Дали стварно стар антифриз може да направи корозија низ алумимниум од епски пропорции ?
Кај другар на 4.0 чероки мака мачи со грењеето, јас викав дека е заради шо стави за едно 40% поголем ладњак од фабричкиот, ама ајде , почна се да с епроверува од клапни дали отвараат , ладњачето за парно така требаше да се чисти итн. Стигнаа до термостатот да го вадат, вадење куќиштето, онаква корозија на алуминиум немам во животот видено, со гребење со прст се дораспадна цело, шо велиме битолчани, на жими мајка седеше
. Некој сервисер му рекол демек 100% е од стар антифрзиз, мене не ми е веродостојно баш, оти џип како џип, се ќинат црева , ,останати бељи , секогаш се дотура по нешто, и да не го мениш официјално го имаш 80% сменато. А и да не е менат пак не ми е веродостојно, 50% од возилата ќе се распаднеа досега.
по моему поверодостојно ми е некој од претходните сопственици да ставил грешен тип на антифриз па да користеле само таков години.
Да ја најдам ќе ја постирам сликата од куќиштето.