Автор Тема: Chevrolet Spark II  (Прочитано 35856 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #30 на: 19 Февруари 2018, 01:37:32 am »
Него не видов дали направив список ко што тоа го прави Симо, но сеедно. Денес убав ден па решив малку да си се позанимавам со Шевито.
Како што реков на почетокот, некое сељачко копито во обид да ја украде антената, наместо да ја ќари, го ќарил само делот антена без навој, пошто ја скршил. И така ми отвори работа, па морав да ја вадам, бушам со лев гвинт бургија, па да нарежам нов навој, па да го скратам од постоечкиот навој на новата антена, и на крај операција успешна. Антената оспособена и ставена во функција.
Следен чекор беше замена на фабричките звучници. Забот на времето веќе ги беше нагризал. На едниот од нив мембраната беше одлепена, не дека не се поправаше, но сакав да ги сменам. Гледав еден куп звучки, за на крај да се одлучам да ги земам нај можно ефтините кои постојат во македонијава. Пред да ги земам нив, бев одлучен и решен да земам Ground Zero  од Зец. Со оглед на фактот, од моето досегашно искуство, имам сознание дека звучници со сунгераст амортизер и хартиена мембрана вадат најпрекрасен звук, мек, длабок, и дефиниран, решив да барам такви. Сите пластикарии од типот Пионер, Кенвуд, Алпина поскапи, ЈБЛ и слични решив да ги скокнам.
И тоа несакајќи додека бев во Ауто Лидер - Чаир по скроз друга работа, видов RoadStar од 180 денара комад, со или без високотонци. 360 динарам а биле а не биле, две пива у град.





Баш онакви какви што и барав. Сунгерас амортизер, хартиена/картонска мембрана, високотонче, бојата е малку маслим, али и онака не се гледа.
Се пристапува кон вадење на поклопчето на шалтабла. Со нож, како што може да се види од сликата, лесно излегува. Само гледајте ако правите ваков зафат тоа да биде кога времето е малку потопло за да не се искршат пластичните жабици. Друго не е проблем.



Еве што најдов доле, под капачето. Звучничето не е ни дуал кон, но сеедно. Галамеше. Ме изненади и фактот што е 8 ома, и искрено првпат гледам 8 омски звучник у кола у мојава кариера :D





По вадењето на звучничињата, требаше да се стават новите. Но не ми одговараше конекторот. Морав да направам мала хируршка интервенција, имено да додадам кабелчиња и машки конектори за да им влезам на оригиналните конектори.



На сликата се гледа дека има залепено и онаков сунѓер за дихтовање на влезна врата ако ти фури ладно. Овде тоа сунѓерче имаше за задача да обезбеди добро задихтување кога ке го легнам на пластичното лежиште. А еве и како го споив со конекторот:



Звучничево се упасира за мерак. Просто и јас се израдував како се фино лепо си легна и се уклопи:



И не, не штедев на штрафчиња, него оригиналните како што се гледа беа со све дупки, па така да нема потреба од 4  ;D

Радиото е LG, не се сеќавам на ватите, но не е испод 4х40 у ниеден случај. Искрено да ви кажам, 100% позитивно се изненадив од звукот кои го понудија звучничињава. Ги земав буквално на шашма, чисто да ги сменам оригиналните додека да се затопли и да се фрлам на детално средување на звукот. НО, ова што го слушнав ме изненади уште еднаш ке речам многу позитивно!
Плус што се само 10 цм. Од толкицко звучниче не можеш ни да очекуваш нешто спектакуларно, а идејата на крај ми беше, ако не може да се добие саглам звук, со скретница ке ги средам да тераат само високи и средни. Но ова испадна, како смо се надали, добро смо се удали :D
До следен апгредј, си ја!
 :P
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #31 на: 19 Февруари 2018, 08:23:41 am »
Сале се гледа дека си многу внимателен при работата, тоа професионална деформација изгледа. Супер излегло, е сеа дека од сомнително место се земени да не не пеат песни што не се од дм сат и балканика. Следно виѓавање добиваш поклон од мене алатчиња за растурање на пластики, иако нож си е нож.


Испратено од мојот прекрасен мобилен користејќи Тапаток

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #32 на: 19 Февруари 2018, 13:57:29 pm »
@SaleSk мислам дека му се свиѓаш на @MAPJAH  ама тоа не е моја работа.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #33 на: 19 Февруари 2018, 13:58:22 pm »
Убаво си кажа, не е твоја работа!


