Автор Тема: Аудиo опрема  (Прочитано 311997 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #555 на: 03 Јули 2014, 22:00:54 pm »
Хипотетички, зошто би земал букшелф ако ги ставаш на сталаг? Освен ако ти се поклон...

И лаик, а не па познавач би знаел дека сталците играат огромна улога во звукот. BookShelf се предвидени на сталак и дефинитивно изборот на сталакот влијае на финалниот резултат.Кога купуваш Bookshelf, обавезно купуваш и сталак предвиден за звучникот


А некој би зел Bookshelf а не floorstander поради одредени предности што bookshelf от ги имаат поготово во мали соби. Секако и лаик би го знаел ова а не па познавач.

B&W 805s подобро звучат од 803s во одредени соби. Дури во еден мој разговор со еден од технички лица на Bowers & Wilkins, и тоа човек што може да го има било кој звучник што го сака, негов избор за него лично беа Bookshelf и тоа 805S (го прашував зашто не ги слуша 802D, него лично повеќе му се свиѓале малите Bookshelf (чии сталци чинат 500 еур, и има зашто се толку).

Би зел Floorstander секогаш во однос на Bookshelf, само некој што купува звучник на метро, а не ради уживање. Bookshelf на добар сталак, и цврсто зашрафен и со слободен простор има и те како добар шарм.Imaging -от на мали звучници е скоро секогаш подобар од големи. Floorstander секако бара уште поголем простор понекогаш (зависи од дизајнот).



@FilipV ќе мора да го прославиме нашево слагање :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #556 на: 03 Јули 2014, 23:04:56 pm »
Јасно дека повеќе му се свиѓаат. Го разбирам човекот.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #557 на: 04 Јули 2014, 17:17:11 pm »
Хипотетички, зошто би земал букшелф ако ги ставаш на сталаг? Освен ако ти се поклон...

Зошто да не? Звучат добро, а со сталак ќе ги наместам кај што ми паше. Регалот не можам да го мрдам, но сталаците можам.

И лаик, а не па познавач би знаел дека сталците играат огромна улога во звукот.

Позицијата на звучникот е тоа што има огромна улога на звукот. Сталакот служи да го доведе звучникот на таа п озиција. Иначе, сталакот сам по себе нема огромно влијание на звукот (се разбира, освен ако не се клати и крцка).

Imaging -от на мали звучници е скоро секогаш подобар од големи.

@FilipV ќе мора да го прославиме нашево слагање :)

Таман ќе речев ајде, ме сецна со imaging-от кој бил секогаш подобар кај мали звучници. Пак си ми сумњив.

Ајде да видиме што ќе одговориш: Крелл, што е тоа imaging?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #558 на: 04 Јули 2014, 17:19:31 pm »

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #559 на: 04 Јули 2014, 17:21:03 pm »
Aбе ти крелл се викаш?  :D

Kрелл, на тоа мислеше под imaging? На stereo imaging?

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #560 на: 04 Јули 2014, 17:37:43 pm »
Aбе ти крелл се викаш?  :D

Kрелл, на тоа мислеше под imaging? На stereo imaging?

На кратко (на излегување сум).

Сталакот има огромно влијание во звукот и не само ради положбата. (Секој што пробал со разни сталци знае). Некој што не пробал и теоретски пак напамет претпоставува дека сталак е сталак и нема разлика.

Посебно басот и цврстината на звукот знае да зависи од сталак.

За што е Imaging веќе ти одговорија.

Ако одиш на теоријата дека Imaging зависи исклучиво од твитерите и тука си во заблуда.

И да.. Воглавно Bookshelf позиционирани на прави сталци, имаат подобар Imaging од floorstand ери. (Има исклучоци не е ова апсолутно секогаш)

 



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #561 на: 04 Јули 2014, 17:40:06 pm »
Хипотетички, зошто би земал букшелф ако ги ставаш на сталаг? Освен ако ти се поклон...

