Автор Тема: Chevrolet Spark II  (Прочитано 35857 пати)

Отсутен DzOle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 381
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #45 на: 18 Април 2018, 10:26:02 am »
Едни бандажи одма друга кола браво


Noo New Model Cars...I'm Riding Old SchoOl !!!

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #46 на: 18 Април 2018, 11:37:48 am »
Овие од али за еден долар не ги бива за QR. 4 комплети нарачав и ги фрлив

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #47 на: 18 Април 2018, 12:07:38 pm »
Овие од али за еден долар не ги бива за QR. 4 комплети нарачав и ги фрлив

Не искоментирав претходно но се слагам со тебе. Јас не и од Али, и од друго место имам набавено и не ги бива. Едноставно користам алатки кои сум ги користел и многу одамна, така да убеден сум дека ке си завршам работа со конкретни алатки него со овие ефтиниве пластикарии.
:D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #48 на: 18 Април 2018, 12:12:08 pm »
Со трпение и вештина може и без пластикарија. Ама не секој го красат такви епитети. Ќе заглави некаде и одма со Српски клуч ја решава

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #49 на: 18 Април 2018, 12:43:46 pm »
Не знам за што ги користите вие ваквите пластики (пошто пиво не отвораат), ама јас цела централна конзола ја демонтирав со овие,
без ниту една зуцка, гребнатинка. Со штрафцигер до што имам гибано нема шанси на пластиката да не се познава дека со метал тука сум запнал.

Ама, вие си знајте.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #50 на: 18 Април 2018, 13:22:50 pm »
@Power to the people  Зависи на што кола си отварал. Ако е пластиката како на Спарков, ондак штрафцигер се познава. Инаку со штрафцигер више ни штраф не се одвртува а камо ли на пластична конзола да работиш. За пластика си се знае, си постојат специјални шпакли за отварање на зазор. Или нож, само како ке го користиш. Не за џабе е останато она од Горски Венац: У руке Мандушиќа Вука, свака пушка биќе убојита.
Значи не е до хеблите, до мајсторот е :D :D :D :D :D :D
Односно до тебе е, ти си мајсториштето, едноставно те бива и знаеш како со нив да работиш :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #51 на: 18 Април 2018, 15:25:40 pm »
Пред звучките би ја ставил изолацијата. Во ужи круг имаме ваков спарк и знам за сигурно дека џабе му местев поубаво радио и звучки. Требаше да ставиме изолација прво. Мислам дека ако ги убедам да купат изолација ќе ги натерам да земат плус неколку квадрати  за под теписонот. Си треба ептен. А со бандаживе ептен си ја погодил работава.

Идеата за магленките ја поддржувам 100% зошто ќе му го смени муцето а и плус ќе добиеш функционалност. Ако ти се прави кејф да пробаш има во автољидер кај браќата, жолтеникава провидна фолија за да ја залепиш од надворешна страна на магленките. Добро е дека е слична нијанса со жмигавците и интересно озгледа без кичерај.

Јас би ги офарбал само ретровизорите и тоа баш како што кажа ти. Во аеродром има едно услужливо момче кое што спрема боја по нарачка и во спрејче. Ептен ќе го заличи. А кваките и лајсните се баш убав контраст и вака. Само да си ги одржуваш пошо на другаркава и бледеат.

Си ја фатил со ред работава. Ич штур да не те боли за другите што зборат. Си вреди спаркчето.
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #52 на: 19 Април 2018, 18:56:57 pm »
p.s. @Tischläufer спаваш ли мирно?

Моите бандаши се поубави од твоите и има боља боја, па сеа ти види ;D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #53 на: 19 Април 2018, 21:34:56 pm »
p.s. @Tischläufer спаваш ли мирно?

Моите бандаши се поубави од твоите и има боља боја, па сеа ти види ;D

Твоите бандаши се поубави само во темница и со изгаснато светло.  ;D ;D

Он Д топицк Агаин  ;D ;D ;D

Кога оди , оди и нек си ибе мамицата.
Денеска дека убав ден, викам ајде малку да си се занимавам. Но во тоа цело занимавање заборавив да штракам со телефонот и да направам по некоја слика.
Инаку растурена возачка врата, наместен мотор за централно, пуштени и протнати кабли комплет по оригиналната инсталација се до централната конзола. Малку се напнав со тоа протињањето низ гумички, низ каналчиња и слично, па после под шал табла над волан, под ова под она и мораше на крајот на денот да падне и крв.  Без крв ништо не се прави :D па така и оваа работа.



