Автор Тема: Мојата кола е тапа...!  (Прочитано 230128 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #195 на: 25 Мај 2013, 10:35:16 am »
Ај сега некој нека пише зошто мојата кола е тапа ;D да не се замарам да пишувам...

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #196 на: 25 Мај 2013, 10:57:41 am »
Ајде еден репорт и јас да мавнам, :D

Ме нервира:

- кратка 4-та брзина, можеле да ја направат подолга за да остане за во 5-та да крузаш комотно.

- Проклет синхрон менувач. Страшно ме иритира, што при нагло сопирање , за да смениш од 2-ра во прва, мора скоро да застанеш инаку нема менување. Сваќам дека неможе со 60 да смениш во 1-ва, ама од 20 треба да можеш без проблем без да го оштетиш менувачот. Ова е проклето кај сите Опел возила и е заштита, на менувачот. Како и да е, иако е ставено да биде превентивно, страшно ме иритира. Возам 20, пред мене кола, за да сменам во 1-ва мораш да ја застанеш колата.

- Ко ке ми текне, ке дополнам. :D

Не е само кај Опел и кај мене е исто! Не симнеш ли испод 20 нема ставање у прва!

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3877
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #197 на: 25 Мај 2013, 11:15:31 am »
@Diesel
Разлика помеѓу 185/65 и 195/60 нема во дијаметар, можеби минимална во висината на профилот. Би добил поефтина цена поради постандардниот профил 65, а би изгубил во ширината на гумата т.е. контактот со асфалтот по 1 сантим по гума.

Околу тоа што е тапа кај 147 ЈТД ... Мислам дека правилно би било да некој ја има колата како прв купувач па после да дава коментари, но тоа е што е ... јас ја имам година и 10 месеци ...

1. Мал багажен простор. Само 280 литри, јез да сум се зачудил колку работи сум набутал таму ама сепак делува мал. Проблемот е што не требале да остават толку простор на задната клупа за сметка на багажот, али ако не го направеле тоа нели нема да биле италијани ;D
2. Гумици на балансштангла. Верувале или не за промена на овие, кои чинат 500-600 ден, треба да се симнува предниот трап. Без 3-4 саати работа мајсторот сигурно не е.
3. Шалтаблата знае да даде знаци на живот кога се враќам по Велес-Катланово или некој друг сличен патен правец, ова претпоставувам најмногу заради 215/45/17. Последново претпоставувам е причина и за чуствувањето на нерамнините на патот како и звуците што произлегуваат.
4. Светлата некако не осветлуваат баш најдобро, проблемот не е во фаровите пошто се чисти и проѕирни, ова може да се реши со некои појаки сијалици како NightBraker или слично
5. Колата нема заштитни странични лајсни, претпоставувам заради естетски причини и треба да се биде особено внимателен како и моментот што ретробизорите се помали и треба да се внимава добро при маневрирање (ова од лично искуство ;D ;D ;D )
6. Е сеа тука се муабетите за подвозјето, незнам дали ова би требало да се дефинира како тапа, бидејќи за нешто да биде тапа треба да има само негативна карактеристика но не и позитивна ...
Подвозјето е доста напредно за годините од кои потекнува, се работи за систем на двојни виљушки напред и мулти-линк позади. Истото нуди одлични возни карактеристики, но нормално повеќе делови повеќе пари за оддржување. По мене лично не е ништо страшно бидејќи сега има сервис што носи ПУ делови (Жарко) кои нудат далеку подобри возни својства и подолг век на траење по доста прифатлива цена.
7. Истовремено муабетите за деловите ... денес е далеку полесно да се најде тоа што е потребно ... повеќето работи ги има тука, а тоа што го нема лесно може да се нарача од ибеј.
8. И да менувачот има доста долг од, јас навикнав ама на некои луѓе им е чудно ова.

Се надевам дека сеа Спортекс мирно ќе спие ;D ;D ;D

Ме мрзии наново да пишам таман ќе се надоврзам.