Зошто да не? Звучат добро, а со сталак ќе ги наместам кај што ми паше. Регалот не можам да го мрдам, но сталаците можам.
Незнам, веројатно зошто јас не би го сторил тоа. :) Би ги ставил на букшелф, односно комода некаква. Повеќе пати го спомнуваш регалот, незнам што подразбираш под регал - јас подразбирам нешто масивно. Немам, ниту планирам да имам регали во мојот дом. Не замислив опција во која ќе имам регал, можеби затоа. Но сепак сталаци на доаѓаат во предвид, во никој случај. Како афтертот ми изгледаат во една убава и стокмена дневна соба.



Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #562 на: 04 Јули 2014, 17:50:46 pm »
Сталакот веројатно има ефект каков што имаат акустичните сунѓери за мониторите.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #563 на: 04 Јули 2014, 17:55:03 pm »
Сталакот има огромно влијание во звукот и не само ради положбата. (Секој што пробал со разни сталци знае). Некој што не пробал и теоретски пак напамет претпоставува дека сталак е сталак и нема разлика.

Посебно басот и цврстината на звукот знае да зависи од сталак.

Oва не сум сигурен дали си озбилен или се заебаваш на сопствена сметка.  :)

Ако одиш на теоријата дека Imaging зависи исклучиво од твитерите и тука си во заблуда.

Ma не. Стерео сликата, навистина, се формира воглавно во горниот дел од спектарот, меѓутоа на уверливоста на стерео сликата влијаат мал милион фактори, од кои секако најзначајни се продукцискиот процес (како е снимена и намиксана музиката), акустичките карактеристики на просторијата во која се слуша музиката и позицијата на звучниците/слушателот во истата. Значението на типот на звучниците е речиси занемарливо, ако се спореди со овие претходниве фактори.

Единствена причина поради која букшелф звучници би можеле да градат по јасна стерео слика од големи звучници е затоа што букшелф звучниците имаат помалку бас, што во типично катастрофално лоша правоаголна просторија значи помалце шмрљаници и рефлектирани говна, па затоа стерео сликата веројатно ќе биде по јасна. Потполно истото би се постигнало и со просто намалување на бас ако користиш големи наместо букшелф звучници.

Сталакот веројатно има ефект каков што имаат акустичните сунѓери за мониторите.

Акустични сунѓери за монитори? Мислиш за акустични облоги за просторијата, или?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #564 на: 04 Јули 2014, 18:02:54 pm »
http://www.auralex.com/sound_isolation_mopad/sound_isolation_mopad.asp
Лошо се изразив не ми текнуваше како се викаат.  :(
Искрено не знам ни дали прават нешто корисно пошто само имам читано.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #565 на: 04 Јули 2014, 18:11:20 pm »
Oва сигурно може да влијае на звукот - ги спречува вибрациите ригидно да се пренесуваат на сталакот. По дефиниција тоа е добра ствар, пошто сакаш да се клати само мембраната на звучникот, а не све комплет со се сталак.

Од друга страна, дали самиот сталак бил дрвен, метален, со ваков или онаков облик, која боја или арома бил, дали чинел 20 или 2000 евра... сето тоа има минимално или никакво влијание на звукот, без оглед што пљампа аудиофилската псевдонаука. Тој треба само да биде со правата висина, да биде цврст и добро склопен (да не зуи и вибрира) и да биде стабилен (да не се превртува лесно со се звучникот)... и да биде убав на око, да не ја оружнува просторијата. А прикаските за овој сталак ваков звук оној сталак онаков звук се глупости.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #566 на: 11 Август 2014, 22:24:14 pm »
@krell

Те поздрави момчево со еден мал дел од свирката во катедралата во Лајпциг
:)


Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #567 на: 11 Август 2014, 22:51:22 pm »
Фин поздрав :) Да завршам со електричар и молерај, па може да го испоштуваме кај мене уз пиво или вино.


Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #568 на: 13 Август 2014, 16:21:06 pm »
@krell
Колку да не ти биде досадно додека малерисуваш и штемаш по дома :)

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #569 на: 13 Август 2014, 16:30:58 pm »
@krell
Колку да не ти биде досадно додека малерисуваш и штемаш по дома :)


Wooow.. Знаеш како знам дали нешто ми се бендисува или не? Ако се наежам дури го слушам ми се свиѓа ама екстремно :)

Ова е нешто феноменално и фала ти што ми го откриваш, тотално непознато за мене до сега :(

Да се скрпам по дома, прајме дружба обавезно. И фала ти за советите за мајсториите :)