Автор Тема: Opel Astra H GTC 1.9 150  (Прочитано 27761 пати)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #165 на: 01 Ноември 2022, 17:12:49 pm »
Два пати ги смени чаурите во рок од една година? Кај мене сеуште немам точно дијагностицирано што е, но има мало движење на двете тркала странично како на видеово: https://youtu.be/4rGpzvHqxaI

Од она што читам може да се спони (внатрешни/надворешни) или чаури.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #166 на: 02 Ноември 2022, 09:50:24 am »
Вчера јас менував на Корса ц за ваква луфта, ја носев на центрирање, мајсторот рече,а и ме слезе долу да видам, кратка јабучица, долга јабучица и крајче.. И манжетна менав на зглобот пошто  беше скината. Цените беа безвезе, 650/750 денари од продукт. Манжетната беше најскапа.800 денари. Се погоди мал сервис имав договорено, успат ги менаа и овие работи, претходно беа фабричките од 2001, совозачката страна уште се,ама беа камен здрави. И 800 ден платив за центрирање, сега спие колата.

Sent from my SM-A202F using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #167 на: 02 Ноември 2022, 15:30:21 pm »
Два пати ги смени чаурите во рок од една година? Кај мене сеуште немам точно дијагностицирано што е, но има мало движење на двете тркала странично како на видеово: https://youtu.be/4rGpzvHqxaI

Од она што читам може да се спони (внатрешни/надворешни) или чаури.
Е видиш, на ова не ми ни текна освен ако не пишеше. Изгледа да, можно е првите да биле со толку беден квалитет што за една година пак им дошло време за мењање, ништо не ме чуди :)

Присутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #168 на: 06 Ноември 2022, 14:37:14 pm »
Одамна не сум ажурирал темава, а и немало нешто многу дешавки за што да се пишува, си се вози колата секој ден а и доста послушна е некако во последно време.

Најнови работи беа следниве:

На 223.000км сменети пк каиш Continental, Ina ролери и Ina затегачи пошто не ги сменив кога мењав водна пумпа и ребраст пошто заборавив, па се олдоговлечи малку работата но битно ете и тие се сменија. Вкупен трошок со се рака излезе околу 6.000 денари.

На 02.11.2022, по втор пат од кога е во мој посед колава се регистриравме, овој пат во Здружение на возачи во Карпош ради претходно пријатно искуство, бричењето овој пат беше 15.538 денари, 1.000 денари поевтино него минатата регистрација (мада тогаш имав и АМСМ помош на пат извадено) така да исто ќе му дојде.

Денеска на 225.500км направен мал сервис после околу 8.000км од минатиот сервис, намерно го скратив малку интервалот после ремапот пошто сепак си е стара кола, а ја малтретирам доста.

Овој пат ставено Total Quartz Ineo MC3/5W-30 пазарено од Еуроимпекс, сите филтри Hengst и Febi штопна со се семеринг. Најдов и еден дечко од Битола што ми изработи блок плејт за EGR-от, па и тоа беше монтирано денеска. Вкупен трошок околку 8.000 денари.

Инаку сите делови освен маслото беа земени од Прчот и брат му, и пак морам да кажам дека луѓето се апсолутни ЛЕГЕНДИ и е неверојатно колку излегуваат во пресрет. Поштовање максимално.
« Последно менување: 06 Ноември 2022, 16:11:10 pm ivanxh »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #169 на: 06 Ноември 2022, 14:46:10 pm »
Супер е маслото да знаеш. Исто во Еуроимпекс кај Систина сум менувал.

Присутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #170 на: 06 Ноември 2022, 15:58:41 pm »
Супер е маслото да знаеш. Исто во Еуроимпекс кај Систина сум менувал.
Не се ни сомневам, чим си е оригинал и со адекватни спецификации гајле немам. :) До сега едино имам лошо искуство со GM dexos2 5w30, како трактор работеше колата и за помалку од 100км го заменив со Mobil ESP 5w30.

Присутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #171 на: 06 Септември 2023, 17:13:30 pm »
235.000 км - бидна уште еден мал сервис, уљето си останува Total Quartz Ineo MC3/5W-30 а филтрите Mann.

