Утре една година од кога дојде Астрата во мои раце, богами брзо помина. Поминати околку 14.000км за таа година, и по груб прерачун по нејзе дадени 110.000 денари, што за фарбарија, полиранција, прагчиња, делчиња, џиџи миџиња, сервиси и ремапи. Навидум многу пари за старо и користено возило, но битно меракот кога ќе седнам во нејзе е ист како и првиот ден кога ја земав.
Еве некои фотки со новите бандафчиња:
Кратко видео од трепкачкото трето штоп светло што го монтирав за да го намалам ризикот да ме плесне некој позади кога пропуштам пешак на влез на Скопје после Лукоил:
И така, сега сме во потрага со Прчот да довлечкаме OPC Line прагови и спојлерче за гепек од Блгарска, па ќе видиме што друго ќе донесе годинава.