Автор Тема: Мојата кола е тапа...!  (Прочитано 230075 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #180 на: 24 Мај 2013, 00:02:40 am »
Тече по некад али супер си е Волвото. Тоа течењето не е зашто е лоша кола, плаче само.

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #181 на: 24 Мај 2013, 00:03:48 am »
Ајде и јас да дадам исповед за пробето....

За овие 11 години што се вози автомобилот во нашата фамилија (од татко ми) значи немам ништо од што да се пожалам.Нема никаде корозија никаква,цинкувана шасија,одлична во кривини држи многу и дозволува со многу подолема брзина да влезеш во кривина отколку што тоа може да ти го дозволи друга кола,е сега....бучна е ама ние ја направивме таква има ремус од грана инаку со оригиналниот издув колата не се слуша дека работи.


Е сега само еден недостаток имам а тоа ми е што ако не дај боже ти затреба некој дел ке ја бараш Германија....од делови нема ништо за неа.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #182 на: 24 Мај 2013, 09:53:12 am »
Некој Алфиста да отвореше срце на темава? Нема да ве караат ако биде постот многу долг, не се секирајте, има сеуште доволно место за пишување на форумов ! ;D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #183 на: 24 Мај 2013, 10:17:10 am »
Nissan QQ 1.5 dci 2010, 96.000 km

- дигиталниот дисплеј помеѓу двата саати делува ефтино, ко да е наменет за некој кореец од 5 бона, а не за кола од 20+ бона. Во истиот ранг на цени, колор лцд дисплејот на Mondeo Titanium изгледа ко спејс шатл, а ова ко дисплеј на микробранова печка. Да, ги кажува (скоро) сите битни ствари, али можеа нешто по фенси да турат, стварно.

- подвозјето е бучно, на сите нерамнини испушта звуци. Звуците не се онакви гадни, ко да е нешто сјебано, па човек брзо се навикнува, а удобноста на возењето останува врвна. Сепак, подвозјето на мојата стара кордоба беше дефинитивно потивко (позади бешумно).

- веројатно поврзано со претходната точка, акустичката изолација е разочарувачки слаба. Кога се вози по влажен пат, често пати се вртам да проверам да не е некој прозор подотворен, до толку се слуша. Да потсоберам пари и дефинитивно ќе тргнам по стапките на sportex. За среќа, моторот/мењачот се топ изолирани.

- Климата е двозонска лево/десно, но не и напред/позади. Во овој ранг на цени очекував издуви и кај задните седишта, но нема. Сите се напред. Проблемот е ублажен со едно специјално копче кое кога ќе се стисне, дувањето го „обликува“ на тој начин што се создава airflow кој оди под кровот на колата накај задните седишта и луѓето позади не се жалат дека им е ладно/топло. Сепак, убаво ќе беше да има дедицирани air vents позади.

- првата брзина е многу кратка, ко да е тука само да ја подбутне колата напред и толку. Петтата исто така е премногу кратка, па освен за крузинг низ празни градски улици, речиси и да не ја користам... На отворен пат секвенцата е 1,2,3,4,6. Петтата нема поента.

- Кога сме веќе кај мењачот, осетот на палката е некако млохав и неубедлив. Стариот SDO сеат имаше одличен, одличен филинг на рачката од менувачот, менувањата беа јасни, прецизни, со убав „шкљоп-шкљоп“ филинг. Тука све некако по пластично, по млохаво ми делува. Со задоволство би го трампал старот мењач од кордобата за овој.

- пластиката во внатрешноста на колата е топ, нигде нема ниту крцка ниту прцка. Ама затоа, во пластиката во гепекот изгледа штеделе, па после неколку години брутални товарања/растоварања детски колички на некои места е видливо извитоперена, а некои жабици се скршени. За среќа, се уште ништо не почнало да крцка, ќе видиме до кога.

- Пластичните лајсни околу отворите за тркалата од ЕДНАТА страна се топ, но од ДРУГАТА страна се видливо извитоперени и од естетски причини ќе треба да ги мењам. Ко едните да се правени во швајцарија, а другите на кинески брод.

- Пакните на кочниците се трошат со брзината на светлината. Мојата хипотеза е дека дисковите се со премал радиус, па за истата сила на кочење пакните треба повеќе да стиснат. Колата иначе кочи гром, ама ова еднаш годишно мењање ми иде на нерви.