1. Ова го решив со ставање subwoofer сега дефинитвно ништо не собира, па не се мачам со тоа.
2. Имав некое тропкање на предните „подвозни“ елементи па семнив рамења TWR и ги репарирав вилушките (Тони - Сингелиќ). Подобрување драматично. Иакои претходно не бев исплашен од состојбата. Држењето на правец и прецизноста на управување на ниво на новиот Mercedes B (за подвозјето на B имам исклучително добро мислење би го ставил на она на нивото на GTI со тоа што колата заради димензиите ги нема тие својства)
3. Имам две сијалички на шал табла и еден контакт проблем на задното светло за магла, ме нервираат но не доволно за да ја надминат мојата мрзеливост.
4. За разлика од ова кај тебе, мене пак светлата ми се една од попријатните изненадување. Одлично светат и покриваат и средните и долгите. Не користам ништо екстра за подобрување. Стандардни Wurth сијлици. Ако споредам со Меганот класа подобро ми е со оваа.
5. Ретровизорите се приказна за себе. Не се наменети за гледање наназад :) За паркирање добро служат лајсните на браниците :)
6. Пдовозјето е доста цврсто, и секогаш знаеш каде си со колата и каде ќе бидеш на излез од кривината. Она што би му замерил е „пиењето“ на удари. Тоа е далеку полошо од она што го имав на B дури и со овие гуми 195/60/15 (за гумиве подолу нов булет).
7. Ништо полошо од Renault Megane. Ако не прашуваш во официјален сервис цените се примерни и ги има.
8. Менувачот за дизелскиве варијанти не е „crown jewel" а изгледа и алфиве не се баш познати по најпрецизни менувачи. Но мене и Мерцедесот ме разочара со прцизноста на менувачката палка за разлика од A3 на пример.

Да додадам:

9. Гумите (не е мана на колата) Michelin EnergySaver (не знам која генрација се а и не ми е битно нема да ги возам во иднина сам кога ќе купувам дури и од и од десета да се) се најлошото нешто во пакетот на колава што го имам. Неверојатно брзо пролизгува и на сува пдолога и почнува ABS-от да работи. Во кривини ми успева да го пролизгам задниот дел без многу напор, среќа осетот на волан е доста добар лесно се враќаме каде што треба. 15“ како димензија не се баш најдобар избор за моќноста и можноста на колата. Би типувал на 205/55/16 со помека страница (рунфлат не би му пријало на подвозјето и моите дискуси).

10. Имам тропкања во моторот (надворешно, како да се од лагер/затегач/шајбна) најчесто на ладно што го снемува во работен режим. Сменети се каиши, затегачи, водна пумпа, лагер на алтернатор и реглер. Тропакањето тука е, сеуште и ме нервира.

11. Фабричките звучници ми се на ниво на неупотребливост. Имаат волумен и јачина но целосно непрецизно. Овие ќе добијат замена во најскоро време чим се стигне до некоја екстра паричка.

12. Тврдо квачило. Го подоправив со сипањена уље за менувач нежно по осовината на кумплугот (упатство има на alfaowner форумот). Не е идеално но далеку подобро од она што беше.

13. Возачкото седиште ја ресетира позицијата при преклопување и враќање назад. Ова мислам дека е типична итаљанска фалинка и се води под категорија „карактер“

Сигурно ќе има уште. Но за кола со непознато потекло и експлоатацицки циклус мислам дека е на ниво на очекуваното. Не сум презадоволен но да речеме дека подобро би било да одберам кола од рангот на оваа и да дадам повеќе пари за поздраво и поново парче отколку да купам некој француски крш на нова како оној што ми сто пред врата (за сопствениците ко си ги сакаат своите француски миленици ништо лично, ова е мое мислење и искуство)


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #198 на: 25 Мај 2013, 11:50:09 am »
Цитроен ц4 1.4 90 коња со кн филтер  ;D
-Материјалот на седиштата не е нешто многу квалитетен и мислам дека ова е нешто што највеќе ме нервира во колата. Седиштата не ни изгледаат убаво со тој материјал, удобни се за седење но по подолг период самиот квалитет те тера на потење
-Нема потпирач за рака
-Пластиката околу радиото изгледа многу евтина на допир и изглед
-Кога кочам кочниците (или една од нив) свират и нервираат
-Кога ја земавме колата имаше само 4 звучници (2 напред на шалтабла и 2 на предни врати) и истиот ден татко ми примети дека позади нема звучници и им отиде во Автонова и му ставија уште две позади (дека и претходно сме купиле цитроен од таму па не направија проблем)
-моторот е еластичен во град но потрошувачката според мене е висока 9 литри на 100км (некогаш повеќе некогаш помалку)
-На отворено возење над 130 се слуша моторот но се навикнуваш со тек на време
-На загреан мотор, предницата тресе на тргнување (ова прв пат се случи уште од првата година)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3877
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #199 на: 25 Мај 2013, 11:53:29 am »
-На загреан мотор, предницата тресе на тргнување (ова прв пат се случи уште од првата година)

Замаец, ламела, постисна....

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #200 на: 25 Мај 2013, 16:18:29 pm »
точки запирки нови редови.......
pisuvano e vo 05 sabajle od treta smena vo zelezara pa ti mislis deka mise gledaat sto se tocki sto se zapirki a kamo li nov red ???
............,,,,,,,,,,,,,,,

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #201 на: 25 Мај 2013, 16:42:20 pm »

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #202 на: 25 Мај 2013, 16:43:20 pm »
-На загреан мотор, предницата тресе на тргнување (ова прв пат се случи уште од првата година)

Замаец, ламела, постисна....

