Денес направен мал сервис на 237551km (претходен сервис направен на 01.03.2023 / 227537km т.е пред 10014km).
Не темпирав, жими мајка
Ставени:
- масло Shell Helix HX8 ECT 5W-30
- филтер за масло Mann HU 7008Z
- филтер за воздух Hengst E488L
- филтер за кабина Mann CUK 2939
- филтер за нафта Hengst E85KP D146
Работна рака - 1000 денари
Вкупно - 6830 денари
Деловите се набавени секако од
@Prcot пред 1 месец можеби, сега им дојде редот.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Деновиве/периодов што следи има некои работи што дојде време да се заменат:
-
Странични жмигавци Tyc (x2)Старите пожолтеа (веќе 2 пара од AliExpress) и не знам зошто до сега не ми текна да земам заменски OEM. Фабричките не дихтуваа/се маглеа и пробав да ги залепам, ама ги утнав и ги фрлив пред 2-3 години.
-
Комплет буфер и лагер на амортизери (x2)Пак почна да крцка на поладно кога минувам над нерамнини (лежечи, дупки), како стар кревет/федери.
За ова имам пишувано и лани, меѓутоа не го решив проблемот никогаш.
Денес кога ја оставив за малиот сервис, рекоа дека се за менување под итно.
@Diesel На ладно претпоставувам повеќе се слуша?
Буфери, или чашки на амортизери да провериш.
-
Предни стабилизатори (x2)Ќе се менуваат заедно со буферите/лагерите бидејќи денес кога ја гледаа предницата од каде крцка, се утврди дека и стабилизаторите имаат доста луфта.
-
Капаче за сензор на дождМи фали одамна. Старото се скрши, го лепев, ама излезе Квазимодо, па го тргнав веќе година и кусур.
-
Држачи на мотор (десен и долен)Ќе се менуваат бидејќи од нив доаѓа звукот како да пука пластика (
и за ова имам пишувано). Плус се пробиени.
-
Тапацирање на предните седишта-
Хемиско на седиштата-
Андроид мултимедијаПрвите 5 работи ми се приоритетни, другиве може и да почекаат.