- Нема индикатор КОЈА врата е отворена. Интересно е што има прилично фенси индикатори за тоа кој од патниците не е врзан, но вратите ги заборавиле. Уште нешто што не очекував во овој ценовен ранг.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #184 на: 24 Мај 2013, 10:55:54 am »
@Дизел

Зошто не пробаш со 185/65/15? Знам дека и Алфа 147 ги има овие малку нестандардни димензии, а за 15 се тие две 195/60 или 185/65.
Ако планираш да ставиш 195/65 може да си имаш проблем да ти фаќа, треба да провериш убаво.

Да? Па, можеби и размислил и на таква варијанта. Што би добил, а што би изгубил, а пропо сегашниве?

Некој Алфиста да отвореше срце на темава? Нема да ве караат ако биде постот многу долг, не се секирајте, има сеуште доволно место за пишување на форумов ! ;D

This should be interesting.. :P

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #185 на: 24 Мај 2013, 11:46:08 am »
Мојата кола можеби е тапа, ама кога ке ја споредам со останатите коли од тие години, пример 101, југо, лада и останати такви коли, ондак е супер, коа ке ме прашаат што возиш, наместо да кажеш онака без желба да изустиш лада или 101, гордо велам ОПЕЛ ! :D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #186 на: 24 Мај 2013, 11:57:52 am »
@Diesel
Разлика помеѓу 185/65 и 195/60 нема во дијаметар, можеби минимална во висината на профилот. Би добил поефтина цена поради постандардниот профил 65, а би изгубил во ширината на гумата т.е. контактот со асфалтот по 1 сантим по гума.

Околу тоа што е тапа кај 147 ЈТД ... Мислам дека правилно би било да некој ја има колата како прв купувач па после да дава коментари, но тоа е што е ... јас ја имам година и 10 месеци ...

1. Мал багажен простор. Само 280 литри, јез да сум се зачудил колку работи сум набутал таму ама сепак делува мал. Проблемот е што не требале да остават толку простор на задната клупа за сметка на багажот, али ако не го направеле тоа нели нема да биле италијани ;D
2. Гумици на балансштангла. Верувале или не за промена на овие, кои чинат 500-600 ден, треба да се симнува предниот трап. Без 3-4 саати работа мајсторот сигурно не е.
3. Шалтаблата знае да даде знаци на живот кога се враќам по Велес-Катланово или некој друг сличен патен правец, ова претпоставувам најмногу заради 215/45/17. Последново претпоставувам е причина и за чуствувањето на нерамнините на патот како и звуците што произлегуваат.
4. Светлата некако не осветлуваат баш најдобро, проблемот не е во фаровите пошто се чисти и проѕирни, ова може да се реши со некои појаки сијалици како NightBraker или слично
5. Колата нема заштитни странични лајсни, претпоставувам заради естетски причини и треба да се биде особено внимателен како и моментот што ретробизорите се помали и треба да се внимава добро при маневрирање (ова од лично искуство ;D ;D ;D )
6. Е сеа тука се муабетите за подвозјето, незнам дали ова би требало да се дефинира како тапа, бидејќи за нешто да биде тапа треба да има само негативна карактеристика но не и позитивна ...
Подвозјето е доста напредно за годините од кои потекнува, се работи за систем на двојни виљушки напред и мулти-линк позади. Истото нуди одлични возни карактеристики, но нормално повеќе делови повеќе пари за оддржување. По мене лично не е ништо страшно бидејќи сега има сервис што носи ПУ делови (Жарко) кои нудат далеку подобри возни својства и подолг век на траење по доста прифатлива цена.
7. Истовремено муабетите за деловите ... денес е далеку полесно да се најде тоа што е потребно ... повеќето работи ги има тука, а тоа што го нема лесно може да се нарача од ибеј.
8. И да менувачот има доста долг од, јас навикнав ама на некои луѓе им е чудно ова.

