Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 170770 пати)

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1425 на: 16 Октомври 2023, 13:22:02 pm »
Па и не би рекол дека е соленко. Ако добро разбрав, дошол на лице место, демонтирал брава, па ќе ја монтира назад.

Да, дојде кај мене пред зграда, ја демонтира, па пред малку ја монтираше пак овде. Завршивме работа за 3 часа, во понеделник, а има доста муштерии кај него во работилница.

3500 - краен трошок.
Сега некако ептен мазно влегува, излегува и се врти клучот, не е плацебо...

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1426 на: 16 Октомври 2023, 13:29:36 pm »
Е па кога ќе подмачкаш 50-60 евра, и други работи мазно влегуваат-излегуваат...

Битно, среден проблем. Не е прескапо, IMO.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1427 на: 16 Октомври 2023, 13:38:30 pm »
Е па кога ќе подмачкаш 50-60 евра, и други работи мазно влегуваат-излегуваат...

 ;D
Не си арен ти хаххахах

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1428 на: 16 Октомври 2023, 13:43:26 pm »
Е нема поќе за илјадарка...

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1429 на: 16 Октомври 2023, 14:30:07 pm »
Цената е сосема коректна. Кој мисли дека треба поефтино, нека проба занает.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1430 на: 16 Октомври 2023, 14:33:15 pm »
Тој што мисли така, тој тера занает  ;D

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1431 на: 17 Октомври 2023, 08:57:06 am »
1.150 денари е оригинално ново, ако е точен пишаниот каталошки број на делот.

Треба да е тоа, тој е кодот. Ти благодарам на информацијата.

Да не пишувам приватни пораки, пред да го прочитам постов, од @Prcot го порачав.
Ако евентуално не успееме со него да го набавиме - ќе те побарам. Мислам дека е ОК така  :D

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1432 на: 17 Октомври 2023, 09:50:02 am »
1.150 денари е оригинално ново, ако е точен пишаниот каталошки број на делот.

Треба да е тоа, тој е кодот. Ти благодарам на информацијата.

Да не пишувам приватни пораки, пред да го прочитам постов, од @Prcot го порачав.
Ако евентуално не успееме со него да го набавиме - ќе те побарам. Мислам дека е ОК така  :D

Апсолутно, поентата ми беше дека е достапно уште и оригинално и не е скапо :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1433 на: 17 Октомври 2023, 11:17:05 am »
Денес набавени и монтирани нови амортизери за гепек - Monroe ML5767 од @Prcot

Морам да издвојам еден момент во набавката: сабајле во 9 му пишав на Viber (од нигде-никаде), околу 14 часот ги земав.
Да си го чуваме додека сеуште е во бизнисов.  8)

И јас го имам истото искуство со дечкото, скроз ок цени и брза услуга.

Прчот е едини што при проблем, не по негова вина- а на своја штета, ќе среди работа само за клиентот да биде задоволен. Злато чоече.

Извинете за офтопик.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1434 на: 19 Октомври 2023, 17:26:26 pm »
Денес направен мал сервис на 237551km (претходен сервис направен на 01.03.2023 / 227537km т.е пред 10014km).
Не темпирав, жими мајка  :-X

Ставени:
- масло Shell Helix HX8 ECT 5W-30
- филтер за масло Mann HU 7008Z
- филтер за воздух Hengst E488L
- филтер за кабина Mann CUK 2939
- филтер за нафта Hengst E85KP D146

Работна рака - 1000 денари
Вкупно - 6830 денари
Деловите се набавени секако од @Prcot пред 1 месец можеби, сега им дојде редот.


-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Деновиве/периодов што следи има некои работи што дојде време да се заменат:

- Странични жмигавци Tyc (x2)
Старите пожолтеа (веќе 2 пара од AliExpress) и не знам зошто до сега не ми текна да земам заменски OEM. Фабричките не дихтуваа/се маглеа и пробав да ги залепам, ама ги утнав и ги фрлив пред 2-3 години.

- Комплет буфер и лагер на амортизери (x2)
Пак почна да крцка на поладно кога минувам над нерамнини (лежечи, дупки), како стар кревет/федери. За ова имам пишувано и лани, меѓутоа не го решив проблемот никогаш.
Денес кога ја оставив за малиот сервис, рекоа дека се за менување под итно.

@Diesel

На ладно претпоставувам повеќе се слуша?

Буфери, или чашки на амортизери да провериш.

- Предни стабилизатори (x2)
Ќе се менуваат заедно со буферите/лагерите бидејќи денес кога ја гледаа предницата од каде крцка, се утврди дека и стабилизаторите имаат доста луфта.

- Капаче за сензор на дожд
Ми фали одамна. Старото се скрши, го лепев, ама излезе Квазимодо, па го тргнав веќе година и кусур.

- Држачи на мотор (десен и долен)
Ќе се менуваат бидејќи од нив доаѓа звукот како да пука пластика (и за ова имам пишувано). Плус се пробиени.

- Тапацирање на предните седишта
- Хемиско на седиштата
- Андроид мултимедија

Првите 5 работи ми се приоритетни, другиве може и да почекаат.
« Последно менување: 19 Октомври 2023, 17:53:25 pm balanar »

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1435 на: 19 Октомври 2023, 21:00:39 pm »
Центрирање после, обавезно.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1436 на: 21 Октомври 2023, 13:03:59 pm »
Купени и променети странични жмигавци, ставени Tyc (18-0621-01-2).
Купени од @Prcot  , нешто со него повеќе чатувам на Viber отколку со девојката :-X







Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1437 на: 25 Октомври 2023, 11:27:32 am »
Клабери, ќе земам 100gr боја по код, во кантичка.
Сакам да санирам едни зуцки/излупена боја на задните полумесечини.
Како да ја аплицирам најдобро, со четкичка тенка од книжара? Или четкичка од лак за нокти...


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1438 на: 25 Октомври 2023, 11:38:51 am »
Ова со антироз или друг конвертер на 'рѓа прво...

Иначе кај што ќе земаш боја се продаваат и стапчиња слични на чепкалки за уши, со нив можеш.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7832
  • Плинаш!!!
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1439 на: 25 Октомври 2023, 15:30:25 pm »
Антироз обавезно инаку џабе ќе мачкаш боичка.