Него не видов дали направив список ко што тоа го прави Симо, но сеедно. Денес убав ден па решив малку да си се позанимавам со Шевито.
Како што реков на почетокот, некое сељачко копито во обид да ја украде антената, наместо да ја ќари, го ќарил само делот антена без навој, пошто ја скршил. И така ми отвори работа, па морав да ја вадам, бушам со лев гвинт бургија, па да нарежам нов навој, па да го скратам од постоечкиот навој на новата антена, и на крај операција успешна. Антената оспособена и ставена во функција.
Следен чекор беше замена на фабричките звучници. Забот на времето веќе ги беше нагризал. На едниот од нив мембраната беше одлепена, не дека не се поправаше, но сакав да ги сменам. Гледав еден куп звучки, за на крај да се одлучам да ги земам нај можно ефтините кои постојат во македонијава. Пред да ги земам нив, бев одлучен и решен да земам Ground Zero од Зец. Со оглед на фактот, од моето досегашно искуство, имам сознание дека звучници со сунгераст амортизер и хартиена мембрана вадат најпрекрасен звук, мек, длабок, и дефиниран, решив да барам такви. Сите пластикарии од типот Пионер, Кенвуд, Алпина поскапи, ЈБЛ и слични решив да ги скокнам.
И тоа несакајќи додека бев во Ауто Лидер - Чаир по скроз друга работа, видов RoadStar од 180 денара комад, со или без високотонци. 360 динарам а биле а не биле, две пива у град.
Баш онакви какви што и барав. Сунгерас амортизер, хартиена/картонска мембрана, високотонче, бојата е малку маслим, али и онака не се гледа.
Се пристапува кон вадење на поклопчето на шалтабла. Со нож, како што може да се види од сликата, лесно излегува. Само гледајте ако правите ваков зафат тоа да биде кога времето е малку потопло за да не се искршат пластичните жабици. Друго не е проблем.
Еве што најдов доле, под капачето. Звучничето не е ни дуал кон, но сеедно. Галамеше. Ме изненади и фактот што е 8 ома, и искрено првпат гледам 8 омски звучник у кола у мојава кариера
По вадењето на звучничињата, требаше да се стават новите. Но не ми одговараше конекторот. Морав да направам мала хируршка интервенција, имено да додадам кабелчиња и машки конектори за да им влезам на оригиналните конектори.
На сликата се гледа дека има залепено и онаков сунѓер за дихтовање на влезна врата ако ти фури ладно. Овде тоа сунѓерче имаше за задача да обезбеди добро задихтување кога ке го легнам на пластичното лежиште. А еве и како го споив со конекторот:
Звучничево се упасира за мерак. Просто и јас се израдував како се фино лепо си легна и се уклопи:
И не, не штедев на штрафчиња, него оригиналните како што се гледа беа со све дупки, па така да нема потреба од 4
Радиото е LG, не се сеќавам на ватите, но не е испод 4х40 у ниеден случај. Искрено да ви кажам, 100% позитивно се изненадив од звукот кои го понудија звучничињава. Ги земав буквално на шашма, чисто да ги сменам оригиналните додека да се затопли и да се фрлам на детално средување на звукот. НО, ова што го слушнав ме изненади уште еднаш ке речам многу позитивно!
Плус што се само 10 цм. Од толкицко звучниче не можеш ни да очекуваш нешто спектакуларно, а идејата на крај ми беше, ако не може да се добие саглам звук, со скретница ке ги средам да тераат само високи и средни. Но ова испадна, како смо се надали, добро смо се удали
До следен апгредј, си ја!