Благодарам на сите за советиве.
Деновиве ќе гледам да го најдам Wurth спрејов низ Штип или ќе го порачам онлајн. Откако ќе завршам работа - ќе го ставам на форумов за продажба, може на некој ќе му се најде (ќе сликам тежина пред и потоа, да знаеме отприлика колку се потрошило).
Бидејќи стварно не е нешто големо површински и вака е полумесечината откако ја купив колата - одлучив да ги поминам местата со Wurth, да се исуши 2-3 часа, па со боја да поминам.
Кодот е LC9Z, денес зедов 100gr за 350 денари во тубичка.
Не ми се замара со скоч брајт и филери, да бидам искрен. Добро рече Симо наназад - кога ќе дојде време (ако) носи ја на автолакер
Ништо од ова немаше ни да биде ако не одлучев периодов малку да го средам Леонот, и козметички и технички.
Козметичките се највеќе од узур, ама ајде.
Почнав да ја спремам и за зима.
Вчера купив:
A порачав од CarBox:
Силиконскиот спреј највеќе го порачав заради шарките од вратите т.е возачката почна на шкрипи на отворање и затворање.
Ова го решавав со Sonax силиконски спреј два пати во последните 3 години, меѓутоа нешто не ми се даваше 760 денари за истиот.