@Diesel
Разлика помеѓу 185/65 и 195/60 нема во дијаметар, можеби минимална во висината на профилот. Би добил поефтина цена поради постандардниот профил 65, а би изгубил во ширината на гумата т.е. контактот со асфалтот по 1 сантим по гума.
Околу тоа што е тапа кај 147 ЈТД ... Мислам дека правилно би било да некој ја има колата како прв купувач па после да дава коментари, но тоа е што е ... јас ја имам година и 10 месеци ...
1. Мал багажен простор. Само 280 литри, јез да сум се зачудил колку работи сум набутал таму ама сепак делува мал. Проблемот е што не требале да остават толку простор на задната клупа за сметка на багажот, али ако не го направеле тоа нели нема да биле италијани
2. Гумици на балансштангла. Верувале или не за промена на овие, кои чинат 500-600 ден, треба да се симнува предниот трап. Без 3-4 саати работа мајсторот сигурно не е.
3. Шалтаблата знае да даде знаци на живот кога се враќам по Велес-Катланово или некој друг сличен патен правец, ова претпоставувам најмногу заради 215/45/17. Последново претпоставувам е причина и за чуствувањето на нерамнините на патот како и звуците што произлегуваат.
4. Светлата некако не осветлуваат баш најдобро, проблемот не е во фаровите пошто се чисти и проѕирни, ова може да се реши со некои појаки сијалици како NightBraker или слично
5. Колата нема заштитни странични лајсни, претпоставувам заради естетски причини и треба да се биде особено внимателен како и моментот што ретробизорите се помали и треба да се внимава добро при маневрирање (ова од лично искуство )
6. Е сеа тука се муабетите за подвозјето, незнам дали ова би требало да се дефинира како тапа, бидејќи за нешто да биде тапа треба да има само негативна карактеристика но не и позитивна ...
Подвозјето е доста напредно за годините од кои потекнува, се работи за систем на двојни виљушки напред и мулти-линк позади. Истото нуди одлични возни карактеристики, но нормално повеќе делови повеќе пари за оддржување. По мене лично не е ништо страшно бидејќи сега има сервис што носи ПУ делови (Жарко) кои нудат далеку подобри возни својства и подолг век на траење по доста прифатлива цена.
7. Истовремено муабетите за деловите ... денес е далеку полесно да се најде тоа што е потребно ... повеќето работи ги има тука, а тоа што го нема лесно може да се нарача од ибеј.
8. И да менувачот има доста долг од, јас навикнав ама на некои луѓе им е чудно ова.
Се надевам дека сеа Спортекс мирно ќе спие
Ме мрзии наново да пишам таман ќе се надоврзам.
1. Ова го решив со ставање subwoofer сега дефинитвно ништо не собира, па не се мачам со тоа.
2. Имав некое тропкање на предните „подвозни“ елементи па семнив рамења TWR и ги репарирав вилушките (Тони - Сингелиќ). Подобрување драматично. Иакои претходно не бев исплашен од состојбата. Држењето на правец и прецизноста на управување на ниво на новиот Mercedes B (за подвозјето на B имам исклучително добро мислење би го ставил на она на нивото на GTI со тоа што колата заради димензиите ги нема тие својства)
3. Имам две сијалички на шал табла и еден контакт проблем на задното светло за магла, ме нервираат но не доволно за да ја надминат мојата мрзеливост.
4. За разлика од ова кај тебе, мене пак светлата ми се една од попријатните изненадување. Одлично светат и покриваат и средните и долгите. Не користам ништо екстра за подобрување. Стандардни Wurth сијлици. Ако споредам со Меганот класа подобро ми е со оваа.
5. Ретровизорите се приказна за себе. Не се наменети за гледање наназад
За паркирање добро служат лајсните на браниците
6. Пдовозјето е доста цврсто, и секогаш знаеш каде си со колата и каде ќе бидеш на излез од кривината. Она што би му замерил е „пиењето“ на удари. Тоа е далеку полошо од она што го имав на B дури и со овие гуми 195/60/15 (за гумиве подолу нов булет).
7. Ништо полошо од Renault Megane. Ако не прашуваш во официјален сервис цените се примерни и ги има.
8. Менувачот за дизелскиве варијанти не е „crown jewel" а изгледа и алфиве не се баш познати по најпрецизни менувачи. Но мене и Мерцедесот ме разочара со прцизноста на менувачката палка за разлика од A3 на пример.
Да додадам:
9. Гумите (не е мана на колата) Michelin EnergySaver (не знам која генрација се а и не ми е битно нема да ги возам во иднина сам кога ќе купувам дури и од и од десета да се) се најлошото нешто во пакетот на колава што го имам. Неверојатно брзо пролизгува и на сува пдолога и почнува ABS-от да работи. Во кривини ми успева да го пролизгам задниот дел без многу напор, среќа осетот на волан е доста добар лесно се враќаме каде што треба. 15“ како димензија не се баш најдобар избор за моќноста и можноста на колата. Би типувал на 205/55/16 со помека страница (рунфлат не би му пријало на подвозјето и моите дискуси).
10. Имам тропкања во моторот (надворешно, како да се од лагер/затегач/шајбна) најчесто на ладно што го снемува во работен режим. Сменети се каиши, затегачи, водна пумпа, лагер на алтернатор и реглер. Тропакањето тука е, сеуште и ме нервира.
11. Фабричките звучници ми се на ниво на неупотребливост. Имаат волумен и јачина но целосно непрецизно. Овие ќе добијат замена во најскоро време чим се стигне до некоја екстра паричка.
12. Тврдо квачило. Го подоправив со сипањена уље за менувач нежно по осовината на кумплугот (упатство има на alfaowner форумот). Не е идеално но далеку подобро од она што беше.
13. Возачкото седиште ја ресетира позицијата при преклопување и враќање назад. Ова мислам дека е типична итаљанска фалинка и се води под категорија „карактер“
Сигурно ќе има уште. Но за кола со непознато потекло и експлоатацицки циклус мислам дека е на ниво на очекуваното. Не сум презадоволен но да речеме дека подобро би било да одберам кола од рангот на оваа и да дадам повеќе пари за поздраво и поново парче отколку да купам некој француски крш на нова како оној што ми сто пред врата (за сопствениците ко си ги сакаат своите француски миленици ништо лично, ова е мое мислење и искуство)