02.03.2026:
159,039км
Осигурување+зелен картон+технички преглед
Трошоци:
Автоодговорност - 5,878 ден.
Зелен картон - 3,690 ден.
Регистрација и технички преглед - 5,590 ден.
Вкупно - 15,158 ден. - 568 ден. попуст од осигурителен агент = 14,590 ден.
Треба да сменам сијаличка на таблица (изгорена е), жичките од аирбагот под седиште ги залемив убаво, малку е зголемен отпорот (некаде има проблем, ама ништо страшно, не свети сијаличка) и во меѓувреме откажа auto-cancelling-от на жмигавците (сигурно е скршено пластичето во палката), па ќе сменам Febi или оригинал GM палка нова. Ќе се направи мал сервис деновиве (помина повеќе од 1 година) и малку ме нервираат вибрациите во лер (на 1000 вртежи работи перфектно, на 750 има некои вибрации), сменети се 3 од 4 држачи на моторот, а најбитниот, т.е кај менувачот не сум го сменил, ќе се среди и тоа.