Испратено од мојот прекрасен мобилен користејќи Тапаток

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #34 на: 16 Април 2018, 19:10:22 pm »
И како што е редот да продолжиме понатаму.
Најдени и купени бандашчиња, и тоа ни повеќе ни помалку оригинални Шевролет.
Бандашите се во доста солидна состојба, освен еден кој бил изгребан на тротоар (пошо баба или жена го возела) но не е толку алармантно, бидејќи е саниран со ситно шмиргличе, па дури и ништо да не се познава. Што е најбитно не се криви и исчукани.
Јас сум презадоволен до сега. Исчистени и спремни за монтирање. Неделава треба да земам гуми, исто така по пропис. Малку е чурук димензијата 165/60/14, но и со неа се снајдов. Имам неколку опции за гуми, ке видам што ке одберам и дали ке стигнам после работа да завршам со нив. Ако не, ке остане се за сабота.
Дури од мерак и ги пробав он д фејс он д плејс.
Еве одокативно како тоа изгледа, а понатаму и ке апдејтираме со слики со гуми.







 ;D

Исто така ми приистигна и централ локинг системот на даљинско, па воедно ке биде и он у најскоро време монтиран  ;D Ми се досади да брцам клуч у брава  ;D ;D ;D



...to be continued...

p.s. @Tischläufer спаваш ли мирно?
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #35 на: 16 Април 2018, 20:17:44 pm »
Во правилни раце завршило спаркчево...!

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #36 на: 16 Април 2018, 20:22:28 pm »
Се сеќаваш Пежото како го имаше дотерано? Ептен криво ми падна кога се продаде, а јас не бев во тек тој период... си ја брка работата Сале :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #37 на: 18 Април 2018, 01:16:11 am »
Знам дека ви е напорна темава да читате за Спаркчево во кое се вложува, но искрено мене многу ме исполнуваат глупостите со кои се занимавам на колава. Може и ке си речете како му се фрлаат пари на конзервава, но едноставно ете, интересно ми е. Си имам занимација :D
И како што најавив, си монтирав гуми. Изборот падна на најблискиот објект кој ја имаше димензијата, односно Тигар Сигура од Олимпико. Можам да ги пофалам Олимпико и да ги препорачам за сработеното. Гумите се 2018-та, тазе си спијат. Након промена, колата си ја исправ, и си ја дотерав, воедно пробан и новиот Karcher K3 кој си го земав викендов. Одлично си ја врши работата.
И еве го резултатот од сработеното. (Можда требаше и ја ко Симо да направам списоче и да си пречкртувам едно по едно)  ;D



Комплетно количето си доби нов лик, дури и да се чуди човек. Згора на тоа возењето е за 30% поудобно него со зимските гуми, иако и тие се ганц нови и ова им беше прва зима, со димензија 155/70/13 Спортива. Значи јас сум задоволен у секој поглед.













Следно што треба да се сработи е централното, односно отклучување и заклучување со даљинско, централна брава си има фабрички. Ако имам време тоа ке го решам во теков на неделава попладне после работа, или евентуално за викенд, си сака поише време.
По централното следат низа промени, како на пример: Изолација на врати, кабина, гепек, затемнување и комплетирање на озвучувањето. 99% ќе си дојдат елипси + вуфер, но за него немам дефинирано сеуште. Наоѓање на магленки и нивно монтирање, а ништо чудно да ги извадам предниот и задниот браник и да ги однесам да ги шприцнат, но здравје. Не е морално ниту неопходно :D
Ако имам време ке му удрам и едно полирање, а ако не ке се обратам на некое стручно лице. :D
Генерално после тоа нема што да се чепка на колата, па може да се деси да ми биде досадно :D :D :D
Или па можда ке ми текне и ке монтирам проектори во фаровите :D
Who knows.

И дечки, некој коментар нешто ово оно?
Или не ви се коментира ако не е некој тежок фолцавген или бемве или мечка?
LoL...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #38 на: 18 Април 2018, 01:44:23 am »
Ми се свиѓаат бандавчињата, уште да имаше дискчиња и позади уште појако ќе изгледа, секоја чест за ентузијазмот, му се погоди газдата на спаркчето, не мрза како мене  :D

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #39 на: 18 Април 2018, 06:33:15 am »
Стварно убави бандафчињата. Ја би sирнал колку е комплицирано кваките и лајсните да се офарбаат бели, ако веќе ги растураш вратите. :)

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #40 на: 18 Април 2018, 07:13:11 am »
Togas barem i retrovizorite  ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #41 на: 18 Април 2018, 07:48:22 am »
Знам дека ви е напорна темава да читате за Спаркчево во кое се вложува, но искрено мене многу ме исполнуваат глупостите со кои се занимавам на колава. Може и ке си речете како му се фрлаат пари на конзервава, но едноставно ете, интересно ми е. Си имам занимација :D

И еве го резултатот од сработеното. (Можда требаше и ја ко Симо да направам списоче и да си пречкртувам едно по едно)  ;D

Комплетно количето си доби нов лик, дури и да се чуди човек. Згора на тоа возењето е за 30% поудобно него со зимските гуми, иако и тие се ганц нови и ова им беше прва зима, со димензија 155/70/13 Спортива. Значи јас сум задоволен у секој поглед.

