Подвозјето сега е стегнато по мој вкус, без непотребни звуци (освен наравно пластики што крцкаат по дупки)
Да се самоцитирам, да знаете што не треба да кажете доколку сте сопственик на еден стар Alfa Romeo автомобил.
Си протропа заден амортизер. За волја на вистината, задните не беа на ниво на нови, ама работеа доволно да не предизвикуваат морска болест на автопат.
Како открив? Компресорот за гуми на Макпетрол кај Педагошка ми ги препумпал гумите за 0.5 бари, и задните беа на 2.6 наместо на 2.1. Тие ситни вибрации што до пред некое време гумата ги "средувала", сега останале на амортизерот - а тој очигледно неисправен
@Prcot немаше на понуда нешто прифатливо за мојата економска состојба на крај на месец, па АвтоЛидер карши Олимписки ми продадоа Monroe Original за 4050 денари пар (си прашав за попуст како секој сиромав, и си добив, редовна цена околу 5000 беше).
Ќе има и апдејт за климата, сервисот за клима на проверката откри дека од хладњакот за клима има останато уште околу 60% - малку така се распаднал од швицарска сол на патишта.