Nissan QQ 1.5 dci 2010, 96.000 km
- дигиталниот дисплеј помеѓу двата саати делува ефтино, ко да е наменет за некој кореец од 5 бона, а не за кола од 20+ бона. Во истиот ранг на цени, колор лцд дисплејот на Mondeo Titanium изгледа ко спејс шатл, а ова ко дисплеј на микробранова печка. Да, ги кажува (скоро) сите битни ствари, али можеа нешто по фенси да турат, стварно.
- подвозјето е бучно, на сите нерамнини испушта звуци. Звуците не се онакви гадни, ко да е нешто сјебано, па човек брзо се навикнува, а удобноста на возењето останува врвна. Сепак, подвозјето на мојата стара кордоба беше дефинитивно потивко (позади бешумно).
- веројатно поврзано со претходната точка, акустичката изолација е разочарувачки слаба. Кога се вози по влажен пат, често пати се вртам да проверам да не е некој прозор подотворен, до толку се слуша. Да потсоберам пари и дефинитивно ќе тргнам по стапките на sportex. За среќа, моторот/мењачот се топ изолирани.
- Климата е двозонска лево/десно, но не и напред/позади. Во овој ранг на цени очекував издуви и кај задните седишта, но нема. Сите се напред. Проблемот е ублажен со едно специјално копче кое кога ќе се стисне, дувањето го „обликува“ на тој начин што се создава airflow кој оди под кровот на колата накај задните седишта и луѓето позади не се жалат дека им е ладно/топло. Сепак, убаво ќе беше да има дедицирани air vents позади.
- првата брзина е многу кратка, ко да е тука само да ја подбутне колата напред и толку. Петтата исто така е премногу кратка, па освен за крузинг низ празни градски улици, речиси и да не ја користам... На отворен пат секвенцата е 1,2,3,4,6. Петтата нема поента.
- Кога сме веќе кај мењачот, осетот на палката е некако млохав и неубедлив. Стариот SDO сеат имаше одличен, одличен филинг на рачката од менувачот, менувањата беа јасни, прецизни, со убав „шкљоп-шкљоп“ филинг. Тука све некако по пластично, по млохаво ми делува. Со задоволство би го трампал старот мењач од кордобата за овој.
- пластиката во внатрешноста на колата е топ, нигде нема ниту крцка ниту прцка. Ама затоа, во пластиката во гепекот изгледа штеделе, па после неколку години брутални товарања/растоварања детски колички на некои места е видливо извитоперена, а некои жабици се скршени. За среќа, се уште ништо не почнало да крцка, ќе видиме до кога.
- Пластичните лајсни околу отворите за тркалата од ЕДНАТА страна се топ, но од ДРУГАТА страна се видливо извитоперени и од естетски причини ќе треба да ги мењам. Ко едните да се правени во швајцарија, а другите на кинески брод.
- Пакните на кочниците се трошат со брзината на светлината. Мојата хипотеза е дека дисковите се со премал радиус, па за истата сила на кочење пакните треба повеќе да стиснат. Колата иначе кочи гром, ама ова еднаш годишно мењање ми иде на нерви.
- Нема индикатор КОЈА врата е отворена. Интересно е што има прилично фенси индикатори за тоа кој од патниците не е врзан, но вратите ги заборавиле. Уште нешто што не очекував во овој ценовен ранг.