Следно што треба да се сработи е централното, односно отклучување и заклучување со даљинско, централна брава си има фабрички. Ако имам време тоа ке го решам во теков на неделава попладне после работа, или евентуално за викенд, си сака поише време.
По централното следат низа промени, како на пример: Изолација на врати, кабина, гепек, затемнување и комплетирање на озвучувањето. 99% ќе си дојдат елипси + вуфер, но за него немам дефинирано сеуште. Наоѓање на магленки и нивно монтирање, а ништо чудно да ги извадам предниот и задниот браник и да ги однесам да ги шприцнат, но здравје. Не е морално ниту неопходно :D
Ако имам време ке му удрам и едно полирање, а ако не ке се обратам на некое стручно лице. :D
Генерално после тоа нема што да се чепка на колата, па може да се деси да ми биде досадно :D :D :D
Или па можда ке ми текне и ке монтирам проектори во фаровите :D
Who knows.

И дечки, некој коментар нешто ово оно?
Или не ви се коментира ако не е некој тежок фолцавген или бемве или мечка?
LoL...

Нема такво нешто како „недоволно вредна кола за средување“ ;)
Ние постарите барем знаеме, сме почнале со шкоди, лади и стојадини, сме им местеле радија, звучници, екстра кедери да дихтуваат вратите, двогрли карбуратори и дупли грани, сме ги переле и гланцале, ко да се титови мерцедеси, а не некоја си шкода 15 години стара.

Ем моментот на релаксација додека работиш нешто околу кола. Значи 4-5 саати ниравана....макар било и обично перење и восоцирање... Така да, јас те разбирам во потполност, а верувам и повеќето форумџии, и ти го знам меракот за работа и ќејфот кога нешто ќе испадне како што си наумил. Ем, нема „спојлери и авионски крила“ спаркот, така да све е под конец ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #42 на: 18 Април 2018, 08:06:39 am »
Стварно убави бандафчињата. Ја би sирнал колку е комплицирано кваките и лајсните да се офарбаат бели, ако веќе ги растураш вратите. :)

А бе не е проблем да се шприцнат и кваките и лајсните, ноооо, кваките можда да, а лајсните би ги оставил црни зошто ми двојат и ми прават контраст, и некако мене лично поубаво ми делува така.
Е сега за да ги извадам бравите, морам да ја ставам колата у гаража :D и да ги спремам комплет сам со прајмер и да ги однесам да ги шприцнат. И тоа за малку е многу комплицирано, или како варијанта да земам да си купам боја и да ми ја стават во спреј, има такви дечки што и тоа го работат, па сам да си ја завршам до крај работата. :D

Нема такво нешто како „недоволно вредна кола за средување“ ;)
Ние постарите барем знаеме, сме почнале со шкоди, лади и стојадини, сме им местеле радија, звучници, екстра кедери да дихтуваат вратите, двогрли карбуратори и дупли грани, сме ги переле и гланцале, ко да се титови мерцедеси, а не некоја си шкода 15 години стара.

Ем моментот на релаксација додека работиш нешто околу кола. Значи 4-5 саати ниравана....макар било и обично перење и восоцирање... Така да, јас те разбирам во потполност, а верувам и повеќето форумџии, и ти го знам меракот за работа и ќејфот кога нешто ќе испадне како што си наумил. Ем, нема „спојлери и авионски крила“ спаркот, така да све е под конец ;)

Nirvana-та е најбитно нешто што може да му се деси на еден мушкарац кога си е со колата :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #43 на: 18 Април 2018, 09:07:55 am »
Мене, фино ми делуваат кваките и лајсните контра белата боја, барем на слика.

Југцето што го имав, мислам дека 90℅ од ентериерот го имав расклопено, да го дотерам. Па музиче, па спуштање, бандафче, хромирани кваки итн. Ми велеа, што се мачам, југо ќе си остане југо.

Само вистински љубители можат да разберат.
Ќефот е голем, кога ќе ги видиш резултатите од вложениот труд и време.

Само напред!

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6446
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #44 на: 18 Април 2018, 09:26:27 am »
Се пристапува кон вадење на поклопчето на шалтабла. Со нож, како што може да се види од сликата, лесно излегува. Само гледајте ако правите ваков зафат тоа да биде кога времето е малку потопло за да не се искршат пластичните жабици. Друго не е проблем.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Абе каков нож, какви штрафцигери. Вакви пластични хеблиња секој треба да си купи. Нема повеќе жабици кршење, лузни оставање на пластика. Ем се меки се виткаат ем доволно тврди за да завршиш работа. Без страв вадам пластики, и се лесно излегува. Повеќе сета да си нарачаш и по еден сет вкола да си чуваш, не се заебавам.