Ќе напишам еден подолг пост, па на спиење
Може некој ќе му е интересен, може некому не, ама на темава пишувам се и сешто за колава, впрочем затоа и форумов е за тоа. Или барем јас така го разбирам.
Денес т.е веќе вчера (01.11.2023) на 237876km променети:
- Буфери и лагери на предни амортизери
Lemforder (31770 01)А ова се старите, никогаш не се променети:
- Предни стабилизатори
Lemfoder (26774 01)Лев
Десен
Е старите не се фабричките, некој ги менувал со Comline.
- Предни јабучици
Dys (27-06104-2) (лева)Dys (27-06104-1) (десна)Dys се ставија поради тоа што промената на јабучиците излезе во „5 за 12“ и мораше да се најде нешто брзо и локално. Првпат се среќавам со марка Dys, ќе видиме како ќе се покажат.
Лева
Десна
Старите се фабричките. Левата беше отидена скроз, десната тргнала да и се придружи (за ова има и дополнување подолу) за еден друг симптом кој ме нервираше година и кусур.
Последната слика е од десната јабучица. Се гледа долниот штраф дека е сечен за да ја извадат денес во сервис. Е тој штраф бил превртен, трапот бил нестабилен и тој штраф го давал овој звук за кого пишував во повеќе наврати овде:
Клабери, ми треба помош/совет за еден технички проблем, сакам да го решам пред да одам на одмор. Утре ќе ја однесам и на мајстор да ја ѕирнат од долу.
Со месеци слушав/слушам како некое пукање/тропање на пластика, строго при нагло тргнување и застанување, од совозачка страна, некаде помеѓу моторот и тркалото. Мислев дека е некоја пластика откачена од подкрилото и не се замарав баш.
Приметив на пример, кога ќе застанам на патарина да платам и ќе тргнам нагло. Се слуша како крц, крц крц. Или ќе закочам нагло.
Чудно е што не прави секогаш при нагло стартување и кочење, но во голем дел од времето - да.
Во возење ништо нема, како и при вртење на воланот во место.
Последниве недели истиот звук зачести и при вртење на воланот во полн десен и тргнување во рикверц.
Снимав и видео:
Вчера гледав едно видео на YouTube каде на сличен проблем/звук (но не ист), проблемот му изглегол дека е олабавен штраф од задната маша при центрирање на предница. Не се сеќавам дали звуков ми се појави лани откако ја центрирав кај мене или не.
Некоја идеја?
Дури и сум нашол видео каде штраф е проблем, меѓутоа олабавен и на задната чаура. Овде беше превртен на десната јабучица.
Проблемот - решен. И тоа случајно се откри бидејќи левата јабучица беше пробиена, па ајде да ја смениме и десната за во пар.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Но еден друг проблем за кој се надевав дека ќе се реши со промената на левата јабучица, меѓутоа сепак не.
Веќе неколку недели, при преминување над лежечки полицајци и подлабоки вдлабнатини/дупки на патот - се слуша крцкање (како стар кревет на федери) од левото предно тркало.
Мал апдејт на ова. Денеска проверка на мајстор.
1. За крцкањето се утврди дека е од предната чаура од левото тркало (заднати чаури (и лева и десна) се променети пред 20.000km, кога се сменија и предните плочки). Се слушаше и со клацкање на крилото горе-долу.
Со шприц и игла внатрешно се наполни/подмачка (веројатно истото што и @MarceCvarce и @AUDI го спомнаа), оставивме да се промени целосно чаурата доколку продолжи крцкањето. Мада денес е топло, не се познава толку како на ладно. Ќе видам вечер дали има ефект од подмачкувањето.
- Истовремено, се утврди дека е нагризана гумата на крушкастата (не е скината), па искористивме можност да се подмачка внатрешно и неа и да се промени ако се менува и предната чаура.
Oстана уште за промена предната чаура на левиот трап и ова ми беше посочено уште на претходниот мајстор кога се пожалив на крцкање при нерамнини и лежечи при паѓање на температурите. Се слуша како крцка и кога во место го нишам левото крило.
Или
предна чаура или
гумици на балансштангла, друго немам идеја што е, а многу ме нервира.