На 150193 километри променети два стабилизатори MOOG, набавени пред неколку месеци од кај најбољиот добавувач на делови -
@Prcot.
Овој пат наместо кај Жаре поради несогласувања во распоредот, отидов кај Горан Кметовски што за стабилизаторите, што за некои ситници што ги приметив, а не знаев дали се проблеми или Alfitis.
Па така, по моја иницијатива проверени:
- покрај стабилизаторите, цела предница и држачи на мотор/менувач, како и задница со хебли, клешти, и што ти ја знам, барајќи било каква луфта. Освен тропкањето од едниот стабилизатор, немаше посебна причина зошто, само сакав да се види дали има нешто дотраено.
- разработување на задни шепи, бидејќи Жаре веќе ги разработи и подмачка и предните, па да си спречам проблем во иднина.
- некое неприметно звукче од кај усисот, што испадна дека не било ништо
Добив коментар дека колата е во перфектна состојба механички, и дека е еден од најдобрите примероци на MiTo на кои работел и ги провозил.
Подвозјето сега е стегнато по мој вкус, без непотребни звуци (освен наравно пластики што крцкаат по дупки), и колата ми е спремна за седење во гаража поради 112 денари литар гориво од вечер па натаму