Се надевам дека сеа Спортекс мирно ќе спие ;D ;D ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43718
  • Il Moderatore
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #187 на: 24 Мај 2013, 15:06:26 pm »
Некој Алфиста да отвореше срце на темава? Нема да ве караат ако биде постот многу долг, не се секирајте, има сеуште доволно место за пишување на форумов ! ;D

Две години од кога ја земав на старо), 40.000 км поминати и 165.000 на борд:

1. Сменето комплетно подвозје и задни амортизери.  (и пак нешто не ме бендисува, а може е и само до мене и премногу барам од самата кола)
2. Ми цркна левата брава, ја сменив со лева брава на старо која пак заебава
3. Ми цркна механизмот за местење на една позиција на возачкото седиште
4. Никако да ги опраам позиционите светла, ама дел од мрза а дел исто од мрза (крив е претходниот газда, ги сје*ал фасонките со лоши сијалички).
5. Ми отпадна антената на четки, ама изглеа јас сум крив што не ја демонтирав.

Дргуго не ми текнува, ама не се плашам да се опуштам, не е страшно алфа да се вози ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #188 на: 24 Мај 2013, 16:56:12 pm »
156 1.8 тс

- Мнoгу троши мајке и га спалим :D :D

- Скапи свекици

- подвозјето нема да го наведам затоа шт си вреди за парите, тоа што плаќаш тоа и добиваш.

- Е сега ново најдено нешто што не ми се свиѓа. Под капакот над мотор пластичен има дихтунг кој дирекно иде на метал, значи пластика-дихтунг-метал. дихтунготтреба да двои од уљето кое ги подмачкува брегастите да невлага во свекиците АМА пошто дихтунгот иде на пластиката и дирекно на метал кога ќе се загрее металот пластиката знае да се деформира и да недржи добро. што значи уље ќе влага во свеќиците. Сега за сега го решив проблемот со нов дихтунг поголем кој држи ама ќе видиме за понатака.

- многу ме нервира што нема лупи, страшно ме нервира.


Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #189 на: 24 Мај 2013, 17:51:13 pm »
лупи се ставаат,дихтунгот ќе го мењаш почесто и тоа е тоа нема мука :)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #190 на: 24 Мај 2013, 20:27:17 pm »
Мојата кола е тапа зашто нема светло у гепек

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #191 на: 25 Мај 2013, 00:09:47 am »
Ајде еден репорт и јас да мавнам, :D

Ме нервира:

- кратка 4-та брзина, можеле да ја направат подолга за да остане за во 5-та да крузаш комотно.

- Проклет синхрон менувач. Страшно ме иритира, што при нагло сопирање , за да смениш од 2-ра во прва, мора скоро да застанеш инаку нема менување. Сваќам дека неможе со 60 да смениш во 1-ва, ама од 20 треба да можеш без проблем без да го оштетиш менувачот. Ова е проклето кај сите Опел возила и е заштита, на менувачот. Како и да е, иако е ставено да биде превентивно, страшно ме иритира. Возам 20, пред мене кола, за да сменам во 1-ва мораш да ја застанеш колата.

- Ко ке ми текне, ке дополнам. :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #192 на: 25 Мај 2013, 00:22:27 am »
Користи меѓугас и ќе ти влезе во 1-ва и при 40км/ч

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #193 на: 25 Мај 2013, 06:19:45 am »
Ajde i jas kosilicava zelena daja pretstavam....
do sega sum smenil 5 koli ovaa e 6ta sve bile opeli edna cordoba i sega puntovo.
Pozitiva-kola za gratski uslovi dosta solidna prostrana vnatre.dosta tivka na rabota.mal potrosac na gorivo i iznenaduvacki evtina za odrzuvanje delovi kako za skuter...
Negativa-evtina plastika na saltablata ne krcka ali sepak deluva evtino.racka od menjac kako rucka od cador nemozele malce pokratka daja napravat.dosta pokrut menjac nego ostanative vozila sto sum gi poseduval.mal bagazen prostor ali sepak e gradsko vozilce.slaba izolacija na zadni polumeseci taka da ke jade izolacija pozadi za kratko vreme.preglednost za rikverc uzas ogromen mrtov agol.zavrsna nadvoresna farba ok ali premnogu nezna na najmal kontakt so druga vrata odma se poznava nekoja tocka.vo krivina nekako se navaluva celata taka da za razlika od cordobata koja bese kako na sina so ovaa nema besneenje mora dase pazi kako ides u krivina.sedistata za niz grad se ok ali malce podolgo da vozis i vekje se osekja neugodnost nema podesuvanje nikakvo a isto i volanot e fiksen ali pa sepak e dobro postaven za soferski uslovi...tova e za puntovo

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #194 на: 25 Мај 2013, 10:32:47 am »
точки запирки нови редови.......