Одкако го наместив моторчето и го вратив тапацирот со се инсталација, пристапив кон демонтирање на централната конзола како би ги нашол каблите за поврзување на жмигавците, пошто најлесно се доаѓа од тука горе. Кај такозваниот Хазард Прекидач  ;D
Држ недај, пуштај кабли, сецни овде, сецни онде, бидна и таа работа. Него пустињето денот уште е краток...Али се заврши работата. Не ми се оставаше за утре  ;D





Се убаво споено со културни конекции без сечење кабли и врзување изолири, маааадааааа, за секоја евентуалија јас си свртев по некое кругче на некои критични места.



И крајот го краси делото:



Ради ал се не чује  ;D ;D ;D
Шала на страна стварно одлично дојде. Плус ептен ефтино поминав. Купив моторче од Аутолидер за 200 денари и од алиекспрес централната со две далечински за 500 денари.
Инвестиција од 700 денари, која што мислам дека е баш на право место.


Е па дечки, сега останува да се продолжи со следните зацртани работи, ама прво плата ќе почекаме :D
Веројатно следниот чекор ке биде затемнување или пак музика... Бомо видели...
 8)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5046
  • The Spartan General
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #54 на: 19 Април 2018, 22:06:09 pm »
Сале, затемни го прво. Црнобел да биде.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #55 на: 19 Април 2018, 22:24:27 pm »
Па да му купам едно Панда стикерче. :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #56 на: 20 Април 2018, 00:47:48 am »
Како го поврза моторчето со бравата?

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #57 на: 20 Април 2018, 07:48:05 am »
Ти реков нож да не користиш, ти не, шо го е6ам ќе го сечам.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #58 на: 20 Април 2018, 08:29:29 am »
Како го поврза моторчето со бравата?

Колата си имаше фабричко централно заклучување и отклучување. Единствено немаше безжичен модул, па за да ја отклучиш и заклучиш мораш да брцнеш клуч во брава.
Фабричката централна брава работи доколку отклучуваш само од возачка страна. Тоа во овој случај значи дека во возачката врата нема механизам за автоматско отклучување, односно нема мотор, а има контролен прекинувач со кој се командува централната единица. Од друга страна, во совозачката врата има мотор, а и во останатите врати, се разбира, но нема контролен или управувачки прекинувач со кој се активира единицата за централно заклучување односно отклучување. Доколку имаше таков прекинувач, централното отвори/затвори ќе работеше и од совозачка страна. Исто така од ова може да се заклучи дека нема ни мотор во возачката врата за да ја отклучува или заклучува доколку се постави модул за безжично заклучување.
Од тие причини јас вградив универзален мотор, и тоа со две а не 5 жиции го поврзав со новиот модул за безжично заклучување и отклучување.
Новиот мотор механички се поврзува со постоечкиот систем за отклучување и закчучување на бравата, а командата си оди преку далечинското. Бидејќи имаме механичка поврзаност на новиот систем и стариот систем, кој сега се контролира преку далечинско, со самтото придвижување на полугата за отклучување или закчучување се активира и фабричкиот прекинувач за контрола на централната брава и со самото тоа се отклучуваат/заклучуваат и останатите брави :D Практично се си работи во спрега :D
Ти се разјасни или ?  ;D ;D ;D

Еве од видеово можеби ке успееш да видиш за што уствари зборев претходно :D

Ти реков нож да не користиш, ти не, шо го е6ам ќе го сечам.

Ова е од мачето, не е од ножот ;D

Идеата за магленките ја поддржувам 100% зошто ќе му го смени муцето а и плус ќе добиеш функционалност. Ако ти се прави кејф да пробаш има во автољидер кај браќата, жолтеникава провидна фолија за да ја залепиш од надворешна страна на магленките. Добро е дека е слична нијанса со жмигавците и интересно озгледа без кичерај.

Нема више од тие убавите универзални магленки за жал. Најдов едни со Angel Eyes ама ми се ту мач некако....Ќе почекам или ке порачам на крај од e-bay оригинални. Барем нема утка со оригинални делови :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Chevrolet Spark II
« Одговори #59 на: 20 Април 2018, 08:52:45 am »
Прашав, да не има друг начин покрај овој со шипче(лост), од моторче до микропрекинувач(така го нарекоа) во бравата. Да не ти ја оптеретувам темата ќе пишам за проблемчето во мојата, за i10  :)