држачи на мотор, замаец не верувам освен ако нема вибрации на ниски вртежи во голема брзина и дали има тресење на педалата за квачило, потисна многу веројатно


11. Фабричките звучници ми се на ниво на неупотребливост. Имаат волумен и јачина но целосно непрецизно. Овие ќе добијат замена во најскоро време чим се стигне до некоја екстра паричка.


знаев дека нешто заборавив ;D ;D ;D

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #203 на: 25 Мај 2013, 17:50:08 pm »
Ај сега некој нека пише зошто мојата кола е тапа ;D да не се замарам да пишувам...

Затоа што има километража во средина, мењачот е полош од сите нови коли, вратите се затвараат потешко од сите нови коли. Браникот го допираш со прст и тој се свива а ако го удреш со клоца се набива внатре 10 цм. Редовно ама баш редовно кога излавам од задна врата посебно ако е малку тесно си мавам глава и ми излева џумка. Кај вратата на багажникот се собира премногу ѓубре. Ама баш премногу иако секоја недела спаркот барем еднаш е испран веќе наредната се тоа е кал и лисја.

Ова придонес од мене за твојот спарк а што се однесува до твојот кадет тука нема што многу да е каже колата си нема маани :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #204 на: 25 Мај 2013, 18:02:54 pm »
Све си кажа точно само со една исправка. Има повеќе нови коли со полош менувач од спаркот чиј модел на менувач е повеќе од 10 години стар. Вратите абсолутно лесно се затвораат, полесно од 90% од новите коли освен оние чии врати сами се затвораат.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43718
  • Il Moderatore
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #205 на: 25 Мај 2013, 18:16:08 pm »
Ај сега некој нека пише зошто мојата кола е тапа ;D да не се замарам да пишувам...

A koja kola?! :P  Или мислиш на тротинетот со налепница „Kad porastem postaću аuto"? :P

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #206 на: 25 Мај 2013, 18:26:17 pm »
Зарем ти сине Бруте?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43718
  • Il Moderatore
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #207 на: 25 Мај 2013, 18:28:18 pm »
Малце само, лактање мало :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #208 на: 25 Мај 2013, 18:29:17 pm »
Лакт у ребра а? ;D

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #209 на: 25 Мај 2013, 18:51:03 pm »
Ajde i jas kosilicava zelena daja pretstavam....
do sega sum smenil 5 koli ovaa e 6ta sve bile opeli edna cordoba i sega puntovo.
Pozitiva-kola za gratski uslovi dosta solidna prostrana vnatre.dosta tivka na rabota.mal potrosac na gorivo i iznenaduvacki evtina za odrzuvanje delovi kako za skuter...
Negativa-evtina plastika na saltablata ne krcka ali sepak deluva evtino.racka od menjac kako rucka od cador nemozele malce pokratka daja napravat.dosta pokrut menjac nego ostanative vozila sto sum gi poseduval.mal bagazen prostor ali sepak e gradsko vozilce.slaba izolacija na zadni polumeseci taka da ke jade izolacija pozadi za kratko vreme.preglednost za rikverc uzas ogromen mrtov agol.zavrsna nadvoresna farba ok ali premnogu nezna na najmal kontakt so druga vrata odma se poznava nekoja tocka.vo krivina nekako se navaluva celata taka da za razlika od cordobata koja bese kako na sina so ovaa nema besneenje mora dase pazi kako ides u krivina.sedistata za niz grad se ok ali malce podolgo da vozis i vekje se osekja neugodnost nema podesuvanje nikakvo a isto i volanot e fiksen ali pa sepak e dobro postaven za soferski uslovi...tova e za puntovo


-Пластиките се како што кажа евтини ама кога ќе влезам во пежото 206 на инструкторот..... да видиш само тие колку лошо изгледаат  :D
-Рачката од менувачот кај мене е топче и убаво изгледа ама заеби ја рачката кога менувачот е лош, многу не прецизен.
-Ништо не е обложено со кожа барем воланот можело
-Друго што не ми се свиѓа е тоа што гаста е многу ниско, а педалите многу блиску.
-Кочницата фаќа многу рано сеуште не можам да ја навикнам и понекогаш знам да се залепам за волан  :)
-Сите се жалат од тврда вожња а плива во кривини и било доста не стабилно а моево има КАМЕН вожња и не е толку лошо во кривини не се навалува толку многу, не држи кузнаи колку ама добро е
-Нема потпирач за рака. Толку сега за сега ако ми текне уште нешто ќе дополнам  :)