеше) и ја оставил да треси на тргнување, како мене што ми тресеше кога ја купив(лош сет ламела).
Човеков рече дека можи подкаст да снима за астрата и нејзиното одржување (од лоши мајстори) и купена со измешано масло и вода, и тој како мене (имал 19 години кога ја купил) не отворил хауба кога ја купувал и изгледот го излажал, имала добра линија за годините (како и денес). Исто така мислел и дека има клима и кога дошло лето барал AC копче, но не нашол 😂
Инаку додека била кај него била со здрава гумица на волан (за свирка) шро значи дека или бил менуван или имала малку километри но не била добро механички одржувана.
И на крај една слика


Една слика од времето кога астрата била кај претходниот газда

« Последно менување: 24 Април 2023, 23:32:06 pm nestor04 »

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #371 на: 30 Мај 2023, 15:10:43 pm »
Немам одамна слика постирано, ниту пак нешто пишано, еве масло откако сменив 1000+ км има и немало дефект досега (фала Богу).
Темава не можев да си ја најдам дури на 2 страна на средина беше  ;D
Еве сликче од денешното капење "Пред дождот"
Едит: Да надополнам дека после долго време патосот е сув, кривец беше заптивката(гумицата) на сајлата од хаубата, можеби се оштетила кога се отвараше моторот, кога се вадеше стариот или се ставаше новиот, можеби од сервисирањето на плинот, а можеби и од време.
« Последно менување: 30 Мај 2023, 15:47:23 pm nestor04 »

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6847
  • French diamond
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #372 на: 30 Мај 2023, 15:19:28 pm »
Убо си ја чуваш, кошта то знам, ама нема спас и јас сум таков, ако е 13 години стара, јас сакам да биди ко нова, болест  ;D Се надевам со стареењето ќе се намали таа "болест"

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #373 на: 30 Мај 2023, 15:22:46 pm »
Не да кошта... ;D
Ајде си велам млад сум ќе ми помини за некоја година "болеста"  ;D ;D

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #374 на: 31 Мај 2023, 08:11:24 am »
Убо си ја чуваш, кошта то знам, ама нема спас и јас сум таков, ако е 13 години стара, јас сакам да биди ко нова, болест  ;D Се надевам со стареењето ќе се намали таа "болест"
Ќе се намали, верувај :)
Претпоставката е мајката на сите заебувања