Автор Тема: Аудиo опрема  (Прочитано 312025 пати)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #540 на: 29 Јуни 2014, 00:34:08 am »
Прекрасно. Само каблите потсреди ги.

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Re: Аудиo опрема
« Одговори #541 на: 29 Јуни 2014, 01:13:40 am »
Ваљда ќе ги подсредам за година две кога ќе ги вратам на место :-) Во моментов звучките и појачалото се дигнати на плакар (на сигурна висина) пошто малиот почна колички да си вози по нив, па да не ги оштети.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #542 на: 29 Јуни 2014, 01:46:58 am »
Тукушто пробав нов УСБ кабел. Неверојатно колку се по прозирни високите. Истото целата звучна слика има свиленкаст чоколаден шмек. Басот е исто многу цврст, слоевит и не е буми.

Ќе пишам утре што кабел е и која должина.


Ваш

krell

како почна да редиш компарации со чоколади и свила, кога спомна дека е цврст (басот) и слоевит, одма ми дојде слика на затегнато црнечко женско дупе (големина на 2 листа од нова македонија) :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #543 на: 29 Јуни 2014, 10:01:59 am »
Krell ми должи пиво.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #544 на: 29 Јуни 2014, 10:16:08 am »
Krell ми должи пиво.
ти му го најде кабелот со чоколаден звук?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #545 на: 29 Јуни 2014, 10:39:20 am »
Не не, јас му предложив да го потопи кабелот во чоколаден пудинг пред да го уштека.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #546 на: 01 Јули 2014, 07:52:44 am »
вчера бев во аудио центар,овој звучник ми е во план да го земам.
specs:FREQUENCY RESPONSE:   59Hz-24KHz ± 3dB
Дени ќе рече му фали бас,ќе треба и вуферче,ама едноставно поради големината на просторот,а и да не ми се претвори цела дневна само во звучници и да доминираат,мора да идам на ваква мала варијанта на звучник.Вуфер не планирам сега за сега.
Ги слушав на HK 3700,немаа во моментот HK 3770 кој планирам да го земам.
Звукот беше одличен,мене ми беше многу пријатно за слушање,навидум не беше гласно,ама кога пробавме да збориме со типот кој седеше до мене,скоро и да не се слушавме.На тивко исто свират супер,се слуша се,а во таков режим и ќе се слушаат 99 % од времето.
Бев и во алфа аудио,треба денеска да ја слушнам таму оваа комбинација звучници и рисивер

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #547 на: 01 Јули 2014, 08:35:07 am »
На прав пат си. Земи ги дома, нека дојде и претставник ако не го мрзи и намести ги и слушни ги. :)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #548 на: 03 Јули 2014, 07:35:30 am »
ги земав Klipsh-от и HK 3770,вчера до 12 вечерта протињав кабли се ебавав,али ќеифот се исплатеше.Џејмисон уз Barry White и право уживање.Ептен касно беше да го оптеретам,али и на ептен ептен тивко се слуша феноменално,не се напрегаш да чуеш што пеат,сите звуци ги распознаваш.Мерак мерак невиден :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #549 на: 03 Јули 2014, 08:07:02 am »
Дали направи споредба со некој друг модел, појачало или пак други звучници?

И на мене мини системчето ми свиреше перверзно добро се додека не купив EI и HSR160-ka.
После уствари кога купив други звучници и друго појачало, сватив дека уствари ова биле звучки за терање забави.
Афтер дет уствари кога комплетно земав и CD и нов ресивер, па потоа и други звучки, свтив дека и тие претходните биле тиња.

Затоа прашав дали имаш направено некаква компарација, за да изградиш неква слика за звукот кој ти бил презентиран.

btw, создравје да си ги користиш.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #550 на: 03 Јули 2014, 19:07:23 pm »
Фала,поубави да си купиш :)
пред некој месец ги слушав JBL E(S)80 и BW 684,на HK 3490,и јасна беше разликата.
Меѓутоа,кога дојде моментот за купување,морав да направам компромис во однос на големината на звучниците,е тогаш немав некој избор за стоечки звучници со помали димензии,а bookshelf немам каде да ги ставам.
Сепак,ова ми е прво купување на звучници и рисивер,а меракот уште од средно ми е,и мислам дека не направив лош избор.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #551 на: 03 Јули 2014, 19:09:09 pm »
Самиот избор на Klipsh e одличен, и го разбирам меракот наполно!

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #552 на: 03 Јули 2014, 19:32:41 pm »
Фала,поубави да си купиш :)
пред некој месец ги слушав JBL E(S)80 и BW 684,на HK 3490,и јасна беше разликата.
Меѓутоа,кога дојде моментот за купување,морав да направам компромис во однос на големината на звучниците,е тогаш немав некој избор за стоечки звучници со помали димензии,а bookshelf немам каде да ги ставам.
Сепак,ова ми е прво купување на звучници и рисивер,а меракот уште од средно ми е,и мислам дека не направив лош избор.

Bookshelf само се викаат така, инаку се предвидени да стојат на сталак. Осетна е разликата помеѓу Bookshelf звучници на полица во однос на истите на добар сталак и тоа цврсто зашрафени.Така да стоечки и Bookshelf зафаќаат исто простор

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #553 на: 03 Јули 2014, 20:51:45 pm »
Bookshelf само се викаат така, инаку се предвидени да стојат на сталак. Осетна е разликата помеѓу Bookshelf звучници на полица во однос на истите на добар сталак и тоа цврсто зашрафени.Така да стоечки и Bookshelf зафаќаат исто простор

Кој рече дека со крелл за ништо не сме се согласувале?

Добро позициониран букшелф звучник на добро позициониран сталак звучи осетно различно од истиот тој звучник закуцан у регал. Ставањето звучник у регал или полица е очајничка мерка, нужно зло за апсолутно минимални простории во кои е потребен каков-таков звук, а нема никакво друго решение за местото на звучниците. Во секое друго сценарио - сталак со добро обмислен слободен простор наоколу ќе тонесе значајно подобар звук (т.е. помалку рандом филтрирање од блиски предмети)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #554 на: 03 Јули 2014, 21:54:03 pm »
Хипотетички, зошто би земал букшелф ако ги ставаш на сталаг? Освен ако ти се поклон...