Нема нешто посебно што да се пише, да не ја урочам работава али од кога ги средив тинејџерските проблеми што си доаѓаат со староста, сум немал никакви проблеми. Се надевам дека ќе остане така уште некое време. :)

Отсутен hajlender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #172 на: 06 Септември 2023, 19:59:59 pm »
Едно прашање, пошто е спорт варијанта... дали си прашувал и дали знаеш каде може да се купат амортизери, пошто се со џек и електроника претпоставувам... не се како обичните амортизери

Присутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #173 на: 06 Септември 2023, 20:26:51 pm »
Едно прашање, пошто е спорт варијанта... дали си прашувал и дали знаеш каде може да се купат амортизери, пошто се со џек и електроника претпоставувам... не се како обичните амортизери
Не сум пипал амортизери сега за сега, освен што отидов на проверка во Авто Мобил кога ја купив колата и ми рекоа дека се нови. Претпоставувам минатиот газда ги има сменето (газдата на Лендиком), така да можеш таму да прашаш за дополнително инфо пошто држат делови за Опел/Фиат/Алфа/Ланчиа.

https://www.facebook.com/lendikomgroup/

Присутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #174 на: 29 Август 2024, 20:35:03 pm »
Damn темава прашина фатила скроз, повеќе набљудувам во последно време него што куцам ради немање време, али тоа е.

Update од последниот пат кога сум пишал, колава уште активно си се вози, сега со генерално WFH работа и скратен daily commute од 40тина километри на цели 14 километри, и доста помалку се вози. Тек сега ми доаѓа време за редовен сервис што го правам на околу 7-8к километри, додека до минатата година 2 пати годишно ми доаѓаше тој сервис.

Од удеси и интервенции, ништо вонредно освен промена на дотрошени делови и 3та регистрација на мое име во Ноември 2023. Дотрошените делови беа следни:

1. Ноември 2023, си цркнаа анласерот и акумулаторот во размак од една недела, така да тие 2 работи во пакет се сменија. Земав ист како што имаше и претходно, Topla не памтам точни спецификации а и не ме интересира до толку, си брка работа. Цирка некои 250 еура беше сево ова со се шлеп до кај мајсторот и работна рака.

2. Април 2024 сменив комплет дискови и почки, марка TRW, набавени се разбира од the one and only @Prcot. Можев да пројдам и само со дискови ваљда пошто они беа за мењање, а пред година време имав комплет плочки сменето Brembo, али ми немаше смисла некако да мењам само дискови па се одлучив за комплет. Околу 300 еур со се работна рака фати.

3. Јули 2024 без некои посебни знаци, на враќање од продавница (а воедно и волку лабаво одамна не сум возел), после лежечи убацувам во прва, и приметувам дека кумплунгот почнува оро да игра, застанувам, стискам/отпуштам кумплунг, на стискање слушам мелење одоздола и јасно ми беше. Изгледа шок и дошло лабава вожња на колава па решила ламелата да се откаже од маките. Пуштање одма позив до @Prcot за што има на лагер, се договоривме дека комплет заменски сет од LUK замаец/ламела/лагер е најдобра опција, па така и тоа го пазарев.

Слична приказна како за анласерот, шлепчето под нога до кај мајсторот, си заврши работа за 1 ден. Кога бев да си ја земам колата, приметив дека тешко влегува во брзини, и екстремно доле фаќа кумплунгот, нешто не се чинеше во ред. Испоставивме дека горната пумпа за кумплунг не си ја врши веќе работата како што треба, пошто пробавме со нов глицерин, испуштање воздух, ништо не помагаше. Па така и тоа го сменив (Sachs), си се додаде тазе глицерин, и се допуни околу пола литро уље во мењачот пошто мајсторот приметил дека фалело, а и онака не е баш дека најдобар глас ги бие М32-киве. Наредно стискање кумплунг за малку дупка ќе напраев доле, стандард муабет  ;D. Со сите овие работи, делови, шлепови и работна рака - цел трошок излезе околу 1.000 еур.

Наредно не планирам нешто посебно, освен редовен сервис и ако искрсне нешто па да се санира, веќе полека се спремам за ново аутце. Здравје догодина. Наредна кола ќе биде дефинитивно со 5 врати, и најверојатно седан, време е да се смени малку од хеч. Да сме живи и здрави само.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5922
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #175 на: 29 Август 2024, 22:26:44 pm »
За 1 година добар трошок ти направила.

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6448
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #176 на: 30 Август 2024, 07:31:50 am »
Кога бев да си ја земам колата, приметив дека тешко влегува во брзини, и екстремно доле фаќа кумплунгот, нешто не се чинеше во ред.

Јак ти е мајсторот, си рече, нема гајле нема да запримети.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #177 на: 30 Август 2024, 10:09:09 am »
За 1 година добар трошок ти направила.

Ова не е за една година. Ова е за повеќе години.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3778
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #178 на: 30 Август 2024, 10:11:46 am »
11/23 - 07/24 = 9 месеци :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #179 на: 30 Август 2024, 10:16:04 am »
Не ми ја разбирате поентата. Океј, во период од една година се случиле трошоците, ама работите кои дошле ред да се сменат не се потрошиле само во таа година. Кочници и замаец и пумпа за куплунг се работи кои се абат со години.