Апдејт на виртуелна гаража (да не речете престанале луѓево да фрлаат пари по канта Алфи):
На дупки тропаше позади нешто како разлабавено, што кај MiTo може да е знак дека буферите на амортизери се капут, ама јас си ги сменив превентивно уште кога ја купив.
Испадна дека од натиснување пукнало пластичното поткрило кај што се спојува со спојлерот, и една од ушките со кои се закачува спојлерот на шасија.
Не знам дали од мене кога сум паркирал рикверц и сум удрил во гумите што ми стојат позади кола (ми се има случено повеќе пати од што треба

) или така сум ја зел:


Барав ново поткрило по овие ДелМак, Каросерија.мк, задни немаа, само предни, пa ја оставив во еден сервис и си ги залепија и појачаа со мрежа точките кај што пукнало.
Втора работа, слушав некое сиииитно, неконзистентно тропкање напред десно. Де го има, де го нема, не можеш табиет да му најдеш. Жаре ја гледаше, рече "многу малку ми мрдна стабилизатор ама не можам пак да го повторам".
Ме нервираше, и кога нашиот драг
@dbl.dzo пиша за следниве сервисери, решив да си ја пробам среќата:
@DarthJe5us сега баш тоа сакав да го пишам, и не, не е Жаре 
Авто Сервис Спасе, до продавничката на Крис и Том во Чаир [Или некаде е како Сервис МД Шишко]
Локација: https://goo.gl/maps/s2uwGNnv8VKccH7u8
Бесплатна (и темелна) проверка на подвозје до 10 наутро.
Има и апаратура за центрирање на лице место.
Ако немаш проблем со неговиот хумор, мајстор и пол е.
EDIT: 075 204 205
Ја ставија колата на канал, им напоменав дека тропка таа страна и откако ја прегледаа другата, се фокусираа тука да го најдат проблемот, и излезе стварно стабилизаторот во мноооогу почетна фаза.
Претходниот ден ја перев колата и од доле во Градска Перална, и ми вика мајсторот "ја ќе ти речев да не го менуваш ова зошто има за терање уште, ама гледајќи ја колава - нема да ме послушаш. Ај со здравје терај си, се гледаме за убави работи".
И така, истиот ден нашиот драг
@Prcot ми прати понуда што има на лагер, си избрав MOOG зошто немаше TRW, и еве, сеа уште да се сменат

